Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде сега ова? Дај нешто да прочитаме. Кавказските народи, сиријците и либанците биле персијци. :cautious:
Ваква теорија не сум сретнал.

Како си подели голем дел од светот, со стотици народи и религии, на каубојци и индијанци, алал да ти е.

Па не треба баш теорија, туку познавање од историја, како на пример, историјата на Персиската Империја, руско-персиските војни од 17-от до 19-от век и бројни други историски податоци.

А инаку ова се општо познати историски податоци, а не приказни од пвеводбениците кои ги величат Аце Велики и неговите антички авантури.
 
Јас знам Иран се кажуваат персијци а за другиве биле во склоп на империјата ама колку што знам арапи се кажуваат
 
Од каде сега ова? Дај нешто да прочитаме. Кавказските народи, сиријците и либанците биле персијци. :cautious:
Ваква теорија не сум сретнал.

Како си подели голем дел од светот, со стотици народи и религии, на каубојци и индијанци, алал да ти е.
Слично како што се група Словените, исто така постојат и групи со Персиска група на народи, или некои ги викаат Пашту народи. Арапите(Семити) и Турците(Алтајски народ од жолта раса) се ентитети, кои подоцна го освојуваат ова подрачје и ја шират својата култура. Генетски народите останале горе доле исти, културата и јазикот се тие што се промениле.

Земи ги на пример Азербејџанците (држава која го носи името на Хазарското(турско) царство), кои зборат Турски имаат Турска култура, и цврсто Турско самоопределување и спореди ги со Турците од Казахстан на пример за да ја видиш видливата физиономска разлика.

Во прашање е културно-јазична асимилација која претежно иде преку религијата или преку таканаречениот данок во крв.

Ако отидеме понатака со споредба на јазиците и физичката антропологија, тогаш редно е да се запрашаме како тоа Унгарија и Финска зборат Алтајски јазици, слични на оние што ги зборат Турците и Моноголите.

Тоа дали еден човек се осеќа како Македонец или Кинез или Банту црнец, ретко може да го скрие неговото физичко антрополошко потекло кога се работи за определби кои припаѓаат на различни групи народи како што се индоевропјани и семити, а да не збориме за различни раси, како што се жолтата и белата. Тука е јасна и гласна разликата, Арапите се семитски народ, Турците се жолта раса, па така тие „арапи“ кои не се семити, генетски не се ни арапи, туку се арабизирани, а тие „Турци“ кои не се жолта раса, генетски не се Турци туку се потурчени.
 
Има некој некоја нова информација околу војната во Кобане, близу границата на Турција?
Лоши вести пријателе. :(
Јави се одма, види роднините и пријателите живи ли се.

Во воздушните напади убиени стотици милитанти на ИСИС, Курдите ја враќаат контролата врз Кобане
 
Доколку се поставуваше прашањето за неефективноста на американските бомбардирања и случајните погрешни испораки на муниција и храна кои завршуваат во раце на ИСИС, сега преку Турција ја видовме дволичноста на западот кој се обидува да лажира наводна борба против исламистите под чиј изговор ќе ги напаѓаат позициите на Курдите и Сириската армија.
Сето ова затоа што беа блокирани претходно во намерата да интервенираат во Сирија против Асад, па мораат да направат диверзија као бајаги се борат против ИСИС, а уствари им го расчистуваат патот како да се нивна авијација.

Приказната има за цел да внесе амерички војници во Сирија, а борбата против ИСИЛ им е лажен мотив.

Под тие приватни војски никогаш не знаеш кој точно оперира, во Ирак истите им служеа на Американците да си ги операт рацете од обвинувања за воени злосторства.

Турција има свои интереси, кои се разликуваат од тие на САД, иако двете земји се во сојуз. Очигледно е дека Турција ги поддржува ИС, бидејќи ИС се борат против Курдите, кои се најголемиот непријател на Турција. САД од друга страна, сакаат против тежа на ИС (и на Турција, Иран и сл) и оттука ги поддржуваат Курдите, што, нормално е сосем спротивно на тоа што го прави Турција.
Не треба да се гледа на Турција и САД како едно, впрочем, тие се две спротиставени сили (различни интереси) на Блискиот исток, иако двете се наоѓаат во ист сојуз.

Дека САД ги помагаат Курдите на сметка на ИС е фактот што во неколку наврати во последните недели, Курдите помогнати од САД, добијаа значителни територии во Ирак и одбранија (или се во тек) доста територии од ИС.

Сепак, Асад е заедничка цел на Турција и САД.
 
Хахахахахах, живи се прашав ццц.
Добро е. Нека се тресат кафирите кога ќе се вратат. Најпрвин очекувам пароли на ИСИС и на нашите цркви, а не само на косовските.
isis-pecka-patrijarsija-muhamed-beciri-foto-ap-beta-i-fonet-1413274310-580953.jpg
 
Не измислувај! Нема вакви орки кај нас, еве прашај ја Јанкуловска дали до сега некој е уапсен. Не? Ете, видиш?
 
Sepak, iako zaminuvanjeto na Asad e zaednickiot interes na SAD i Turcija, sepak ne moze a da ne konstatirame promena na retorikata na SAD vo odnos na ova prasanje. SAD, koi pred nesto poveke od godina dena bea sosema blisku do voena intervencija vo Sirija so cel smena na rezimot, vo posledno vreme se odnesuva sosema razlicno i veke izostanuva upornata retorika za zaminuvanje na Asad. Toa ne e slucaj so Turcija. Zivo me zanima kako i dali voopsto ke mozat SAD i Turcija barem vo eden del da gi usoglasat svoite interesi i da imaat zaednicki nastap, ili na povidok e zaladuvanje na odnosite. Jas mislam deka e ova vtoroto i deka Erdogan se ima preceneto vo celiov haos, pa nisto cudno e da bide kaznet od Amerikancite poradi svoeto prkosenje na amerikanskata politika. Inaku, denes imame i izjava od Germanija koja se odnesuva na PKK i se ostava moznost za nejzino vooruzuvanje vo kampanjata protiv ISIL, no kako navodno toa ne bilo protiv Turcija, sto sekako zvuci mnogu smesno i neuverlivo. Fakt e deka Kurdite se vazen faktor na Bliskiot Istok i sigurno ke bidat maksimalno iskoristeni vo periodot koj sleduva.
 
САД би сакале Турција да напредува и не вервам да се заладат односите, зошто знаеме дека САД и Русија се едни против други, па мора да си имаат моќни сојузници, држави со кој се во добри односи, ама ете сепак да видиме
 
Еве до што води насилното наметнување во Европа на мултикултурализам и либерализам 18 +
http://imgur.com/pn9dZlg

Па не треба баш теорија, туку познавање од историја, како на пример, историјата на Персиската Империја

Кавказските народи сите со исклучок на осетинците (ирански народ) и Ерменците (наследници на античките Фриги) се сино - кавказки народи кои културно и јазично се многу различни од индоевропеjците.

Cиријците и либанците се Арапи (семити).

редно е да се запрашаме како тоа Унгарија и Финска зборат Алтајски јазици, слични на оние што ги зборат Турците и Моноголите.

Унгарците и Финците зборуваат на угро - фински јазици кои имаат најголемо ширење во регионот на Урал, не во Алтај. Угро - Финската група јазици е сосема поинаква и посебна од Алтајската група јазици кон кои спаѓаат кореjски и јапонски.

Земи ги на пример Азербејџанците (држава која го носи името на Хазарското(турско) царство), кои зборат Турски имаат Турска култура, и цврсто Турско самоопределување и спореди ги со Турците од Казахстан на пример за да ја видиш видливата физиономска разлика.

Тотално не познаваш историјата на овој регион и овие народи поради што не ти се јасни многу работи.

Етнонима на Азербејџанците и името на нивната држава доаѓа од името на античката персиска област Ata/e/urpatakan(a) *Атарпатакан, а грко-римските хроничари ја нарекуваат Атропатена. Етимологијата на името Азербејџан е иранска и доаѓа од мидиjските зборови *atar - оган + patia - заштитувам + kan - страна, област. Името на оваа област значи - страна чувар на светиот оган. Светиот оган е непроменлив атрибут во зороастризма кој многу историчари го нарекуваат религија на огнепоклонниците.

Современото име на Азербејџан доаѓа од арапската форма на персиското име Атарпатакан која во арапски се пренесува како Adurbajgan,Aderbajgan,Aderbazkan,Azerbajgan.
 
Последно уредено:
Cиријците и либанците се Арапи (семити).
Генетски не би рекол дека се семити, културно и јазично се асимилирани.

Унгарците и Финците зборуваат на угро - фински јазици кои имаат најголемо ширење во ројона на Урал, не во Алтај. Угро - Финската група јазици е сосема поинаква и посебна од Алтајската група јазици кон кои спаѓаат кореjски и јапонски.
Работата е едноставна, Унгарите, Хунгари - Хуни, престолнината на атила била таму. Знаејќи го начинот на ширење на Турците и данокот во крв, едноставно биле асимилирани. А што се однесува до јазикот, постојат 2 групи на лингвисти оние кои се прават наудрени и и ги сметаат како засебна група на јазици и покрај очигледните сличности со Алтајските јазици и оние кои ги сметаат во групата на Алтајски јазици.
the family itself (then called Finno-Ugric) was established in 1717, though the classification of Hungarian as a Uralic/Finno-Ugric rather than Turkic language continued to be a matter of impassioned political controversy through the 18th and into the 19th centuries.

Тотално не познаваш историјата на овој регион и овие народи поради што не ти се јасни многу работи.

Етнонима на Азербејџанците и името на нивната држава доаѓа од името на античката персиска област Ata/e/urpatakan(a) *Атарпатакан, а грко-римските хроничари ја нарекуваат Атропатена. Етимологијата на името Азербејџан e е иранска и доаѓа од мидиjските зборови *atar - оган + patia - заштитувам + kan - страна, област. Името на оваа област значи - страна чувар на светиот оган. Светиот оган е непроменлив атрибут во зороастризма кој многу историчари го нарекуваат религија на огнепоклонниците.

Современото име на Азербејџан доаѓа од арапската форма на персиското име Атарпатакан која во арапски се пренесува како Adurbajgan,Aderbajgan,Aderbazkan,Azerbajgan.
Зошто да биде проста и едноставна вистината кога може сложена да биде лагата. Хазарско царство, автентично Турско царство со Турски канови кое траело неколку векови, така да мене повеќе ми изгледа дека е поврзано со денешната Турска република Азербејџан, отколку да изведуваме некое име колку само да најдеме врска која ни одговара. Едноставно е многу полесно Хазари--->Азери поготово ако го имаме во предвид безгласното Турско х.

Што се однесува пак до тн сино-кавказијци тие не се автентични народи во тоа подрачје, тоест се дојдени со некакви освојувања или како економска миграција, слично како ромите. И ако веќе навлагаме во детали, Грузијците се најчудната алка на Кавказот, тие не спаѓаат во ниедна јазична група.

Пак ќе кажам, јазикот не го прави човек генетски нешто што не е. Финците и Унгарците ги зедов како пример на народи Културно и јазично асимилирани од азијати од жолта раса. Тоа што зборат поинаков јазик, генетски не ги прави жолта раса. Исто така реков во тој контекст дека без разлика што Сиријците зборат и се осеќаат Арапи, генетски тоа не се. Истото важи и за Мало-азиските Турци и за Азербејџанските Турци. Колку сакаат они нека се осеќаат Турци, тие се само потурци. Расата ги издава.
 
Screen_Hunter_818_Oct_17_00_13.jpg

Еден извадок од документарниот филм за почетокот на вахабизмот и радикалниот ислам од Чеченија до Босна.
Во 12:08 се спомнува “добротворниот“ фонд Али Харамејн со седиште во Сауди Арабија.
Околу 50 милиони долари биле наменети за изградба на џамии, исламско образование и публицистика. 10% од овие пари завршиле во Чеченија и била најдена директна врска со Осама, поради што работењето на овој фонд е запрено со решение на СБ на ООН.
Овој продолжил со својата работа под разни други имиња, меѓу земјите како Албанија, Авганиста, БиХ и др.
 
