Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Сум пишувал и порано за AIR FRYER, ама го баталив одреден период пошто ми беше мрза да го чистам, меѓутоа последниот месец-два активно го користам.

Пилешки стек - 8 минути на 200 степени
Риба - 8 минути на 200 степени
Телешки мускул - 8-10 минути на 200 степени
Компир-помфрит, зависно од тоа колку дебели ќе бидат парчињата (јас ги сечам потенки) - 15-16 минути на 180 степени

Значи буквално го ставаш јадењето таму, додека да одиш да направиш салата, да стоплиш оризот и да поставиш маса, готово е :)
Препорака за сите што сакат да заштедат на време.

П.С пилешкото и рибата се фантазија, вкусни и меки, додека телешкото не е ништо посебно на вкус, ваљда претходно му треба некоја маринада, ама поминува преку мене, битно да се внесе. Компирот исто прекрасен..

Пробај со фолија за печење ако ти прави проблем чистењето, ја вака правам и немам гајле.
 
Здраво
Да прашам дали е добро да се додаде ,,Глутамин" во исхраната?
Благодарам однапред

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
 
Здраво
Да прашам дали е добро да се додаде ,,Глутамин" во исхраната?
Благодарам однапред

Sent from my SM-A225F using Tapatalk

Најчесто нема потреба, се додава за специфични потреби, пред се за проблеми со црева и желудец, а понекогаш и за забрзана регенерација, се зависи од тотален внес на глутамин/ден
 
Здраво
Да прашам дали е добро да се додаде ,,Глутамин" во исхраната?
Благодарам однапред

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
Јас користам редовно веќе 3 месеци,го начекав на попуст и затоа и го зедов.
Придобивка ми е што ми го ублажва воспалението на мускулите. Подобра опциа ти е EAA со додаток на глутамин или евентуално ако го начекаш на попуст глутамимот.
 
Здраво
Да прашам дали е добро да се додаде ,,Глутамин" во исхраната?
Благодарам однапред

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
Една од најважните аминокиселини за опоравок од стресни ситуации. Најраспространета аминокиселина во човечкото тело. Кога тренираме, телото го изложуваме на стрес и глутаминот добро би дошол.
Не би требало да се изложуваш на трошкови за глутамин доколку основите не ги почитуваш. Внес на доволно макронутриенти, калории, доволно сон и одмор.
Нема потреба од посегнување по суплементи ако ова погоре не е задоволено.
 
Една од најважните аминокиселини за опоравок од стресни ситуации. Најраспространета аминокиселина во човечкото тело. Кога тренираме, телото го изложуваме на стрес и глутаминот добро би дошол.
Не би требало да се изложуваш на трошкови за глутамин доколку основите не ги почитуваш. Внес на доволно макронутриенти, калории, доволно сон и одмор.
Нема потреба од посегнување по суплементи ако ова погоре не е задоволено.
Ви благодарам на сите на одговорите.
Сепак сум на режим ,да ,вежбам редовно па исто го земав на попуст, да појачам малку исхрана, и засега задоволен.
Ги имам основите ,така чисто ,некако наместо протеин овој пат ,инаку ретко користам суплементи.

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
 
Колку што имам слушано на yt, нама бенефити од fasted cardio - бидејќи треба многу време за телото да ги потроши гликогенските залихи што ги чува во мускулите. Ти иако си гладен(празен стомак) сепак имаш залихи од предходниот оброк и нема веднаш да почне оргнаизмот од сало да ти троши. Луѓе што се ултрамаратонци посветуваат по 2-3 години за да препрограмиираат телото да користи масти него гликоген/шеќер. Имам пробано после 16 саати не јадење да трчам и без проблем истрчав 7-8км така да, ги немав потрошено залихите за да почне да ми троши од салото - која е и идеата што стои зад вежбањето на гладно. Јас би се фокусирал на целокупен дефицит на калории да имаш, а ако ти одговара да трчаш или вежбаш на празен стомак праи го тоа - само не очекувај дека заради тоа дека ќе имаш резултати, напротив повеќе ќе можеш да извешбаш и истчаш ако си веќе јаден
 
Ахам некоја шема за вежбање за ептен почетник...тежински+кардио...да не е напорно запичеток
Ако не ти е навикнато телото не вежбај многу на почеток.
 
Епа мислев некоја шема за тренинг.
ПС. Што сте се напалиле олку??? :D:P
 
Епа мислев некоја шема за тренинг.
ПС. Што сте се напалиле олку??? :D:P
Нов си затоа мислиш дека добиваш специјален пречек, овој подфорум отсекогаш е за сеир :D
 
Sto mislite za vezbanje ili trcanje na gladno
Вежбање со тегови на гладно е тотална лудост, а кардио на 120-140 пулс наутро околу 30-40 минути е најпрепорачливо поради истришениот гликоген и побрзо трошење на салце :)
 
Брзо одење на празен стомак едно 40мин е ок. Тежински тренинг на празен стомак е лудост и никаков напредок,можи само да омалаксаш тотално.
Да имаш барем 2 оброци пред тренинг и уште 3 после тренинг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom