Самиот го напиша клучниот дел. Во ваква ситуација вреди да се преземе ризик, а тоа колку и како се успешни тужбите е друга приказна. На почеток, кога жонглира со сe можно, и кога нема кешфлоу, не е важно тужбата да биде успешна, туку само да му одземе време и внимание. Побрзо ќе банкротира тој што е на почеток, отколку фирмата која го гони.
За да фатиш голем клиент, е малку тешко да излезеш самиот и да ги донесеш кај тебе. Ако веќе сакаш да остане истиот тим, ти требаат повеќемина од тимот да се договорат да излезат во период, инаку е речиси невозможно самиот да покриваш таков клиент, или паралелно да најдеш и обучиш кадар без да запре проектот.
Не велам дека нема можност тоа да се направи, особено во големи фирми каде што оној што треба да те гони е ист како тебе, работи за 15–20% повисока плата и не сака да си прави главоболки. Сепак, се се тоа калкулации, или ќе заглавиш, или ќе успееш.
Лично, од кај сите работодавци во оваа индустрија секогаш сум излегувал на добар однос, а со еден од нив и ден-денес активно соработуваме.
Првиот клиент јас го најдов како фриленсер. Почнав да работам за нив и за неполни три месеци сфатив дека имаат сериозни проблеми со тековниот изведувач, направен беше хаос и сакаше да ги сменат (фактички мојата позиција беше да ги оправам гомната од тие пред мене). Кога видов каква е ситуацијата, му понудив на техничкиот директор дека за три месеци можам да им составам тим од 6 луѓе, и да го преземеме целиот проект, не само делот што го работев јас, и со тоа да им го решам проблемот. Јавна верзија - се бидна по планираното и живеевме како во бајките. Во реалност - коса ми побеле додека да ги внесам сите работи во колосек, дома ме гледаа само за спиење, не знаев ни дали е празник, викенд, ниту пак видов одмор. Е после тоа дури почнавме да бараме други клиенти.
Од мое искуство и филозофија, најбитно е да го погодиш времето за било која работа, и второто да знаеш да го презентираш/продадеш (да стекнеш доверба). Најголемиот проблем кај ИТ-лицата е што поголемиот дел не знаат ниту да се презентираат, а уште помалку да продадат. На ниво на држава, ова е најголемиот недостаток во поглед на кадарот. Класичните продавачи се дупка кога станува збор за ИТ – ќе тропаат глупости на состанок, а техничките лица пак имаат апсолутно слабо искуство и знаење од аспект на продажба.
Инаку не требаше многу за пак да ја свртиме на балкански преварантски менталитет. Наместо да се оди на логиката „да побараме дополнителни клиенти“, со што ќе имаат личен бенефит и ќе придонесат за целата индустрија, прво му доаѓа „да украдеме од раката што не храни“, без разлика дали е странски инвеститор или локален. Ама битно на другите теми плачеме дека немаме држава и дека политичарите крадат