Исмејување на туѓите недостатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Bless me father for I have sinned...како мала му се смеев на Љубе Лигавиот и ми беше крајно одвратен кога ги лижеше шипките у 23-ка и ги фаќаше тетките за цицки,но подоцна сфатив дека е исто човек како нас само со ментални и физички пореметувања и дека не е тој виновен што така се понаша и изгледа.
Го немам видено веќе неколку години и навистина ме интересира што станало со него.

Навистина е дебилно да исмејуваш некого а знаеш дека неговите недостатоци не се по негова вина.Конкретно за детето на видеото-не знаев дека било болно а никогаш не сум го исмејувала,напротив,уште првиот пат кога го видов реков:леле колку е слатко и после ги прочитав коментарите на youtube као демек родителите се криви шо е дебело и не треба да му даваат да јаде :збунето:.
Само луѓе што можат да ги разберат недостатоците на другите нема да ги исмејуваат,се додека не знаат се однесуваат...како што јас се однесував порано.
Иако ете по нешто се разликуваат од нас најважно е да ги третираме исто и да не ги дискриминираме.Тоа што сум имала среќа и сум се родила здрава-права не ми дава никакво право да ги омаловажувам тие кои биле помалку среќни од мене.
Секогаш викам:што ако јас бев една од нив...
 
Тука е Љубе, во 5-ка :)
Гледано од точка на просветлување (свесност за нашето вистинско заедничко Јас) се сме ние самите, во други тела.
 
Секогаш викам:што ако јас бев една од нив...
коментарите на youtube
Нема потреба да постираат видеа или слики, нема да има сеир или коментари.
Добро беше порано, сеир можеше да се удира само на дете од маало. Немаше вакви чуда и направии као интернет, фб, пријатели.ком.мк, зивотидедалје.цом, јутуб...

За љубов се потребни најмалку двајца, па и за ова. Од една страна расположен сеирџија (кое отсекогаш постоело како маалски или школски мајтапчија) спремен да се мајтапи со сите (некогаш но најверојатно ретко и со себеси) и од друга страна наивни, чудни, недозреани или презреани лица (родителите или самите тие кои се на сликите)...било кое од овие, кои и не сфаќаат (ради таа наивност, недозреаност, чудно размислување...и тако дајле) каде постираат слики.

И за тепачка се потребни најмалку двајца, не може да се тепа некој сам со себе. А кој прв почнал...најди му го крајот. Битно, ако не постира (феномен многу присутен на постирање слики и видеа) нема да има сеир, симпл ез дет :wink:
 
Не е за смеење. Размислете малку. Вие немате недостатоци. Кој знае (не дај Боже) може утре вашето дете ќе има некој недостаток. Убаво ли ќе биде да му се смејат за тоа? Уште повеќе: Дали вие ќе се смеете на тоа тогаш?
 
Ме интересира смекси како би одговорил на ова.
Дали и понатаму ќе го поддржуваш реметот?
 
Ме интересира смекси како би одговорил на ова.
Дали и понатаму ќе го поддржуваш реметот?

Ќе му објаснам дека тоа е период и фаза низ која ќе мине и дека му е дозволено да врати со иста мера.
Ако е психички унаказено тогаш ќе се обидам да му објаснам дека тоа што му прават е за жалење и тие што му го прават тоа треба да се засрамат бидејки тоа е недолично.
Али тоа кога ќе имам деца...а планирам да немам така да и имал немал ремет for the win!
 
Со 18 години не можеш да планираш многу работи, најмалку дали ќе имаш деца :)
 
Ич не ги поштувам луѓето што ги исмејуваат туѓите недостатоци. Сфаќам, лесно е да се каже шега на нечија туѓа сметка, да се исмее недостатокот на некого, да се истакне колку е тој инфериорен во споредба со другите. Меѓутоа, таквите бедни луѓе треба застанат малку и да размислат. Човекот што го исмеваат не е виновен за тоа што не може да биде успешен како нив. Но, сепак, и тој е човек. И тој е суштество со свои чувства, со своја потреба за почит. Штета е што луѓето што ги понижуваат другите воопшто не размислуваат. Зар треба ние, останатите, да им се смееме заради тој нивен недостаток?
 
Ич не ги поштувам луѓето што ги исмејуваат туѓите недостатоци. Сфаќам, лесно е да се каже шега на нечија туѓа сметка, да се исмее недостатокот на некого, да се истакне колку е тој инфериорен во споредба со другите. Меѓутоа, таквите бедни луѓе треба застанат малку и да размислат. Човекот што го исмеваат не е виновен за тоа што не може да биде успешен како нив. Но, сепак, и тој е човек. И тој е суштество со свои чувства, со своја потреба за почит. Штета е што луѓето што ги понижуваат другите воопшто не размислуваат. Зар треба ние, останатите, да им Смее ме заради тој нивен недостаток?

и тој неуспешен човек еден ден може да биде успешен никој не знае кој каде ке заврши, само денес посебно малдите исмејуваат се живо и диво, од успешни до неуспешни, од убави до грди, не бираат, мрзат конкурениција а меѓу другото се доста искомплексирани и завидни посебно во државата наша заради стандардот и ред други работи да не тупам имам чувство како народот повеќе меѓусебно да не се трпи.
 
Не исмејувам....туку само некои фаци ОСТРИ:vozbud:
Или ТАПИ ги има,а една имаше фаца на нитна....друга на грбна прскалица(словенска).

Абе паѓам од смеа:pos2:

ugly-people-01.jpg

Еве имаме натурал еррор.

ugly-men.jpg

prod_227_5910.jpg
[/IMG]

Не е да ги исмејувам ама....смешни :toe:се

Ugly-People--14130.jpg
 
Се смеев порано на сите со физички недостатоци,ги исмејував дебелите,грдите ...потоа дојде период кога ги сожалував,се додека не сфатив дека сожалувањето е полошо и од омразата.
И дојде тој ден кога склопот на околности ме однесе во Демир Капија...Кога ги видов тие луѓе не можев да престанам да плачам и да се чудам колку бедна сум била во размислувањата,колку бедна сум била кога сум посакувала да бидам нешто повеќе ,затоа што еден поглед врз тие луѓе засекогаш го менува погледот кон сите ... Никогаш нема да го заборавам слепото и парализирано момче кое ги пееше песните од Тоше,никогаш нема да ги заборавам триесетгодишните луѓе заробени во тела на бебиња,никогаш нема да ја заборавам реакцијата на дел од нив кога ќе им пружевме рака и кога ќе ги прашавме како се....
Денес...знам дека единствен недотаток на кој се смеам ,од кој ми е одвратно е бедотијата на душата на некои луѓе ,на луѓе кои имале толку добра физичка предиспозиција ,што заборавиле дека без духовноста -воопшто не постојат.
 
Добро сега нешто ако е стварно апла работа...

А инаку е ептен глупа работа и само човек кој се осеќа инфериорен заради тоа што е,бара грешки кај другите за да му биде полесно нему...всушност другите не ги исмејува заради тоа што тие се вакви или такви, туку заради тоа што тој е таков каков што е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom