Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Ај како почетник да си прашам од вас поискусни некој да ми даде режим за исхрана. Значи почнав од вчера со трчање по кеј и теретана, секој ден активно од сабајле теретана, навечер трчање. Секако почнувам со 120 кг. на мене и идам до крај до 70-80.

Ве молам само сериозни одговори.

Неможе никој да ти даде конкретен режим на исхрана поради тоа што немаме никакви информации за твојата сегашна физичка состојба, активност, досегашен начин на исхрана, стаж во спотување, колку си финансиски способен да одвоиш за да ја достигнеш целта и ред други работи кои се потребни за да се создаде основата, па од тука да почнеш со целта која ја имаш замислено.
Можеме само да те посочиме што е добро, а што не во зависност од твојата цел.

Прво, треба да се заангажираш да прочиташ низ темиве бидејќи има премногу корисни мислења кои ќе ти бидат од помош.

Друго, треба да сфатиш дека процесот на слабеење односно намалување на килажата е процес кој може да ти одземе долго време и мораш да бидеш трпелив.
Треба да однапред да знаеш што правиш, односно да бидеш упатен за да не тапкаш во место.

За почеток, прочитај ја првата страна од темава.
 
А ако ти кажам ова што го бараш ќе ми кажеш режим на исхрана?

Лесно е да се прочита првото мислење, ама да се снајде човек во 165 страни на темава и да го најде тоа што му треба... малце тешко.
 
Кој рече дека ако е здраво, неможе да биде вкусно? :icon_lol:

2ijt4it.jpg

- 200 гр пилешки гради
- 200 гр краставица
- 15 гр кромид
- 15 гр зелена пиперка

Начин на подготовка:

Пилешките гради се сечкаат на помали парчиња и се додаваат во тефлонска тава заедно со кромидот и пиперката. Се помешува 2-3 минути додека не ја добијат својата карактеристична боја, и потоа тавата се поклокува со капак за постојано кружење на пареата. Се зачинува по желба.

По десетина минути оброкот е готов. Во мојов случај оброкот го сервирав со краставица.

Калории: 368
Протеини: 54 гр
Јаглехидрати: 5 гр (од краставицата)
Масти: 14 гр
 
- 200 гр пилешки гради
- 200 гр краставица
- 15 гр кромид
- 15 гр зелена пиперка

Калории: 368
Протеини: 54 гр
Јаглехидрати: 5 гр (од краставицата)
Масти: 14 гр
Ех од кај толку у 200г пилешко + краставица?
Шо пиле е тоа?
 
Го пробав рецептов перфектен е само јас му додадов еден патлижан и ко се олади малце му изрендав малку сирење одличен ручек

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 
Кој рече дека ако е здраво, неможе да биде вкусно? :icon_lol:

2ijt4it.jpg

- 200 гр пилешки гради
- 200 гр краставица
- 15 гр кромид
- 15 гр зелена пиперка

Начин на подготовка:

Пилешките гради се сечкаат на помали парчиња и се додаваат во тефлонска тава заедно со кромидот и пиперката. Се помешува 2-3 минути додека не ја добијат својата карактеристична боја, и потоа тавата се поклокува со капак за постојано кружење на пареата. Се зачинува по желба.

По десетина минути оброкот е готов. Во мојов случај оброкот го сервирав со краставица.

Калории: 368
Протеини: 54 гр
Јаглехидрати: 5 гр (од краставицата)
Масти: 14 гр

Не се стегај до толку надроби си ја салатичка краставицата не е дотолку опасно малку масло, оцет и сол ко повкусно така ми се чини мене :)
јас и сенф малку би додал на стекчево :)
 
е, ми текна дека ми личи на вкусната кинеска храна
тие луто пржено благо пилешко или како и да се викаа
ќе си направам и ја ваквооооооооооооооо *детенце смајли :noze:
 
Која друга храна можам да ја користам како богат извор на јаглехидрати освен овесот?

Благодарам однапред.
 
Момци ај кажете нешто за солта мислам колку треба да се внесе дневно
Слушнав дека на еден нормален човек му треба една рамна кафена лажичка дневно дали е вистина или не
Ме уплашија малце ке сум имал проблем со тероидната жлезда ако не сум внесувал а јас не внесувам ич скроз ја имам откачено

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 
Момци ај кажете нешто за солта мислам колку треба да се внесе дневно
Слушнав дека на еден нормален човек му треба една рамна кафена лажичка дневно дали е вистина или не
Ме уплашија малце ке сум имал проблем со тероидната жлезда ако не сум внесувал а јас не внесувам ич скроз ја имам откачено

Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD

Не сол, содиум. И не се секирај, сигурен сум дека веќе доволно внесуваш преку храната што ја козумираш.
 
2300mg натриум, што е 5гр сол дневно може да се земе како здрава граница. Ако не си сигурен дека внесуваш доволно одели на страна една лажичка и распореди ја во јадењата во текот на денот по потреба. Кај нас солта е јодирана исто и лебот така да е скоро невозможно да имаш недостаток на јод за тироидната.
 
според my fitnesspal внесувам 760 содиум а ми вика дека ми треба 2500
и многу други работи ми недостасуваат колку ви е релевантна апликацијава?
IMG_0493.PNG
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom