Искуства од Интервју

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.605
Поени од реакции
2.646
Има тема, Интервју, што сега? Меѓутоа таа е како да се припремиме за интервју. Меѓутоа, ја отварам оваа тема да споделите лични искуства од интервјуа, кои прашања ви ги поставиле, како сте одговориле, дали ве примиле и тн.
Мислам дека многу ќе им користи на идните кадри да знаат одприлика што ќе ги очекува на интервју.
Можи да ја залепите темава со погоре спомнатата, меѓутоа мислам дека вака е повидливо.
 
Зависи за што аплицираш. то ес за кое работно место. Има неколку правила во врска со тоа кои треба да се испочитуваат:
- Look - Скромно облечен, избегнувајте ги фармерките особено во хип хоп стил, извадете го пирсот, никако нападна шминка, избегнувајте ги спортските патики и екстремно високите потпетици, хулахопки ( чорапи ) еднобојни без дизајн, никако shine.
- Говор на телото - при разговорот бидете дирекни на одговорите од прашањата, сталожени и без многу мафтање со рацете, дајте му до знаење на соговорникот ( работодавачот ) дека вие сте најдобри за таа работа, во помалите компании можете и разговорот да го свртите на некој предлог идеја, но немојте премногу да се отпушате.
На разговор дојдете со пенкало ( без партиски или било какви ознаки ) и бележник.
Горе доле отприлика тоа е, но све зависи во која компанија аплицираш и за што аплицираш и со кого го водиш интервјуто - агенција, работодавач, иден колега/колешка.
 
Зависи за што аплицираш. то ес за кое работно место. Има неколку правила во врска со тоа кои треба да се испочитуваат:
- Look - Скромно облечен, избегнувајте ги фармерките особено во хип хоп стил, извадете го пирсот, никако нападна шминка, избегнувајте ги спортските патики и екстремно високите потпетици, хулахопки ( чорапи ) еднобојни без дизајн, никако shine.
- Говор на телото - при разговорот бидете дирекни на одговорите од прашањата, сталожени и без многу мафтање со рацете, дајте му до знаење на соговорникот ( работодавачот ) дека вие сте најдобри за таа работа, во помалите компании можете и разговорот да го свртите на некој предлог идеја, но немојте премногу да се отпушате.
На разговор дојдете со пенкало ( без партиски или било какви ознаки ) и бележник.
Горе доле отприлика тоа е, но све зависи во која компанија аплицираш и за што аплицираш и со кого го водиш интервјуто - агенција, работодавач, иден колега/колешка.

Сето ова што го напиша е ОК и е некој кодекс на однесување при интервју, НО сето ова паѓа во вода кога работодавачот ќе види дека не знаете да го работите она за што тој ве повикал на интервју. Шминкерството и манирите да, претежно ако барате работа во државна администрација(освен партиската книшка и заслугите за партијата). Коминикативност, пристојност во однесувањето и облекувањето се доволни. Главниот фактор е ЗНАЕЊЕТО и ИСКУСТВОТО !!! Ставете се вие во улога на работодавач. Би вработиле некој дрвен адвокат со манири или некој кој знае да го работи она што се бара од него,а?
 
Ставете се вие во улога на работодавач. Би вработиле некој дрвен адвокат со манири или некој кој знае да го работи она што се бара од него,а?
Зато се вика на интервју да се види дали знае или не знае да ја работи работата која ќе му биде зададена. Имаш и тест период... но сепак ми се чини дека е најбитен првиот контакт.
 
Зато се вика на интервју да се види дали знае или не знае да ја работи работата која ќе му биде зададена. Имаш и тест период... но сепак ми се чини дека е најбитен првиот контакт.

Toa e твое мислење но не се согласувам. Добриот впечаток при првиот контакт ќе падне во вода набргу доколку не си квалификуван, искусен и вешт во работата која се бара од тебе.
 
Абе се океј тоа, ама како ја да стекнам искуство ако претходно не почнам негде да работам за да го испечам занаетот. Значи мора негде да почнам па да може да му кажам на работодавачот воа работев, волку време искуство имам , вакво искуство итн.
Сега за да почнеш да работиш ти требаат врскиии. Само така се вработува, поинаку не.(и партиски океј тоа веќе го знаеме)
 
А бе не да кажувате како треба. туку ИСКУСТВА ваши ко сте биле. што ве прашале, како сте поминале, ве вработиле ли, како сте одговориле.
 
Toa e твое мислење но не се согласувам. Добриот впечаток при првиот контакт ќе падне во вода набргу доколку не си квалификуван, искусен и вешт во работата која се бара од тебе.
Секако дека ќе падне во вода ако конкурираш за некое работно место кое не си ни од далеку квалификуван за тоа работно место, но ако се јават 3-4 луѓе кои и те како се клавфикувани, а ти спаѓаш меѓу нив тогаш пресудно е првиот впечаток и контакт.
Имаше еден филм шпански ( ова е единствен филм шпански кои ми се допаѓал, поѓаволите ) слично како и темата. Собираат 10-тина кандидати за и ги затвараат во една просторија... насловот не му го знам но е поврзано се еден вид психолошки тест - ај помош некој кој го гледал.
 
инаку темата е да кажете за вашите искуства од интервју а не за да кажувате начини на однесување... па ајде да читнеме некое искуство
 
ТоЈ: Од Скопје си?
Јас: Не.
Тој: Сакаш да......
Јас: Не.


Толку беше моето интервју кои што првично и не беше замислено како интервју го откачив набрзина :icon_lol:.
 
Ма какво интервју, тоа е само мачкање очи. Ќе те викне, 3 минути, ќе те прашува нешо безвезе колку да му пројде времето и да го оправда "непристрасниот" и "ненаместениот" оглас во весник. Бев неколку дена пред нова година, во агенција за недвижнини позната на балканов. Влагам и ме испрашуваше една типка 2-3 год. повозрасна од мене, шо едвај збореше литературен јазик и среќна околност што ја разбирав по малку:tapp:. Бараа правник, и сеа ме прашува што конкретно студирам. И викам на мастер студии 5-та година-кривично право дека сум. И наредно прашање (со цел памет ме прашува) беше дали сум учел финансово право досеа, зашо сум морал да го знам Законот за данок, бидејќи тие работеле со имот, па да сум го знаел колкав бил:tv:. Поминаа тие 3 мин. рече ќе се јават бидејќи имало премногу пријавени:bip:....еве дојде средина на февруари, а ја сум пред монитор и пишувам на форум :)
 
Бев на предавање од УСАИД за Комуникациски вештини и деловна етика, каде што имаше неколку вежби за однесување, облекување, гримаси, потези кои треба и не треба да се прават на интервју.
АМА кога си на интервју, каде најчесто се има трема, во реалноста да се контролираш за време на интервју, воедно да одговараш, да бидеш примерен и да пазиш на детали како потези и гримаси е доста тешко. :)

Сум била на неколку интервјуа кои наместени, кои ненаместени, некаде ме испрашуваа на македонски, некаде се на англиски, некаде мешано, па имаше колективни интервјуа не само индивидуални, неколку интервјуа ми ги вршеле лица од човекови ресурси кои тоа го имаат учено, некаде секретарки и обични вработени кои немаат благе везе, некои траеле 5 минути, некои 45 минути. Да не зборам за државни службеници интервјуата каде некои не знаеја на македонски да ми зборат.

Многу е битен првиот впечаток што ќе го имаат луѓето за вас.
И мене да ми дојдат 100 луѓе за работа тешко е да се избере само еден, веројатно тоа ќе е некој кој ќе ми остави голем впечаток, но никогаш не се знае дали е тоа вистинскиот избор.

А кога се оди на интервју обавезно отворете интернет и прочитајте се за компанијата. 90% прашуваат што знаете за неа и каде сте аплицирале и што мислите дека би работеле.
И секогаш смислете си позитивни ваши карактеристики, но и негативни! Е гледајте кога ќе кажувате негативни да најдете и позитивност во нив :)

На неколку интервјуа сум била презадоволна од себе и од одговорите па испаднало дека ни ми се јавиле ни ништо. А интервјуто од кое бев најнезадоволна и многу исреволтирана испадна да ми се јават повторно.
 
Еве ќе ви го предочам моето искуство од конкурсот на Tobacco - киосците во нивната централа во Скопје,поточно моето повратно писмо кое им го пратив откако не бев примен на работа,а кое го напишав револтиран од УСЛОВИТЕ кои ги бараат на конкурсот.

1.Условите кои ги нудите за запослување ви се катастрофални.Да се откажам од моето моментално работно место( без плави картони ),да ви одам на "пракса" 15 дена во туѓ град,без притоа да ми се платени транспортните и др. трошоци и покрај сето тоа пак да немам гаранција дека ќе бидам примен на работа е благо речено понижувачки и нечовечки.
2.Со такви услови и таков ваш однос,веднаш и автоматски мене ме губите како муштерија а замислете ако го постирам ова низ форумите каде има големо влијание слободната мисла и која има влијание и врз јавното мислење.
3.Откако ќе ги минам сите тортури,и бидам примен на работа,наместо да ми олесни и да можам да се концентрирам на работата,ми давате уште и т.н."ТАРГЕТИ" ??? кои ако два месеци едноподруго не ги исполнам автоматски третиот месец ми следува отказ.Зарем јас ќе бидам крив ако вашата компанија е не респектирана и нема интерес за нејзините п-ди на пазарот? Што ако е крива еве на пр.вашата маркетиншка служба,пак јас ќе страдам заради тоа?
4.Уште малку време ќе имате можност да поставувате такви кретенски услови за примање на работа во вашите конкурси,кога ќе се подотворат границите и при евентуален влез во ЕУ,ќе ви стане јасно за што зборувам,прашајте ги бугарите тие ќе ви објаснат подобро за недостатокот од кадри.
 
да го опишам моето последно интервју пред од прилика нешто повеќе од една деценија...

инаку јас сум по струка електричар и термичар...

огласот беше верувале или не во дневник на задна страна и сите ме убедуваа дека е тоа само регуларен оглас, а вработениот е веќе примен, за електричар во фирма за парно греење, што во моментот ми се виде одлично бидејки во една фирма се активни и двете мои струки. морам да напоменам дека во тој момент имав сопствен дуќан во кој работевме јас и сопругата трговија со текстил и работата трокираше на големо, плус сопругата падна тешко болна и заврши на операција во болница цели 3 месеци. периодот беше кога од бугарија се носеа пакети гардероба по пазариве за 2-3 чрвени... јас бев тотално сам и целосно изгубен... удрив катанецот на дуќанот и тргнав да барам работа. на договорено интервју на овој оглас доаѓам и:

1-јас
2-газдата

1-добар ден
2-добар ден. гледам во документов дека сте електричар
1-да електричар и термичар
2-да да видов дека сте и термичар, ама во моментов не ми требаат термичари. а вие што сте подобар, термичар или електричар?
1-јас по збунета фаца у живот не сум направил, ама се воздржав и му одговорив дека неможе да се мерат тие две работи дали си подобар во едното или во другото, туку и двете се тотално различни струку...
2-ние имаме веќе електричар еден, ама поради зголемувањето на фирмата и потребите ...бла бла бла... ни тереба уште еден (по токи воки го вика електричарот, он доаѓа и седнува до мене). еве ви една шема кажете што гледате на нејзе...
1-му ја прочитав цела, му ја појаснив како функционира, и на крај му реков дека има грешка во шемата, т.е. ако ова се пушти во погон ќе изгори одма, краток спој имаше т.е меѓуфазно врзување со спој...

е тоа да ти било трик или финта, намерно направиле грешка... отпосле дознав дека имало многу кандидати и никој не ја открил грешката а имало и електро инжињери,прочуени итн итн... следниот ден бев наработното место. по 15 дена се вклучив и во термичките проекти, за после 2 месеци да станам шеф на монтажерски екипи и после 1,5 година конечно да си отворам своја фирма и да си работам самостално и по струка, а не трговија да терам...

поентата ми беше дека паметните работодавачи секогаш имаат некој трик со кој ќе те испитаат дали и што се случува со тебе, колку си спремен да одговориш на работнте задачи и предизвици... ова може да биде и совет буквално и за продавачки во слаткара или бурекџилница. од тогаш, памтејки го начинот на кој мене ме тестираа истото и јас го правам на моите идни-потенцијални работници. целото интервју ми е со трик прашања, не претерано нешто, не сме на квиз нели, ама во зависност од одговорите што ќе ги добијам паѓа одлуката дали или не ќе се продолжи со тој човек...

ете ви искуство уште едно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom