Сум пишувал и порано за AIR FRYER, ама го баталив одреден период пошто ми беше мрза да го чистам, меѓутоа последниот месец-два активно го користам.
Пилешки стек - 8 минути на 200 степени
Риба - 8 минути на 200 степени
Телешки мускул - 8-10 минути на 200 степени
Компир-помфрит, зависно од тоа колку дебели ќе бидат парчињата (јас ги сечам потенки) - 15-16 минути на 180 степени
Значи буквално го ставаш јадењето таму, додека да одиш да направиш салата, да стоплиш оризот и да поставиш маса, готово е
Препорака за сите што сакат да заштедат на време.
П.С пилешкото и рибата се фантазија, вкусни и меки, додека телешкото не е ништо посебно на вкус, ваљда претходно му треба некоја маринада, ама поминува преку мене, битно да се внесе. Компирот исто прекрасен..
Пробај со фолија за печење ако ти прави проблем чистењето, ја вака правам и немам гајле.