Може малце појасно за ова?
И која е разликата на пример, ако јадам урми наместо компири, што би се случило? или мед наместо ориз, значи ако калориите ги поклопам, се друго исто да е.
Во поглед на протеини-масти-јх профилите им се најслични, белото месо од пилето е едно од најчистите меса, а осличот една од најчистите риби. Со тоа што вајда осличот нешто повеќе вода содржи па на иста грамажа има помала количина на нутриентите, ќе треба малце повеќе ослич да каснеш за да внесеш тоа што би внесол од белото месо/стекот. Двете ги осеќам супер лесни за стомакот, како што други меса не ги осеќам.
За ова со урмите и медот од прва рака не можам да ти кажам, ќе треба неколку месеци на тест да се ставам за да ги заменам компирот и оризот со урми или мед па да видиме резултатите што ќе кажат. Другиот момент е дека ако во ист сооднос се внесуваат многу поверојатно е да ти се стужи од мед и од урми зашто вкусот им е многу благ.
Од тоа што го знам од прва рака е дека урмите повеќе ми одговараат за енергија пред физичка активност, претежно трчањето, споро се разложуваат во организмот така да добри се за подолги тренинзи. За медот можам да ти кажам дека е супер замена за шеќер во кафе чај и остало, со тоа што нели повеќе ќе се искористи бенефитот ако се срка директно без да се меша многу во течности.
Како ја спремаш рибата чим ти е полесна за спремање и јадење ? Иначе чисто информативно ме интересира од кај црпиш информации, пратиш некој луѓе инста,youtube, книги ?
Не е баш полесна за спремање, зашто треба да се исчисти, али за јадење каде каде полесна е од стекот. Јас од кога ќе ја извадам ќесата од замрзнувач после пола саат почнувам да ја чистам рибата, да и ја симнам кожата и да ги извадам перките и некои од ковчињата на рабовите на рибата. Ако се пушти многу рибата, нема да можеш лесно да ја исчистиш, кожата ќе остане залепена. Можеш и да не ја симнуваш кожата ако сакаш и така сум ја јадел.
После кога ќе ја исчистам ја оставам да отстои уште некој саат за да се пушти скроз, после ја редам во правоаголна тава за во рерна (претходно ставам фолија во тавата за да не лепи), ставам малце маслиново на секое парче риба, сол, црн пипер и тоа е тоа. Ставам во рерна на 250 степени и за 40 минути до саат максимум рибата е готова. Имаш риба за добри 3 оброци од една ќеса од кило да речеме. Претходно ја правев во тавче али многу потешко е за манипулација а знае и да почне да се распаѓа, изводливо е али вака во рернава ја ставаш и мирна глава.