- Член од
- 30 јули 2009
- Мислења
- 1.770
- Поени од реакции
- 1.058
Ај како почетник да си прашам од вас поискусни некој да ми даде режим за исхрана. Значи почнав од вчера со трчање по кеј и теретана, секој ден активно од сабајле теретана, навечер трчање. Секако почнувам со 120 кг. на мене и идам до крај до 70-80.
Ве молам само сериозни одговори.
Неможе никој да ти даде конкретен режим на исхрана поради тоа што немаме никакви информации за твојата сегашна физичка состојба, активност, досегашен начин на исхрана, стаж во спотување, колку си финансиски способен да одвоиш за да ја достигнеш целта и ред други работи кои се потребни за да се создаде основата, па од тука да почнеш со целта која ја имаш замислено.
Можеме само да те посочиме што е добро, а што не во зависност од твојата цел.
Прво, треба да се заангажираш да прочиташ низ темиве бидејќи има премногу корисни мислења кои ќе ти бидат од помош.
Друго, треба да сфатиш дека процесот на слабеење односно намалување на килажата е процес кој може да ти одземе долго време и мораш да бидеш трпелив.
Треба да однапред да знаеш што правиш, односно да бидеш упатен за да не тапкаш во место.
За почеток, прочитај ја првата страна од темава.