Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И ПОКРАЈ ИНЦИЈАТИВАТА ПРЕД УСТАВЕН СУД
ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ И ЗА МАТУРАНТИТЕ
Наместо за матурска вечер, матурантите треба да се подготвуваат за полагање на екстерни тестови. Неофицијано Сител дознава дека дека матурантите екстерно ќе бидат тестирани за една недела или на 10 мај.
![]()
Екстерното тестирање за основците и другите средношколци ќе се реализира од 1 јуни. Но без разлика дали тоа ќе се реализира, неговата уставност е под знак прашалник.
Уставниот Суд за околу еден месец треба да се произнесе дали ќе го укине или не. Министерот Стојановски вели дека,подготовките за екстерното оценување си течат според предвиденото.
Тестовите за екстерното тестирање се подготвени и доставени до ресорното Министерство.
Освен екстерно тестирање, матурантите ќе полагаат и државна матура која ќе се реализира на 11 и 13 јуни. Новитетет оваа година е тоа што таа ќе се спроведе и во уметничките и музичките училишта.
Предуслов за запишување на факултет е положена државна матура за која се пријавиле дури 80 отсто од матурантите.
ovie ne se normalni!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
luge i maturantite ke polagaat.sega javno se kaza vo veleskaj mene vo gimnazija uste nisto ne se slusa , ajde vajda nema da ne maltretiraat i nas maturantite bog da cuva
luge i maturantite ke polagaat.sega javno se kaza vo veles
Јас ви реков да ги прочитате правилниците ... таму јасно пишува „основно образование: 5-8 одделение“ и „средно образование: 1-4 година“
![]()
Ако ученикот од оправдани причини биде спречен да полага половина јуни и повеќе, како ќе му ја запишат оценката во свидетелство, кое се дава околу 20.6, а да мора да прави тест по тој предмет? :uvo:Член 12
Оправдани причини за отсуство на ученикот од интерното и екстерното проверување можат да бидат:
- болест или лекување на ученикот (доказ-потврда од соодветна здравствена установа),
- вонредни околности: природни несреќи, несреќен случај на ученикот или член во потесното семејство, сообраќајна несреќа со потешки последици, влошување на здравствената состојба меѓу испитите и др.;
- други оправдани причини (меѓународни натпревари, јавни настапи во странство и слично).
- други причини со соодветни докази за кои Државниот просветен инспекторат ќе утврди дека се оправдани.
За учениците, кои од оправдани причини, не може да се изврши екстерно проверување во месец јуни, истото се спроведува во дополнителен рок за проверување определен од страна на министерот за образование и наука.
Да, али рекоја дека матурантите ке бидат ослободени од тестирањето. Од каде ова сега? Ма хаос ни е нас цела држава, ништо не ме чудит веќе.
Во една држава нема рекла-кажала има закони ... во другата тема кај тестовите за 4-та ви дадов точни линкови ...