ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Па Мк горе доле е социјална држава, не може и не треба цела држава да се прилагоди на барањата на консултантската заедница. Пошо ова е проблем само во тој контекст, кога требаат консултанти за работа.
И зависи како ќе продолжи да се ориентира индустријата. Ако продолжи со консултантски услови и вечно да е зависна од газди од други земји, ондак може МК не е право место за инвестирање и не мора по секоја цена да се фура дека е.
Ако се насочи на производство на продукти кај што идеално голем дел би работеле во продукт компании, тогаш работите што ги наброја не се проблем туку бенефит за самите вработени.
Сеедно е дали е продукт или консултантски услуги, и во двете е негативно за самата компанија.

Државата не треба да се прилагоди на оваа индустрија туку на новиот систем кој е одбран и цел.
Таму сите сакаат капитализам, ама и да останат џаболебарски практики од социјализмот и комунизмот. Тешко одат заедно овие работи, можеби би функционирале до одредена мера во држави со поинаков мајндсет и природни богатства, ама на Балканот се има покажано и докажано дека не функционира.
Автоматски споено мислење:

@Lester Freamon
Види ова со одморите/боледувањата е стандард за цела Европа. Дури би рекол дека во Западна Европа е многу полошо (за работодавачите) бидејќи таму работникот има многу повеќе права.

Реално можеш да најдеш поефтин кадар секогаш, ама прашањето е што добиваш за тие пари. Еве јас работам генерално со Европјани (највише источна европа) Кинези и Индјици. Тоа што сум го приметил е дека Кинезите и Индијците работат повеќе од Eвропјаните, особено кога станува збор за прекувремено работење. Воопшто не им е проблем тоа, дури и имаме проблем што некои одбиваат да не работат прекувремено (буквално самите се носат до burnout).
Е сеа проблемот со Кинезите и Индијците е што генерално сакаат да им ја изџвакаш работата. Нема тој да седне и да истражува како може да го направи продуктот подобар. Секогаш кога имаш проект/feature кој не е доволно дефиниран, за кој тие треба да донесат одредени одлуки, заглавуваат.
Едноставно не се флексибилни. Таква им е културата.
А да не збориме за тоа дека не знаат да дадат реален feedback. Особено ако треба да оценат некој кој им е претпоставен. Дефинираме 10 нивоа на анонимност за да можеме да добиеме реален фидбек. Не знаат добро да се соочат со други луѓе, не знаат да кренат глас, туку трпат и пукаат после Х месеци/години.

Јас кога можам да бирам, секогаш си бирам да работам со "наши" луѓе. Eastern Europe FTW. Генерално ние сме директни и знаеме да си кажеме што е добро а што лошо. Овие западњаците се целите насмеани, thank you им е секој втор збор, а во првата шанса ко ќе пукне нешто ќе ти го спопикаат тебе.

Според мене концептот на локализирани фирми ќе исчезне за некое време. Барем во ИТ светот. Пополека се движиме кон глобални фирми, кои ќе можат да запослат луѓе било каде во светот. Така да ако некој сака да порасне, мора да се глобализира.
Зависи од човекот, имам соработувано доста со Кинези, и таму се интересен менталитет. Имаш страшно добар кадар, можеби се малку потешки на комуникација, но се многу брзи и упорни. Виетнамците се исти, вреден народ упм. Сингапур и Хонк Конг се Сан Франциско за Азијатите, од таму доаѓаат иновациите во тој дел од светот, плус поради пониски даноци скоро сите Кинески фирми имаат преставништво таму. Филипини се така-така, ме потсеќаат на Балкан, од таму имам ангажирано SDR, и не ја користат многу главата ама беа упорни.
Индија и Пакистан, овие се комар, прва прилика ќе фати кривина, и имаш квалитет и тотално дрва, зависи на што ќе нагазиш, и лажат сушат.
 
Последно уредено:
Mislam ako ideata e da praime rat race so indijci i pakistanci, togas ne gleam zaso drzavata da se prilagoduva na toa i koj e benfitot. Ima poenta da se prilagodis ako nosi rabotni mesta so dobri plati i uslovi za rabota.
Rabotni mesta ko ona na ,,majstor Goran,, iame odamna, ne ni treba strategija toa.
 
