Ни соопштија дека на крај на учебна година ќе полагаме испити по секој предмет,ама со професори од други градови...доколку оценката од испитот се разликвит за 2 оцени од оценката од професорот,професорот добиват опомена,а после третата опомена ќе бидит избркан од работа....
Јас мислам дека овие испитиве се супер работа,немат да имат веќе ургенции за оцени и ќе се видит стварно кој колку учел...вие шо мислите?
И да не заборавиме... Ако оценката се разликува за 2 или повеќе оценки, сите го јадеме, и нас ни се зема за оценка, аритметичката средина на овие 2 оценки... Јас сметам дека нашата влада треба да дојде кај мене дома, и јас да им направам еден тест за да им го проверам знаењето од основно. Нема да ги замарам ни со лимеси, ни со крамерови правила, ни низи, ништо.... За нив само елементарните прашања: 1) Што е тоа демократија?
2) Дали за да влеземе во Европска Унија, мора да останеме деца што нема да се запишат на факс?
3) Што е тоа заморче?
4) Зошто, о зошто не ни кажат во јули месец дека треба да полагаме во февруари? (иронија) ......:uvo:
Клуч на мојот тест: 1) Демократија е кога секој може да каже, што премиерот мисли.
2)Неотповикливо да, од причина што никој не е вундер кинд да учи за оценки, за матура, па уште и за екстерни тестирања кои уште и се полагаат на рандом принцип што ќе ти се падне...
3)Заморче(во буквален превод експериментално глувче), на- нашински средношколец, е сподоба која ги трпи каприците на владата со секоја следна година се повеќе и повеќе.
4)Затоа што февруари е порано од јули.