Крајно добронамерно прашање - можеш ли да напишеш ако не те мрзи, колку и како ја внесуваш бројката на протеин во ден кога не консумираш месо? (пилешко, свинско и риба, пошо и рибата има жива, нели?)
Значи не ми е интенција да водам цинична контра-аргументација фала богу, ме интересира како комбинираш.
Не се секирај за живата, ако тргнеш така во секоја храна ќе најдеш некој отров. Треба да јадеш големи количини од риба што има многу жива за да акумулираш токсично ниво. Сардините ти се најбезбеден избор, исто и папалини, во КАМ ги има, само нив треба да ги готвиш. Туна има малку повеќе ама јас јадам најмногу една конзерва неделно. Ослич или лосос 2 пати неделно (2 оброка). Лососот има помалку жива ама осличот ми е повкусен.
Во денови кога не консумирам месо комбинирам со останатите јадења што ги набројав претходно. Не можам да ти кажам бројки зашто не бројам.
Пример вчера јадев вака:
- прв оброк овесна каша (овесни, чиа семе, јогурт, шумско овошје)
- напиток чај со ѓумбир и лимон
- втор оброк 2 сендвичи (интегрален леб, путер од кикирики, пиперки, патлиџан)
- ужинка банана
- тренинг-
- трет оброк гравче-тавче и некоја салата (цвекло, трупка, зелка, карфиол и сл., вчера мислам праз или кисел купуз извадив ама не ми текнува)
- ужинка портокал и 2 киви
- четврт оброк 2 сендвичи (интегрален леб, хумус, кашкавал, пиперки, патлиџан, маслинки, мелено ленено семе)
- ужинка додека гледавме филм комбинација бадеми и семки од тиква - грицкам колку сакам дур трае филмот.
Гравот е очигледно главен оброк меѓутоа и во сите други има протеин и тотал се собира таман.