Не знам дали може државата да направи нешто по овие прашања.
Можеби да нуди олеснителни околности за Македонските фирми. Да им ги намали даноците, со цел да овозможи да даваат подобри плати и со тоа да бидат поконкурентни на пазарот. Со ова може и ќе го скинат делот кај што фирмите даваат плати на рака, те вработуваат во втора фирма како контрактор, форсираат b2b и слично, се со цел да ги намалат даноците.

Реалноста е дека ако земеш да правиш продукт за Македонски пазар, осуден си на пропаст од самиот старт.
Сме го правеле муабетот, колку и клиенти да имаш, колку и да наплаќаш, едвај ќе можеш да извадиш плата за 2-3 луѓе.
Ако сакаш да правиш продукт за светски пазар ти треба многу повеќе пари за да се пробиеш.

На крај се сведува на тоа што @Lester Freamon го има кажано повеќе пати. Немаме инвеститори кои би вложиле големи пари во продукти. Луѓето повеќе би вложиле 500к во имот отколку во бизнис. Девелоперите во МК немаат доволно средства да почнат такво нешто. Тие што работат outsource немаат ни искуство со развој на продукти.
И затоа целиот процес е тромав. Луѓето почнуваат со outsource, па дел од профитот го вложуваат во развој на продукти. И за сето тоа треба многу време.

Ама затоа денес МК има многу повеќе продукти него ли што имало пред 10тина година. Одиме напред, само со споро темпо.
 
Ми се свиѓа капиталистичково размислување, вредни упм значи апла submissive мајндсет. :D
Земи породилно за да гледаш дете - неработник. :D
Сум работела со Кинези, типот доаѓаше со 40 температура во канцеларија и заспиваше на стол од изнемоштеност. Они и културолошки се такви, покорни, послушни, главата доле, за нив има само да, не постои не.
Од капиталистичка гледна точка од која Лестер гледа е супер, јас лично гледам од друга гледна точка и никогаш не би работела во такви услови.
 
Не е дали сакаме, истото важи за цел свет, или се прилагодуваат, или заостануваш. Со АИто ќе биде уште позаебан овај дел, еве јас не бев и не сум голем љубител на АИ од лична перспектива, ама не се прашувам јас дали сакам или не, цел свет оди напред и го имплементира, мора и ние.
Светот се прилагодува да користи сервиси од таму од каде што му одговара, или ќе се прилагодиме на пазарите, или за неколку години ќе имаш 1/4 од работните места кои се сега.

Не знам дали може државата да направи нешто по овие прашања.
Можеби да нуди олеснителни околности за Македонските фирми. Да им ги намали даноците, со цел да овозможи да даваат подобри плати и со тоа да бидат поконкурентни на пазарот. Со ова може и ќе го скинат делот кај што фирмите даваат плати на рака, те вработуваат во втора фирма како контрактор, форсираат b2b и слично, се со цел да ги намалат даноците.

Реалноста е дека ако земеш да правиш продукт за Македонски пазар, осуден си на пропаст од самиот старт.
Сме го правеле муабетот, колку и клиенти да имаш, колку и да наплаќаш, едвај ќе можеш да извадиш плата за 2-3 луѓе.
Ако сакаш да правиш продукт за светски пазар ти треба многу повеќе пари за да се пробиеш.

На крај се сведува на тоа што @Lester Freamon го има кажано повеќе пати. Немаме инвеститори кои би вложиле големи пари во продукти. Луѓето повеќе би вложиле 500к во имот отколку во бизнис. Девелоперите во МК немаат доволно средства да почнат такво нешто. Тие што работат outsource немаат ни искуство со развој на продукти.
И затоа целиот процес е тромав. Луѓето почнуваат со outsource, па дел од профитот го вложуваат во развој на продукти. И за сето тоа треба многу време.

Ама затоа денес МК има многу повеќе продукти него ли што имало пред 10тина година. Одиме напред, само со споро темпо.
Придонесите се огромен проблем, јас сум за бруто пакети, а како тие ќе ги распределат парите останува на нив, државата нека си одредува по колку ќе им зема данок и придонеси. Со вакви придонеси + к15 + сите трошоци сме далеку од ефтини како држава.

Инаку со корупцијата кај нас е тешко да се даде државен бенефит. Грантовите и сега се со услов процент за тој што ги доделува, инаку би биле корисна работа за да се мотивираат луѓето. За инвестиции од народ треба едукација, пола не знаат ни дека може да се инвестира така, освен во банка, берза и во недвижности.

Ми се свиѓа капиталистичково размислување, вредни упм значи апла submissive мајндсет. :D
Земи породилно за да гледаш дете - неработник. :D
Сум работела со Кинези, типот доаѓаше со 40 температура во канцеларија и заспиваше на стол од изнемоштеност. Они и културолошки се такви, покорни, послушни, главата доле, за нив има само да, не постои не.
Од капиталистичка гледна точка од која Лестер гледа е супер, јас лично гледам од друга гледна точка и никогаш не би работела во такви услови.
Јас гледам од таа под која сум даночен, нека ми даде бенефит државата, немам проблем. Ама не може секој можен светец да е ставен државен празник и да се очекува некој од надвор да не плати, 25 дена одмор. За породилното не е проблем колку време е породилно, проблем се драмите пред и потоа. Ако имаш и користиш одмор - топ те следува, ама не ме заболе мене да трча во дневен смештај или сабајле да дојде саат покасно и да си оди саат порано оти треба да се грижи за детето. Или си им, или си аут, јас така гледам на работите. Најди си некој да го гледа детето, и ако си на работа - работи, ако си дома гледај деца.
 
Македонија имала 11 празници за 2025 од кои 3 во сабота. Викторија (Австралија) имала 13.
Тоа ми беше у кратки црти и мене муабетот, немаме ние некој бог знае каков одмор, на пр Германците имаат 30 дена, у Скандинавија уште повеќе, сеа колку празници, не знам, но горе-долу тука сме со нив. Работни часови имаме или повеќе или еднакво. Туку работата е кад је бал нек је маскенбал, т.е. веќе кога излеваат работа од кај нив, нека е кај тие што се најефтини и имаат малку човечки права, ко Индија и Пакистан, а на нивното ниво не сме.

Шо ти е колеги од Австрија ги нема три и пол недели у лето, решила да ја шета Калифорника уздужи попреку. Ти овде врзи поише од две недели да те видам. Да додадам, ПРОБАЈ да ја добиеш некако за нешто! А ваму седиш на плажа со телефом у рука и чепкаш мејлови, тимс, слак… ама тоа си го праи менталитетот на сиромаштија и катастрофален пазар на труд кој станува се полош и полош.
 
Кога работев за една Белгиска фирма и периодот ги искористив законските (дури) 2 платени работни дена. Кога се вратив на состанок ја споделив радосната вест и кажав зошто бев отсутен. Повратно добив дека во Белгија кога ќе се роди дете, татковците имаат право на 20 дена по закон поради раѓање на дете.
 
Пак ќе се повторам за приликите во Македонија сега и во наредни 10 години. Од сервисна идеологија треба во креатива/продукција да се насочиме.
10+ години работам во продукт фирма, бев во првите 10 вработени и дојде време кога фирмата имаше 100+ луѓе. Продукт што клиентите кој ни го користат опслужуваат милион луѓе и што носи профит да покрие трошоци за се и плус за газдата. Има и спремн се за друго клиенти. Арно ама заради северофирмски работи што некој ги правеше и не сакам да навлегувам во детали се доведе до ситуација каде неможеме веќе да го продаваме и неизвесна иднина.
 
Сеедно е дали е продукт или консултантски услуги, и во двете е негативно за самата компанија.

Државата не треба да се прилагоди на оваа индустрија туку на новиот систем кој е одбран и цел.
Таму сите сакаат капитализам, ама и да останат џаболебарски практики од социјализмот и комунизмот. Тешко одат заедно овие работи, можеби би функционирале до одредена мера во држави со поинаков мајндсет и природни богатства, ама на Балканот се има покажано и докажано дека не функционира.
Автоматски споено мислење:

Зависи од човекот, имам соработувано доста со Кинези, и таму се интересен менталитет. Имаш страшно добар кадар, можеби се малку потешки на комуникација, но се многу брзи и упорни. Виетнамците се исти, вреден народ упм. Сингапур и Хонк Конг се Сан Франциско за Азијатите, од таму доаѓаат иновациите во тој дел од светот, плус поради пониски даноци скоро сите Кинески фирми имаат преставништво таму. Филипини се така-така, ме потсеќаат на Балкан, од таму имам ангажирано SDR, и не ја користат многу главата ама беа упорни.
Индија и Пакистан, овие се комар, прва прилика ќе фати кривина, и имаш квалитет и тотално дрва, зависи на што ќе нагазиш, и лажат сушат.
Да де, може и да се касни со плати, да се исплаќа со бончиња или со роба земена во размена. Вака беше дури бев дете, на татко ми кебиња му даваа од работа. Затоа имаше живот тие години. Тие закони се за да се заштитат луѓето од гомнарана што глумат газди. Ние и вака имаме посурови услови од цела Европа, а сепак посиромашни. Такви газди што сакаат да ги цедат луѓето и да ги фрлат ко партал, од утре не си на работа, не ни ни требаат.
 
Ова за празниците секогаш кога некои од немакедонците ми дрдореа дека имаме многу празници ги прашувам колку денови одмор имаат и сите беа 30+ дена и потоа им велам дека ние имаме 20 дена.
Ако имаш и користиш одмор - топ те следува, ама не ме заболе мене да трча во дневен смештај или сабајле да дојде саат покасно и да си оди саат порано оти треба да се грижи за детето. Или си им, или си аут, јас така гледам на работите. Најди си некој да го гледа детето, и ако си на работа - работи, ако си дома гледај деца.
И јас вака мислев се додека не ми се роди дете. Еве сега на празник доработувам за тоа што излегував порано пошто малиот ми се јавуваа порано(саат/два) да го земем заради одредени причини. Не сфаќам што е проблем да отидам саат време порано да го земам и вечер да седнам да ги доработам.
 
Последно уредено:
Ми се свиѓа капиталистичково размислување, вредни упм значи апла submissive мајндсет. :D
Земи породилно за да гледаш дете - неработник. :D
Сум работела со Кинези, типот доаѓаше со 40 температура во канцеларија и заспиваше на стол од изнемоштеност. Они и културолошки се такви, покорни, послушни, главата доле, за нив има само да, не постои не.
Од капиталистичка гледна точка од која Лестер гледа е супер, јас лично гледам од друга гледна точка и никогаш не би работела во такви услови.
Ваква жена ми треба како што опиша, да не ми каже не, само ДА :D
 
Ова за празниците секогаш кога некои од немакедонците ми дрдореа дека имаме многу празници ги прашувам колку денови одмор имаат и сите беа 30+ дена и потоа им велам дека ние имаме 20 дена.

И јас вака мислев се додека не ми се роди дете. Еве сега на празник доработувам за тоа што излегував порано пошто малиот ми се јавуваа порано(саат/два) да го земем заради одредени причини. Не сфаќам што е проблем да отидам саат време порано да го земам и вечер да седнам да ги доработам.
Ако ги одработува саатите не е проблем, маката е што имам гледано на логови (римоут особено), голем процент немаа ни 25 ефективни саати неделно.

Од една страна си кршиме глава да се правдаат ресурси со клиентите/и интерните проекти, а од друга истите што бараат екстра луѓе во тимот не работат ни пола од тоа што треба. Е сега ова го решив со мерење приход, профит, и трошоци по проект, лидовите имаат транспарентно инфо колку прават, колку трошат и дали има простор за повеќе луѓе, или треба да кратат ако сакаат да имаат плата и за нив. На тој начин си ги испеглаа тимовите и заврши голем дел од драмата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom