Ок, малку по малку се расчистуваат работите.
Значи, САД воопшто не го поддржуваат ИС (ни воено, ни финансиски, ни политички) - расчистивме.
Секако, САД и тоа како ја поддржуваа FSA (Free Syrian Army), која до пред извесно време се бореше рамо до рамо со ИС. Но фактот што САД ја поддржуваа FSA не значи дека ги поддржуваа и ИС. Фактот што С.Арабија, Катар, Турција ја поддржуваа ИС, не значи дека САД ја поддржува ИС.
Патем, САД не им продаваат оружје на бунтовниците. Едноставно, само им даваат.
Сега, кога ова е чисто, прашање е кого поддржува САД?
Добро ги вооружуваат Курдите, но за борба против кого? Од се што видовме досега, факт е дека ИС имаше (и уште има) силна поддршка од Турција, која ја користи приликата, Курдите да бидат потиснати од ИС, бидејќи реално, најголем непријател и голема пречка на Турција се Курдите. Моментално, Ирачки Курдистан има посилна економија од остатокот од Ирак, или од Сирија. Доколку се обединат (што и се случува) Ирачки и Сириски Курдистан, ќе остане уште најголемиот дел - Турски Курдистан. Имајќи предвид колку воено се спремни Курдите после изминативе случувања, единствена пречка да го добијаат Турски Курдистан е ИС. Турски Курдистан е четвртина од територијата на Турција и некои 20 милиони Курди. Со губењето на таа територија, Турција автоматски ќе биде исфрлена од игра за борбата за влијание на Блискиот исток.
Мала поправка - ти расчисти дека САД воопшто не ги поддржуваат ИСИЛ/ИСИС/ИД, јас од моја страна спомнав дека ако не официјално и директно, тогаш со финансирање и вооружување на други вооружени групи кои со тек на време ќе се претопат во ИСИЛ/ИСИС/ИД, односно неофицијално и индиректно САД сепак ги поддржуваат и ги финансираат ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Лесно е да кажеш:
" Ама САД не знаеле дека овие другиве вооружени таканаречени демократски опозициски групи, во иднина ќе се претопат во ИСИЛ/ИСИС/ИД ",
па од тука да тврдиш дека САД воопшто ниту ги финансираат, ниту ги вооружуваат ИСИЛ/ИСИС/ИД.
Реалноста е поинаква.
Реалноста говори дека денешната влада на САД на чело со Барак Хусеин Обама уште кога започна целото ова крвопролевање со лажните демократски револуции во северна Африка како дел од таканаречената Арапска пролет - која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократија - американските разузнавачки служби ја предупредувале американската влада уште од самиот почеток дека спонзорира тотално погрешни луѓе, односно луѓе кои се антисекуларисти и кои негуваат свои визии за исламистичко општество етнички исчистено од немуслимански елементи.
Доказ за ова е терористичкиот напад на американскиот конзулат во Бенгази на 11 септември 2012, при што беа масакрирани американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс и уште тројца американски дипломати.
Во првите 2 недели после терористичкиот напад, Барак Хусеин Обама и неговата влада тврдеа дека не станувало збор за терористички напад, туку станувало збор за спонтани протести поради објавувањето на видео клип со содржина навредлива за исламот и за муслиманите, кои излегле надвор од контрола. Откако поминаа тие 2 недели, конечно Барак Хусеин Обама и неговата влада отворено и јавно признаа дека сепак станувало збор за однапред организиран терористички напад, а не за спонтани протести кои излегле од контрола.
Подоцна беше откриено дека Барак Хусеин Обама веќе примил повици за помош од американскиот конзулат во Бенгази додека амбасадорот сеуште бил жив, по што американски генерал побарал дозвола за извршување на операција за спасување, но бил одбиен. Подоцна и американски адмирал, кој командувал со бродовите на американската воена морнарица кои биле веднаш до либиските брегови на Средоземното Море, побарал дозвола за извршување на операција за спасување на конзулатот, притоа потенцирајќи дека специјалците можат да пристигнат за 30 минути со хеликоптери и да го евакуираат конзулатот, но и адмиралот бил одбиен.
Еден многу важен факт што американската јавност го игнорира, е дека после терористичкиот напад на 11 септември 2012 во американскиот конзулат во Бенгази, американскиот генерал и адмиралот кои барале дозвола од американскиот претседател за извршување на операција за спасување на персоналот од конзулатот, биле разрешени и отпуштени од страна на истиот претседател на САД - Барак Хусеин Обама - кој 2 месеца подоцна, во ноември 2012, беше реизбран за втор претседателски мандат по ред.
Ако 11 септември 2012 не беше доволен доказ дека САД ги поддржуваат тотално погрешните луѓе во муслиманскиот свет, тогаш не знам кој доказ дополнително им бил потребен.
Можеме до бескрај да дискутираме околу тоа дали Барак Хусеин Обама е исламист, бидејќи факт е тоа дека е син на татко муслиман и бил израснат од муслимански очув, или едноставно е глупав и наивен, па поради една од овие две причини, ги игнорирал предупредувањата од американските разузнавачки служби.
Но се разбира, тука е и третата опција - дека САД намерно ја поддржуваат Турција во нејзината борба за влијание на блискиот исток, бидејќи така можат да го изолираат Иран, а ако цената која треба човештвото да ја плати е етничко чистење на блискиот исток од немуслиманско и курдско население, тогаш САД го прифатиле ваквиот цех, поради што ги игнорирале извештаите и предупредувањата од американските разузнавачки служби.