Бев на предавање од УСАИД за Комуникациски вештини и деловна етика, каде што имаше неколку вежби за однесување, облекување, гримаси, потези кои треба и не треба да се прават на интервју.
АМА кога си на интервју, каде најчесто се има трема, во реалноста да се контролираш за време на интервју, воедно да одговараш, да бидеш примерен и да пазиш на детали како потези и гримаси е доста тешко.
Сум била на неколку интервјуа кои наместени, кои ненаместени, некаде ме испрашуваа на македонски, некаде се на англиски, некаде мешано, па имаше колективни интервјуа не само индивидуални, неколку интервјуа ми ги вршеле лица од човекови ресурси кои тоа го имаат учено, некаде секретарки и обични вработени кои немаат благе везе, некои траеле 5 минути, некои 45 минути. Да не зборам за државни службеници интервјуата каде некои не знаеја на македонски да ми зборат.
Многу е битен првиот впечаток што ќе го имаат луѓето за вас.
И мене да ми дојдат 100 луѓе за работа тешко е да се избере само еден, веројатно тоа ќе е некој кој ќе ми остави голем впечаток, но никогаш не се знае дали е тоа вистинскиот избор.
А кога се оди на интервју обавезно отворете интернет и прочитајте се за компанијата. 90% прашуваат што знаете за неа и каде сте аплицирале и што мислите дека би работеле.
И секогаш смислете си позитивни ваши карактеристики, но и негативни! Е гледајте кога ќе кажувате негативни да најдете и позитивност во нив
На неколку интервјуа сум била презадоволна од себе и од одговорите па испаднало дека ни ми се јавиле ни ништо. А интервјуто од кое бев најнезадоволна и многу исреволтирана испадна да ми се јават повторно.