Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
За да урпостиме, се што е од животно е по штетно него обратно, има одредени бенефити како квалитетен протеин - амино и б12/а витамин, па дури и цинк но се тоа е залудно - кога ситематското воспаление кое го предизвикува е не-избежно, повторно јасно ми е дека е погрешна тема за дебата али таква дискусија почнавме. Иначе немам ништо против да се јаде таква храна, и јас самиот ја јадам од време на време - битно е да си свесен што јадеш и што таа храна прави - ако не сега на долг рок сигурно (се надевам не)

Сакаш да кажеш дека чипсовите, кока колата и сл работи се поздрави од месото, јајцата, млекото итн само затоа што немаат животинско потекло ?
Или ова ти беше кажано само за споредбата на животински со растителни протеини

Незнам дали се разбираме. Не зборам за протеин во прав, него за храна - животински протеин, месо, сирење, кашкавал, јајца. Иначе да, тешко е да си веган билдер, тука не зборам за билдинг само, него општо. Иначе со грав, како и семки од тиква и други јаткасти плодови лесно се доаѓа до 100 грама протеин на ден, дали е тоа доволно или не - незнам, за некои да за некои не. Рибата е ок, поготово ослич и сардини, али свежи и не товени во базени.

Гравот е подобар протеин од сојата.

Сардините се морски риби така да не сум слушнал дека некој ги тови во базени
 
Риба не е веган.
Гравот не е целосен протеин - сојата е.

Знам, сакам да кажам дека е ок рибата. Сојата има поврзаност со естроген, така да гравот од мое искуство дава подобри резулати.
Сакаш да кажеш дека чипсовите, кока колата и сл работи се поздрави од месото, јајцата, млекото итн само затоа што немаат животинско потекло ?
Или ова ти беше кажано само за споредбата на животински со растителни протеини

Сардините се морски риби така да не сум слушнал дека некој ги тови во базени

Ги товата ги товат. Да животински вс растителни.
 
Здраво
Од 9ти февруари ги сменив моите навики за исхрана. Исфрлив леб, сокови, благо, грицки и сл.
Избегнувам млечни производи.
Јадам салати, јајца, пијам многу вода.
Мојата цел е да ослабам 15кг. Дали овој начин на исхрана ќе ми помогне многу, или мислите дека треба да правам уште нешто за да ослабам?
Фала многу
 
Лимитирај шеќери од било каков извор на 20 грама на ден, тоа ги вклучува и јаглехидратите. Вежбањето нема потреба да се спомнува нели. Од месо, риба колку можеш повеќе. Додај кокосово масло, како и ленено семе и сусам.
 
Почнав да користам маслиново масло. Ленено семе, сусам ставам во колачиња кои ги правам со интегрално брашно (преубави се). Вежбањето ми е во домашни услови, а и многу пешачам.
 
Well, толку од брзите резултати ако правиш колачиња од било какво брашно.
 
Почнав да користам маслиново масло. Ленено семе, сусам ставам во колачиња кои ги правам со интегрално брашно (преубави се). Вежбањето ми е во домашни услови, а и многу пешачам.
користи масло најмалку колку можеш, има многу калории и масти, земи си омега -3 капсули и мавај ги, зашто ке имаш проблеми со здравје ако тотално ке ги исфрлиш мастите, и со јајца не претеруј во жолтка има доста холестерол. 15 кило сосема реално е за 3 месеци без некој голем напор, не заборај само кардио и навечер после 4-6 само салати или некој низкомаслени млечни производи. Пази си од овошја многумина мислат дека е ок да се јадат навечер јаболки, банани - ама не е поради висок ГЛ индекс. Сите овошја до 4 сати, пиши после како напредуваш а и супер ако некој слики ке ставиш до, после прогрес
 
После 6 саат не јадам ништо ни салати, само пијам вода, кафе и чаеви. Од утре ќе почнам да пијам зелен чај.
А слики ќе стаам коа ќе се погледнам у огледало и нема да ми се лоши од глетката.
Само вежбањето ми е проблем. Вежбам дома, немам воопшто време, а ни пари за у теретани. Пешачам многу.
Фала ти во секој случај
 
епа чим зелен чај почна да пиеш гарант ке ослабнеш :aplauz:

инаку вака 20 мин пешачење ти е ~60 калории трошење
20 минути трчање ~200 калории

не ти треба теретана, излези надвор и трчај, не мора со сатови, 20 мин 3 пати неделно сосема доволно, сеа ако си над 80-90 кила тогаш пази со трчење(кичма, колена) подобро или да си купиш орбитрек или точак барем

1 кило сало - 9000 калории така што напрај си математика
 
Имам 82 кила, ама висока сум и немам никаков проблем со движење и слично.
Можам да трчам не ми е проблем.
Сакам да се движам со килажа од 67/70 кг
Имам тело на песочен часовник, некои се оперираат за да имаат такво тело а мене ми е природно, само уште да се доведам до совршена фигура.
Фала ти уште еднаш
 
нп, епа ајде со срека, па чекаме слики од совршена фигура на песочен часовник :jeeee:
 
Имам 82 кила, ама висока сум и немам никаков проблем со движење и слично.
Можам да трчам не ми е проблем.
Сакам да се движам со килажа од 67/70 кг
Имам тело на песочен часовник, некои се оперираат за да имаат такво тело а мене ми е природно, само уште да се доведам до совршена фигура.
Фала ти уште еднаш
Колку си висока?
 
82кг женско на 168цм со тело на песочен часовник o_O јас сум повисок од тебе 6цм, а имаме исто килограми :D

Идеална тежина за да се сликаш треба да ти биде околу 55-60кг на таа висина, кај женски пропорцијата оди висина минус 110, т.е 168-110=58 во твојот случај, варијацијата е мала кај вас поради мускулната маса.
Значи немаш за слабеење 15кг, туку 82-60=22кг, со среќа, со добар труд и дисциплина за 5-6 месеци може да се симнат.
 
Значи се имам поправено 15 кила, а тогаш изгледав идеално.
Имам широка градба, така да со минус 15 кг ќе си ја вратам фигурата што ја имав. Знам затоа што со 67кг изгледав топ. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom