Историска Резолуција

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Собранието на Македонија денеска едногласно и со акламација усвои Резолуција за бегалците од воените дејствија во Грција за време на Граѓанската и Втората светска војна.
За предложениот текст на Резолуцијата гласаа сите 88 пратеници, присутни на собраниската седница.
Резолуцијата предвидува Владата да ја помогне правната битка на Егејците за враќање на одземените имоти за време на Граѓанската и Втората светска војна во Грција, и на секои шест месеци да го информира Собранието до каде е постапката.
Предлагачи на Резолуцијата беа група пратеници од владејачките ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, и опозиционата СДСМ.
За време на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. околу 60,000 бегалци, од кои најголем дел Македонци, ги напуштија родните места во Егејска Македонија.
Грчките власти на бегалците и нивните семејства до денес не им дозволуваат да се вратат во Грција, ниту да располагаат со нивните имоти .
Славица Грковска од СДСМ, изјави дека резолуцијата е подготвувана долго време и за неа има консензус. Според Грковска резолуцијата е по барање на здруженијата на македонските бегалци(протераните од грција).
„Оваа резолуција означува, дека ние ќе се грижиме за тие луѓе. Но треба да не забравиме, дека има македонци во Бугарија, Србија, Албанија. За нив исто треба да се грижиме. За тоа се надевам, дека оваа резолуција нема да биде единствената", рече Грковска.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја определи резолуцијата како историска. Според него секоја една историја на децата бегалци е трогателна и индивидуална. „Ние ги подкрепуваме добрососедските односи и развојот на демократијата на Балканот. Оваа резолуција е знак, дека на Балканот нема предрасуди", изјави Димовски.
Во салата на македонскиот парламент присуствуваа претставници на здруженијата на македонските бегалци, како и на Светскиот македонски конгрес.
 
И сега???? што ќе прават нашиве околу бегалците? Ќе им ги вратат имотите во Хелас? Ќе го натераат Кара-камен да им плати 62 милијарди оштета?
 
И сега???? што ќе прават нашиве околу бегалците? Ќе им ги вратат имотите во Хелас? Ќе го натераат Кара-камен да им плати 62 милијарди оштета?
Aко ништо друго ќе се обидат.
 
И мислиш дека ќе успеат?..хахаха....дај да не бидеме наивни, ова ќе остане само како документ, со кои ги "поддржуваме децата-бегалци во нивните напори кон целосно нивно самоопределување во Грција, и остварување на нивните права". И после тоа дрн-дрн јариња.П.С да не сум сфатен погрешно, апсолутно ја поддржувам нивната борба и сочуствувам со нивните страдања од минатото.:wink:
 
Ah gvujo gvujo, si odlucil veke da go sitnes imeto a?
 
И сега???? што ќе прават нашиве околу бегалците? Ќе им ги вратат имотите во Хелас? Ќе го натераат Кара-камен да им плати 62 милијарди оштета?

Грција има надворешен долг од 371 милијарди 500 милиони долари или за да се добие појасна претстава, 33 327 $ по човек.

Од кого би зимала заем овој пат за да ги исплати тие пари на Македонците?!


Мене ме чуди од каде само пари да купуваат тенкови и авиони на овие гадови...
 
Барем да се обидат. Барем на некој му текна да повлече потег.

Инаку во Турските архиви го има целиот Катастар на Беломорскиот дел. Така да тие кои немаат тапии за се, со помош на државата Турција и нивните архиви можат да дојдат до оригиналот нормално не на нив туку на нивните предци, потоа потомството е лесна работа за докажување.
 
Немора да враќаат во девизи, може недвижности... секако само ќе израмнат на конто 0 бидејки тие во никој случај не се нивни.:smir:
 
Штета што нивните креатори се давачи на тие заеми...да не беше така, Грција преку ноќ ќе се распаднеше како држава уште одамна...
 
Барем да се обидат. Барем на некој му текна да повлече потег.

Инаку во Турските архиви го има целиот Катастар на Беломорскиот дел. Така да тие кои немаат тапии за се, со помош на државата Турција и нивните архиви можат да дојдат до оригиналот нормално не на нив туку на нивните предци, потоа потомството е лесна работа за докажување.

Баш за ова околу таппите сум разговарал повеќе пати...мислам дека само околу 1000 Егејци ги чуваат тапиите од нивните имоти, а во судот(најверојатно за човекоби права во Стразбур) им било речено дека само со оргинал тапии, кои се во нивна сопственост(значи само тие 1000 луѓе) ќе можат да ги вратат имотите.Другите, најверојатно ќе извисат, а за ова со катастарот, дај боже нека е точно.
 
Парламентот во Скопје усвои Резолуција за бегалците од воените дејствија во Грција за време на Граѓанската и Втората светска војна
соопшти грчката агенција АНА-МПА, нарекувајќи го актот нова провокација. Документот предвидува владата да обезбеди правна поткрепа на т.нар “егејски македонци” за враќање на одземените имоти. Во резолуцијата има обврска на секои шест месеци парламентот да биде информиран за случувањата.
Проект -резолуцијата беше внесена во парламентот во декември 2007 г. од 11 пратеници.
 
Back
На врв Bottom