Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Глупости се тоа, и јас верував во тоа се додека не почнав да се дебелеам на стек,ориз и брокула само. Чисто информативно 5грама леуцин ќе го кренат нивото на инсулин исто како 50г декстроза, кофеин крева инсулин исто така и мн други работи. Погрешно е сето тоа сватено околу гликемичниот индекс. Така дека нема ништо лошо наместо 100г ориз да ги замениш со 100г бисквити или со 500мл сладолед, освен што немаш витамини и минерали јаглехидратите ќе ти бидат тие. Ако не ти е целта да се замастиш многу не претерувај со калорискиот плус држи се на минимум. Пример еден оброк што содржи 60-70гр. хидрати, 30-40гр. протеин и 10-15гр. масти, телото и после 5 часа сеуште абсорбира макронутриенти и инсулинот е покачен така што секогаш има препокривање или пад и раст на инсулинот.
Сите тие истражувања за гликемичнот индекс се правени на луѓе што не вежбале и на гладување 24 саати, а кој тука гладува толку.

Не е баш така ;) Незнам кој ти кажал дека од стек и ориз неможеш да се здебелиш?!
Не е иста инсулинската рекација со внесување на било која намирница во организмот. А, надворешниот изглед и измените се директно поврзани со внатрешните хормонални промени и оштетувања на мускулните клетки. Во овој спорт, едно знам сигурно, а тоа е: дека попаметно е да се држи нивото на инсулин во една константна права линија во текот на денот. Само во еден оброк (понекогаш и во два, во зависност од начинот на исхрана) потребно и пожелно е да го изиритираме инсулунот на високо ниво.
 
Сакам да кажам дека има прости шеќери со понизок гликемичен индекс од ориз, овес итн.
А јас лично за себе можам да тврдам дека немам осетено разлика во однос на енергија конзумирајќи хидрати со висок гликемичен индекс во однос 50:50 со хидрати од низок гликемичен индекс, нити сум зголемил на процент на bodyfat додека ја одржавав формата, нити ми наштети во фазата на чистење :)
 
Има причина зашто не си зголемил процент на масти додека си се обидувал да одржуваш форма, а во исто време си користел различни видови на ЈХ во исхраната.
Се си има свое, време и начин на употреба. Само, СЕ не реагира на ист начин на организмот и тој реагира различно на внесување на различни намирници, дури и на внесување на исти намирници, во случајот ЈХ, но од различен вид. Сето тоа доведува до одредена ситуација и промена во нашиот изглед.
 
Точно така, за мене битен е тајмингот и количината на хидратите, висок/низок индекс,сложен/прост не ми е важно.

Од друга страна тој гликемичен индекс е истражуван на луѓе кои гладувале 24 саати, ниту вежбале, така да за мене не е никаков фактор
 
Многу ми е вкусно, нек си ибат мамата :D

Photo0025.jpg
 
Чај изгледа...во ѓезвето
Што хемија е тоа во џезвето :D Инаку не претерувај со туни, 1-2 на недела максимум.
Зашто, заради металите? Јас јадев секој ден или 1-2 сардини (за која велат збирала помалку метали) или 1-2 туни, што знам. Ако имаше метали немаше да симнам летоска толкава килажа :)
 
Нема никаква врска со тоа дали ќе симнеш или не килажа, протеините во туната се тука секако ќе ти помогнат во задржување на мускулна маса, но она што пречи е живата во туната и ова го кажувам од аспект на општото здравје, здравје на долг временски период не од аспект на мускулна маса. Акумулацијата на жива од туната во организмот е хронична затоа што организмот нема механизам преку кој ја отстранува внесената жива, како пример за алкохолот. Пример вечерва можеш да се удрвиш од пиење, но преку ноќта организмот ќе го метаболизира алкохолот и за ден-два си како ништо да се нема случено. За живата таков механизам нема, таа се исталожува во организмот, најмногу во коските и на подолг временски период те става на зголемен ризик за хематолошки заболувања кои btw се едни од најтешките заболувања кои можеш да ги здобиеш. (како леукемија, диспластични синдроми и тн)
 
Што хемија е тоа во џезвето :D Инаку не претерувај со туни, 1-2 на недела максимум.

1-2 Неделно сум туна. Џезвето летат хемија невидена хехе и пред да вежбам пијам едно, зелен чај, џумбир и кора од лимон. :)
 
Нема никаква врска со тоа дали ќе симнеш или не килажа, протеините во туната се тука секако ќе ти помогнат во задржување на мускулна маса, но она што пречи е живата во туната и ова го кажувам од аспект на општото здравје, здравје на долг временски период не од аспект на мускулна маса. Акумулацијата на жива од туната во организмот е хронична затоа што организмот нема механизам преку кој ја отстранува внесената жива, како пример за алкохолот. Пример вечерва можеш да се удрвиш од пиење, но преку ноќта организмот ќе го метаболизира алкохолот и за ден-два си како ништо да се нема случено. За живата таков механизам нема, таа се исталожува во организмот, најмногу во коските и на подолг временски период те става на зголемен ризик за хематолошки заболувања кои btw се едни од најтешките заболувања кои можеш да ги здобиеш. (како леукемија, диспластични синдроми и тн)
Да, живата како тежок метал е бааги опасна. Затоа туната ја комбинирам со сардина, скуша, лосос (поретко, како малку поскапа риба) или ослич оти сардината, осличот и лососот според написи собираат многу помалку жива. Не знам дали слатководните риби (без разлика на омега киселините) содржат жива колку морските.

Ако некого го интересира за живата, изворите и токсичноста
http://www.ekosvest.com.mk/mk/tema.php?id=8
 
Што повиското во хиерархијата на рибни видови е една риба тоа помалку треба да се јаде. Туната е прилично голема риба, може да достигне должина и до 3-4 метри, таа се храни со други риби кои веќе имаат жива во нив и на тој начин акумулира уште поголеми колични жива. Како таква има и подолг животен век а со тоа и акумулира уште повеќе жива. Најбезбедно и ефтино е да се јадат е ситни риби како пример сардините или ослич дури и смог, талапија или харинга како помасни . За слатководните важи истото и тие може да се токсични, зависи пред се езерото од кое потекнуваат колку е загадено.
 
по 6 јајца цели на ден да не е штетно?
 
по 6 јајца цели на ден да не е штетно?
Моменталните ставови на ФДА се до 6 неделно имај на ум дека постојано се менуваат како напредуваат сознанијата и науката, најновите велат дека јајцата и не се толку штетни како што се мислеше. Јас би ти препорачал да не надминувап 12 неделно.
Time Од 1980 и некоја и Time од 1999
1101840326_400.jpg
TIMEmagazine_Happyeggs_web.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom