Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Значи студиите не се факти, искуството и знаењето на човек како Мајк не се факти, факти се истресените од ракав глупости што ги раскажувате овде? Ок шефе.

Пробај еве, без никакви прашаци и суплементи. Храни се само вегански и пробај да го исцедиш телото, ќе видиме што ќе речеш. Исто и псај цај нека проба. Али он е превише зафатен дома под ладна клима да чита некакви студии, место да удри на трошење енергија. И тука доаѓа тие студии на "доктори" да ги пласира како факти. Оној "доктор" ваш од видеото, стероидите му прскаат од рамената. Така да, да го сметам за некој извор на знаење, не фала.
 
А што толку се расправате за глупости, може на некој ќе му одговара веганска исхрана (ќе има повеќе енергија и ќе се осеќа поубаво) а на друг не. Секој организам е различен, пробај еден период и види како ќе се осеќаш, дали ќе имаш напредок во тренингот и изгледот, енергија во текот на целиот ден.
 
Последно уредено:
Пробај еве, без никакви прашаци и суплементи. Храни се само вегански и пробај да го исцедиш телото, ќе видиме што ќе речеш. Исто и псај цај нека проба. Али он е превише зафатен дома под ладна клима да чита некакви студии, место да удри на трошење енергија. И тука доаѓа тие студии на "доктори" да ги пласира како факти. Оној "доктор" ваш од видеото, стероидите му прскаат од рамената. Така да, да го сметам за некој извор на знаење, не фала.
[/QUOTE]

За сите свери од животот вака размислуваш ?
И што ти значи да го исцедиш телото ? Какви хардкор тренинзи правиш ? Немој да кажеш дека си типичен бајо од мк теретана што е 90-100 кг со 30 % бодуфат, кој дига 100кг 7-8 полуповторувања на бенч и мисли дека е најак на свет.
Не е напад против тебе туку само ме интересира на што мислиш кога ги спомињаш тие супер тренинзи што неможеш да ги напраиш со веган исхрана( која за напомена врти сучи во нејзе ќе имаш сигурно над 200гр јх, кој за напомена се примарен извор на енергија на телото ).
Иначе не сум веган а нема ни да бидам.
 
бате, ти све замишљаш у теорија. Тоа ти е грешката, исто како псај и нинџа. Теорија и пракса се два комплетно различни универзуми. Си направил рачуница у тефтерче. Али како викаат, рачунот од дома на пазар не искача.
 
Јасно ми е се...
 
Јас уште не ја разбирам поентата на докажување со која храна може да се направат мускули. Пробувате да си докажете самите себеси дека не сте погрешиле, пробувате да доловите поента, пробувате да ширите „пропаганда“?

Теоретски може да направиш мускули со секоја храна, прашање дали е истото оптимално, т.е: за колку време ќе ги направиш и дали со нешто друго ќе направиш повеќе за истото време, дали ти одговара на твојот животен стил, дали тоа што ќе го јадеш те прави среќен, и НАЈБИТНО дали со тој начин на исхрана може да издржиш долгорочно бидејќи мускули се прават со години (ако се измачуваш и ти се одмилува секое седнување на маса пиши пропало).
 
Поентата е да сфатат луѓето дека не мора да јадат месо 10 пати на ден за да имаат резултати.

Темата на дискусијата, директно ќе ја цитирам бидејќи овде кога ќе видат збор веган одма се TRIGGERED и немаат ни 5 минути време да изгледаат па разумно да дискутираат, беше: "My position оn plant based dieting when it comes to muscle growth, strength training is vegans aren't necessarily at disadvantage, assuming that total protein intake is adequate" на што Мајк генерално се сложи и што е повеќе пати докажано преку многубројни студии и практични примери.
Ништо повеќе, ни дали е најоптимално ни дали ти се одмилува, ништо. Проста, фактичка работа која што би требало да им помогне на луѓето да направат поздрави промени во нивните исхрани.
 
Аматерите прашање дали јадат 2 пати месо на ден, а не 10 пати.

Системот кој функционира за тебе, не мора да значи дека функционира за останатите. Прво од аспект на време и динамика на активности во текот на денот, второ не секој се чувствува добро после јадење на одреден тип на оброк.

Јас можам да ти зборувам за мене: се помалку и помалку имам време да си приготвувам оброк самиот и често нарачувам, имам огромно дуење на стомакот и гасови од одредени типови на храна (тестенини, храна со многу растителни влакна), јаглехидратите не ги поднесувам како што треба и со ист број на калории изгледам далеку полошо кога сум на храна со висок јаглехидратен внес отколку со висок протеински внес (повеќе поткожна вода, помрсен и сл), функционирам со одредени 20-30 типови на храна кои ми се проверени и знам дека се чувствувам супер после оброк.

Доколку некогаш имам потреба за сериозна мускулна маса и стероиди сум 100% сигурен дека тоа нема да биде ни со веганска ни со вегетаријанска храна ;)
 
Значи нигде не наметнав некаков систем или животен стил. Збориме за растителен версус животински протеин и нивната ефикасност во градење на мускулна маса. Буквално ти ја цитирав реченицата за која што се дискутира. Твоето или било чиво лично искуство, преференци и дигестивно здравје не ја побиваат гореспоменатата констатација.

Околу месото дека јадат 10 пати на ден, очигледно карикирав, дај не зезај дека сфати буквално :).
Ама факт е дека јадат повеќе од што треба зашто мислат дека инаку нема да имаат gains, а притоа занемаруваат и омаловажуваат многу поздрави јадења. Јас знам најдобро зашто бев еден од нив.
 
Теоретски се е возможно, но во пракса сеуште не сум видел да стане некој Мр Олимпија на растителен протеин.
 
Јас можам да ти зборувам за мене: се помалку и помалку имам време да си приготвувам оброк самиот и често нарачувам, имам огромно дуење на стомакот и гасови од одредени типови на храна (тестенини, храна со многу растителни влакна), јаглехидратите не ги поднесувам како што треба и со ист број на калории изгледам далеку полошо кога сум на храна со висок јаглехидратен внес отколку со висок протеински внес (повеќе поткожна вода, помрсен и сл), функционирам со одредени 20-30 типови на храна кои ми се проверени и знам дека се чувствувам супер после оброк.
Мислев само јас сум, како мене да ме преслика, да не сме близнаци или нешто? :ROFLMAO:
Шала на страна, баш ме интересира кои ти се тие 20-30 типови на храна што ти одговараат зошто јас неможам ни 10 стандардни да направам па да се ранам како робот, секој ден исто. За некои 2-3кг сум на идеална тежина ама ако јадам таква храна, страшно ми се дува стомакот па изгледам како да сум 15+ и тоа баш она пивски стомак, мајсторски. :icon_mrgr:
 
Месо сите видови, иако најмногу конзумирам риба, чат пат јајца (овие ги имам сведено на макс 1 порција неделно), печурки многу често скоро на дневна основа и немам воопшто мака (шампињони).
Салата: марула, спанаќ, домати, краставици, пиперки, црвена зелка (оваа во помала количина оти ми прави тегоби ако изедам повеќе), цвекло, моркови, брокула исто како зелката.
Јаглехидрати: ориз, компир, благ компир, а од леб само 1 кришка тонус (ако јадам ориз или компир во никој случај не јадам и леб). Во зависност од потреба и период јаглехидратите ги држам од 5-40% од вкупен калориски внес.

Храна која ја конзумирам но комбинирана со друго и во макс 200гр: грав, леќа, грашок, сирење, урда - исто од сите до една имам гасови.

Имам приметено дека кромидот и тестенините ми прават хаос во стомакот, ме подуваат премногу и ми е тешко после оброкот.

Грубо комбинации од тие погоре: парче месо 200гр или риба 200гр со салата и малку јаглехидрати, ако јадам грав најчесто си правам бурито. Ако готвам самиот исклучиво е печена или варена храната без масло, ако ја купувам готова што ќе се најде :D
 
Теоретски се е возможно, но во пракса сеуште не сум видел да стане некој Мр Олимпија на растителен протеин.

И да има ќе кажете дека јаде месо скришно и лаже само за да продава вегански суплементи, тие муабети веќе ги поминавме...

@onefifty @Lester Freamon можеби со нешто вакво да пробате, на татко ми многу му помага:
 
Јас сум невероватен тип :D (не верувам лесно) , па секаде каде што се вклучени големи суми на пари ми треба време поверувам. Во моментов веганство/вегетаријанство е индустрија во подем и се прави огромен кеш, така да очекувам секакви приказни.
Исто како што сите такмичари се natural и се набилдале од суплементите што ги пијат ;)

Ти благодарам за линкот :)
 
Месо сите видови, иако најмногу конзумирам риба, чат пат јајца (овие ги имам сведено на макс 1 порција неделно), печурки многу често скоро на дневна основа и немам воопшто мака (шампињони).
Салата: марула, спанаќ, домати, краставици, пиперки, црвена зелка (оваа во помала количина оти ми прави тегоби ако изедам повеќе), цвекло, моркови, брокула исто како зелката.
Јаглехидрати: ориз, компир, благ компир, а од леб само 1 кришка тонус (ако јадам ориз или компир во никој случај не јадам и леб). Во зависност од потреба и период јаглехидратите ги држам од 5-40% од вкупен калориски внес.

Храна која ја конзумирам но комбинирана со друго и во макс 200гр: грав, леќа, грашок, сирење, урда - исто од сите до една имам гасови.

Имам приметено дека кромидот и тестенините ми прават хаос во стомакот, ме подуваат премногу и ми е тешко после оброкот.

Грубо комбинации од тие погоре: парче месо 200гр или риба 200гр со салата и малку јаглехидрати, ако јадам грав најчесто си правам бурито. Ако готвам самиот исклучиво е печена или варена храната без масло, ако ја купувам готова што ќе се најде :D
Исто, мада кај мене лукот е најголем проблем, било што содржи неможам да го јадам зошто после стомаков ќе ми екслопира. Истото важи и за брашно, леб, кифли и особено бурек, мака си мачам цел ден ако изедам бурек.
Тестенини исто.
Најлесно ми е пилешко за јадење, особено на скара стек, секоја друга варијанта ми смета. Риби зависи, обично јадам сардини и немам некој проблем, туна знае да биде проблем. Црвено месо избегавам али какво и да е, највеќе ми смета пржено, што и да е, какво и да е, најдобро ми е на скара или варено/печено.
За салати немам проблем, посебно сега летно време, цел ден на салати сум.
Алкохол истотака ми прави проблем, ме дува што и да пијам освен пелинковец/црвено вино.
Онака, rule of the thumb што се имам изнамачено ми е да избегнувам брашно, кифли, лебови, кромид, лук, тестенини, повеќе на лесна храна, некогаш и гравот знае да ми биде проблем ако не е добро направен.
@nE0n1nja баш ќе разгледам, фала ти :))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom