Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Каков црн леб препорачуваш? Знам има разлика помеѓу "правиот" црн леб и овие по маркетите што можат да се најдат, засега сум пробал повеќе врсти и од Жито Леб (10 парчиња има мислам) најубав вкус имаа.
За протеин не те интересира баш дали е црн или прав црн туку нај“добар“ црн е оној кој има највише протеин од соја додадено.
Тие се еден нутри коцкаст на жито лукс, нутри 300 грамски векна на жито лукс, и на кам копија на векната 300грамска. Сите имаат од 20 до 25 грама протеин на 100 грама.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Освен стекови, јајца, ориз, овошје итн што е здраво да се јади во текот на вежбањето ?
 
Трпезарија да не имате во теретаната?
 
Трпезарија да не имате во теретаната?
Океј, знам дека е двосмислено прашањето али чим толку ќеиф ти прават вакви бессмислени одговори нека биде по твое... чекам сериозен одговор.
 
Уф.. ептен паметен испадна. :tapp:
Друже модератор, не ти стои понашањето со соработник.
Убаво си кажав шо мислам - а зошто го имав тоа мислење е очигледно - прашуваш за исхрана а си купил суплементи.
Значи немаш доволно ЗНАЕЊЕ да ги поткрепиш суплементите и автоматски џабе си ги фрлил парите.
Во ова поле за тебе сум доктор ама очигледно не стигна до тебе поентата пошо си го дигнал носот.
Секое добро.
 
Да бев доктор за тебе или за било кој друг на оваа тема немаше воопшто ни да прашувам, затоа и културно прашав што треба да пазам и сето тоа.
Ти го изнесе својот став, а можеше и да образложиш, но не дека мораше. :)
 
Што да образложам, дека си избрзал да купиш суплементи а немаш основно познавање за нутриција?
Кој купува уље за кола ако нема кола?
Не може да се купи кола за уљето - се купува уље за колата. Тоа е се шо кажав.

А за исхрана има тооооолку многу информации низ темава (а да не збориме низ форумов или па пошироко - интернетот) само кој да бара.

Според мене форумот треба да служи за дополнителна помош не за часови по нутриција во случајов.
Ако нешо не ти е јасно да ти појасниме а не на тацна да се чека се - и згора на тоа да не се поштуваат советите одпосле.

Кажи ти прво која ти е целта со аминото, која ти е целта со променава, што сакаш да постигнеш - па ќе те советуваме.
 
Висок сум 180 cm, а тежок 75 kg. Целта ми е да го зајакнам телото и да фрлам на мускулна маса доволно колку за некоја дефиниција, не ми е потребна голема мускулна маса зато и не земам протеин туку само се трудам да јадам повеќе месо, ориз, јајца и други протеински работи. Најмногу сакам да го зацвртам стомачниот дел.
 
Ако сега почнуваш за првпат да вежбаш предпоставувам немаш доволно мускулна маса за да правиш дефениција, а и не си многу дебел. Прво што ќе ти препорачам е да почнеш да броиш калории и да вежбаш со умерен интензитет + кардио. Од прилика би ти препорачал да почнеш да внесуваш по 2000 - 2300 калории дневно. Обезбеди си едно 250-300 грама месо дневно, тоа можеш и на 2 оброка да го распоредиш . Оброците нека ти бидат од 250-550 калории, 4-6 пати дневно. Како извор на јаглени хидрати конзумирај овес, ориз, компир, овошје, леб... Не се казнувај со строги диети уште во старт само гледај да не претеруваш во внесувањето на калории. Пиј 2-5 литри вода дневно.
Вежбањето нека ти трае 1 час на пример 40-45 мин тежински тренинг, 15-20 кардио. Во тежинскиот тренинг обавезно вклучи вежби што активираат повеке мускули на пр. бенч прес, мртво кревање, чучњеви, згибови, склекови итн. Бројот на серии и повторувања нека биде 3-4 серии со 8+ повторувања. Не форсирај со тоа колку тежина креваш, фокусирај се на тоа како ја креваш истата.
Сеа за аминото што си го купил, мое мислење е да си го чуваш за понатаму кога ќе влезеш во шема со вежбањето да речеме за некаде 4-6 месеци. Затоа што сега во старт доволно ти е само да вежбаш и ќе имаш одлични резултати за брзо време без суплементи.
 
Фала другар за образложениево, иначе ова ми е 4ти месец во последниве 8 што вежбам, но втор последователен... минатите беа онака со паузи и несериозно, овој пат планирам да одам многу повеќе.

Пред 2 и пол години бев 81 кг со 172 cm висина и тогаш трчав секој ден по 2 километри, не пиев многу газирани сокови и тие работи па намалив 13 кг и се супер, но премногу бев ослабен во рацете и лицето, а првично трчав за да намалам кај стомакот, имаше и тука голем ефект, но кај другиве работи се одрази повеќе... претпоставувам поради недостаток на протеини. Сега мислев за комбинација да земам 100% whey протеин и да трчам со што би фрлил на мускулна маса, а истовремено ќе се намалат мастите и се што е потребно за израз на стомачните мускули.
 
Не е поради недостаток на протеини, туку кога телото акумулира сало, најголемиот дел е стациониран околу половината, и затоа кога си изгубил килажа си ослабел секаде а на стомакот си немал голем ефект. Исто и јас кога слегов од 95 кила на 75, пак имав околу стомакот сало, а рацете нозете вратот се тоа ми беше како да бев слаб дури и луѓе ми викаа дека сум се разболел :unsure:
 
Фала другар за образложениево, иначе ова ми е 4ти месец во последниве 8 што вежбам, но втор последователен... минатите беа онака со паузи и несериозно, овој пат планирам да одам многу повеќе.

Пред 2 и пол години бев 81 кг со 172 cm висина и тогаш трчав секој ден по 2 километри, не пиев многу газирани сокови и тие работи па намалив 13 кг и се супер, но премногу бев ослабен во рацете и лицето, а првично трчав за да намалам кај стомакот, имаше и тука голем ефект, но кај другиве работи се одрази повеќе... претпоставувам поради недостаток на протеини. Сега мислев за комбинација да земам 100% whey протеин и да трчам со што би фрлил на мускулна маса, а истовремено ќе се намалат мастите и се што е потребно за израз на стомачните мускули.
Не функционира баш така телото како што мислиш. Ако сакаш да намалиш телесни масти а при тоа да не изгубиш многу мускул, мора да им дадеш причина на мускулите да останат т.е. да ги стимулираш вежбајќи.
На човечкото тело не ми е битно колку мускул има, заедно со мастите ѓи разградува и мускулите кога има потреба.
 
Јасно ми е тоа, тогаш кога трчав не одев во теретана, а не ни вежбав дома, можеби само стомачни секој втор-трет ден. Сега ќе трчам, но ќе одам и во теретана. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom