- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Со оглед на тоа што идејата е лоша, голема е веројатноста да добие и некакво остварување. Силите на ИД ги создадоа токму западните приватни војски. Затоа што со нивното безчувствително и нечовечко однесување во Ирак и каде и да биле употребени ги отворија вратите за екстремните групи да прераснат во војски. Платениот војник никогаш не може да се мери со идеолошкиот војник. И да има почетна предност, по некое време ќе ја изгуби.„Ако американската влада не сака да испрати копнени сили да се борат против исламистите, нека ги пуштат приватните компании да ја завршат работата“, изјавил деновиве основачот на најпознатата фирма за платеници Блеквотер. Работата за која беа ангажирани во Ирак, каде беа обвинети за убиства на цивили, ја наплатиле, според американските медиуми, округло една милијарда долари, пишува Вашингтон пост.
Ерик Принс, христијански фундаменталист и милијардер, кој во моментов има нов бизнис во Африка, кажал: „Да се собере старата екипа од Блеквотер, сигурен сум дека брзо би можела да се формира една ударна бригада“.
Тоа, според него, би бил решителниот тег на вагата кој би бил клучен за победа над џихадистите. Принс е најдобриот пример дека војната е профитабилен бизнис. Но вистинското прашање е кој плаќа и зошто?
Ерик Принс за американските медиуми изјавил дека во акцијата мора да бидат вклучени приватните војници кои, според него, имаат најголеми шанси да ја „довршат работата“, а би го решиле и проблемот со негативното јавно мислење врзано за копнената офанзива.
http://www.mkd.mk/svet/analizi/plat...i-nudat-na-amerikanskata-vlada-da-gi-unishtat
Ако платенички војски треба да ја бранат Европа од радикалниот ислам, на што веќе ќе личи светот.
Еден забеган дел да живее во богат и луксузен заштитен простор каде што ќе ужива во своите бесови, а платени убијци како и принудена сиромаштија за пари ќе ги брани од друг дел на ѕверови кои со ѕверска агресивност ќе го освојуваат пред се богатиот свет кој со своите бесови нив и ги поттикнал.