@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
Собранието на Македонија денеска едногласно и со акламација усвои Резолуција за бегалците од воените дејствија во Грција за време на Граѓанската и Втората светска војна.
За предложениот текст на Резолуцијата гласаа сите 88 пратеници, присутни на собраниската седница.
Резолуцијата предвидува Владата да ја помогне правната битка на Егејците за враќање на одземените имоти за време на Граѓанската и Втората светска војна во Грција, и на секои шест месеци да го информира Собранието до каде е постапката.
Предлагачи на Резолуцијата беа група пратеници од владејачките ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, и опозиционата СДСМ.
За време на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. околу 60,000 бегалци, од кои најголем дел Македонци, ги напуштија родните места во Егејска Македонија.
Грчките власти на бегалците и нивните семејства до денес не им дозволуваат да се вратат во Грција, ниту да располагаат со нивните имоти .
Славица Грковска од СДСМ, изјави дека резолуцијата е подготвувана долго време и за неа има консензус. Според Грковска резолуцијата е по барање на здруженијата на македонските бегалци(протераните од грција).
„Оваа резолуција означува, дека ние ќе се грижиме за тие луѓе. Но треба да не забравиме, дека има македонци во Бугарија, Србија, Албанија. За нив исто треба да се грижиме. За тоа се надевам, дека оваа резолуција нема да биде единствената", рече Грковска.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја определи резолуцијата како историска. Според него секоја една историја на децата бегалци е трогателна и индивидуална. „Ние ги подкрепуваме добрососедските односи и развојот на демократијата на Балканот. Оваа резолуција е знак, дека на Балканот нема предрасуди", изјави Димовски.
Во салата на македонскиот парламент присуствуваа претставници на здруженијата на македонските бегалци, како и на Светскиот македонски конгрес.