Последните години се мачам со исхраната т.е не можам да внесувам многу храна. Кога се форсирам симптомите се: многу киселини, heartburn, подуен стомак и болки и грчеви во стомак. Почнав и за време на тренинг да не пијам уопште вода, така немам киселини додека тренирам.
Се сомневам на ГИТ проблеми/заболувања, ама не сум правел никакви испитувања.
Значи доволен внес на протеини и јх се минато, за булкинг и да не правам муабет, ми се гади само што ќе помислам, а не пак да ждерам…
Физички сум видно ослабнат, ама не изгледам лошо, баш така нормално фит.
Има некој со слично искуство и како го решил проблемот?