Слично како што се група Словените, исто така постојат и групи со Персиска група на народи, или некои ги викаат Пашту народи. Арапите(Семити) и Турците(Алтајски народ од жолта раса) се ентитети, кои подоцна го освојуваат ова подрачје и ја шират својата култура. Генетски народите останале горе доле исти, културата и јазикот се тие што се промениле.

Земи ги на пример Азербејџанците (држава која го носи името на Хазарското(турско) царство), кои зборат Турски имаат Турска култура, и цврсто Турско самоопределување и спореди ги со Турците од Казахстан на пример за да ја видиш видливата физиономска разлика.

Во прашање е културно-јазична асимилација која претежно иде преку религијата или преку таканаречениот данок во крв.

Ако отидеме понатака со споредба на јазиците и физичката антропологија, тогаш редно е да се запрашаме како тоа Унгарија и Финска зборат Алтајски јазици, слични на оние што ги зборат Турците и Моноголите.

Тоа дали еден човек се осеќа како Македонец или Кинез или Банту црнец, ретко може да го скрие неговото физичко антрополошко потекло кога се работи за определби кои припаѓаат на различни групи народи како што се индоевропјани и семити, а да не збориме за различни раси, како што се жолтата и белата. Тука е јасна и гласна разликата, Арапите се семитски народ, Турците се жолта раса, па така тие „арапи“ кои не се семити, генетски не се ни арапи, туку се арабизирани, а тие „Турци“ кои не се жолта раса, генетски не се Турци туку се потурчени.

Јамајка, проблемот со твоиве мислења е што премногу симплифицираш и пробуваш да ги поставиш земјите во два табора кои се сојузници и се борат за превласт. Нешто како порано во маало, еј се скараа Русија и САД и сега кој повеќе другарчиња ќе собере зад себе, па САД ќе ги викнат британците, па русите ќе ги соберат Кина, Индија и ќе се сретнеме во 7 зад школо на ферка.

Работата е многу покомплицирана. Секоја земја си има свои интереси кои се поклопуваат за некои работи, за други се разликуваат.

На пример, да ги наречеш сојузници САД и Саудиска Арабија - сојузници е преувеличување. Што имаат заедничко САД и радикална шеријатска монархија? Ништо. САД и СА се бизнис партнери, ништо повеќе. Саудијците знаат дека кога ќе заврши бизнисот, завршува и соработката. Дури и Русија и Белорусија, ќе речеш сојузници, ама прочитај колку спорови имаат за цената на гасот. 1, 2, 3.
Додај на сето тоа што денес Белорусија профитира од санкциите спрема Русија, со купување на прехрамбени производи од Европа, кои се препакуваат во Белорусија и се продаваат на рускиот пазар како Made in Belarus.

Турција има свои интереси, кои се разликуваат од тие на САД, иако двете земји се во сојуз. Очигледно е дека Турција ги поддржува ИС, бидејќи ИС се борат против Курдите, кои се најголемиот непријател на Турција. САД од друга страна, сакаат против тежа на ИС (и на Турција, Иран и сл) и оттука ги поддржуваат Курдите, што, нормално е сосем спротивно на тоа што го прави Турција.
Не треба да се гледа на Турција и САД како едно, впрочем, тие се две спротиставени сили (различни интереси) на Блискиот исток, иако двете се наоѓаат во ист сојуз.

Дека САД ги помагаат Курдите на сметка на ИС е фактот што во неколку наврати во последните недели, Курдите помогнати од САД, добијаа значителни територии во Ирак и одбранија (или се во тек) доста територии од ИС.

Сепак, Асад е заедничка цел на Турција и САД.

Постов ти е на место.

Единствено што сакам да додадам е гледам многумина ја преувеличуваат поддршката на Турција спрема ИСИС. Не дека нема никаква поддршка, сигурно се споделуваат некои разузнавачки информации, само тоа стана реалност подоцна во конфликтот.

Кога започнаа протестите против Асад во Сирија, па започнаа првите вооружени судири помеѓу војската и секуларната Слободна Сириска Армија (ССА), составена од пребегани војници, офицери и цивили, сите очекуваа дека американците ќе го бомбардираат Асад и дека војната ќе заврши брзо, нешто како во Либија.

Турците од почетокот ја поддржуваа ССА. Најмногу им одговараше набрзина да дојдат на власт секуларни арапи со благодарност и наклонетост спрема Турција, пред да почне земјата да се распаѓа и да се формира курдски области, енклави и не дај боже, курдска држава.
Иран нормално застана зад Асад. Саудијците испаничија дека ќе немаат глас во пост-воена Сирија, дека ќе нема странка која би ги застапувала нивните интереси и почнаа да уфрлуваат радикални исламисти во земјата. Од како се поставија така работите, сите чекаа америте да му стават крај на Асад, за да ја "делат" Сирија, поточно власта и интересите во Сирија.

Единствен проблем беше тоа што на американците после две долги војни во Ирак и Авганистан, не им беше дојдено до нова, плус уште се чувствуваа последиците од финансиската криза, па започна голема кампања против интервенција. Масовно се јавуваа до конгресмени, пишуваа писма од типот на ако гласаш за војна, на следните избори го губиш мојот глас. Обама виде колку е саатот и дека таква одлука би била доста непопуларна за него и неговата партија, па топката ја префрли кај Конгресот и остави тие да одлучат. Замисли сега да си конгресмен во изборна единица од 20 000 гласачи, а ти стигнуваат 5 000 писма против војната. Знаеш дека ако гласаш ДА е политичко самоубиство. Многу од конгресмените беа ПРОТИВ и без притисокот на јавноста.

Одлуката да не се интервенира, сменаа многу работи на терен. Откако пропаднаа надежите за брза војна, ИСИС преминаа на план Б и почнаа да заземаат делови од Ирак. Во моментов не сум сигурен и колкаво влијание имаат саудијците врз ИСИС, од причина што ИСИС се скоро самостојни, имаат пари од банки, откупи, продавање нафта, имаат наоружување запленето од сириската и ирачката армија. Можно е чудовиштето да станало self-aware. Исто и на турците им пропаднаа плановите за брзо сменување на власт и почнаа да им се остварува стравот од курдска држава. Додатен фактор е и поддршката на курдите од страна на Израел, повеќе како контратежа и реванш за турската поддршка за Палестина. И тука турците веќе започнаа да сменуваат страни, им спласна ентузијазмот за ССА и почнаа да речеме да навиваат за ИСИС од причина што овие немилосрдно ги напаѓаат курдите. Сепак, како што реков погоре мислам дека поддшката е повеќе од разузнавачки вид и слободен транзит на доброволци. На турците им одговара што е можно повеќе двете страни да се испоубијат меѓусебно. На крај можно е Турција да испрати војска за да расчисти терен под претекст дека треба да ја обезбедат границата и сл.
 
Последно уредено:
АНKАРА ГИ ОДБИ БАРАЊАТА НА ЗАПАДОТ

ТУРЦИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА КОРИДОР ЗА КУРДСКИ ДОБРОВОЛЦИ ДО KОБАНЕ

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B185EFA122BDAD44922C8C8802557690
Подло! Им попречувале на курдските засилувања да стигнат до фронтот во градот Кобане .

Анкара не им дозволува на борците на забранетата Работничка партија на Kурдистан (ПKK), чии позиции во понеделникот ги бомбардира поради судири со турските сили кај Дијарбекир, да прејдат во Kобане преку нејзината територија. Приодот до Kобане инаку е можен само преку северната страна преку само километар оддалечената турска граница, што ги разгневи турските Kурди, кои се заканија дека ќе ги прекинат мировните преговори со Анкара почнати во 2013 година, со кои требаше да се стави крај на нивниот бунт започнат во 1984 година, во кој досега загинаа над 40 илјади луѓе.“
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom