Исцелител Брацо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Apash
  • Време на започнување Време на започнување
размислувам...
размислувам...
размислувам...
размислувам...

тоа е тоа... ќе си се цитирам од прееска, убаво сум си кажал...
Камо среќа никогаш да не осетиш што значи очај у кој не се прашуваш ништо освен како да (си) помогнеш.
Пошо тогаш и у Брацо, и у Ноне, ако ти речат дека има супер моќи, ќе веруваш.
Бедно е да нарекуваш некој глуп, само затоа што е у агонија. Пошо и ти може еден ден да се најдеш у истата.
 
како што знам за човеков порано една познајничка моја отиде стварно помагал(некој ке рече и ти ли веруваш).
Пари не зима како што знам туку само цвеке се носи да се остави.
Саа у Скопје некој ак сее правил паметен и каро гоо гледал ставил е карта и как шо видех 250 денара.
 
Камо среќа никогаш да не осетиш што значи очај у кој не се прашуваш ништо освен како да (си) помогнеш.
Пошо тогаш и у Брацо, и у Ноне, ако ти речат дека има супер моќи, ќе веруваш.
Бедно е да нарекуваш некој глуп, само затоа што е у агонија. Пошо и ти може еден ден да се најдеш у истата.

Се сложувам, само тоа погледнато од страна и објективно не ги прави воопшто паметни.
 
Камо среќа никогаш да не осетиш што значи очај у кој не се прашуваш ништо освен како да (си) помогнеш.
Пошо тогаш и у Брацо, и у Ноне, ако ти речат дека има супер моќи, ќе веруваш.
Бедно е да нарекуваш некој глуп, само затоа што е у агонија. Пошо и ти може еден ден да се најдеш у истата.
се надевам дека нема да се најдам во толку очајна ситуација...
а и да се најдам, биди сигурна дека „спасот“ нема да го барам во брацо или во некој сличен на него...
барем тоа го научив во овие 19 години :smir:
 
Се согласувам со ada и застанувам во одбрана на вината и клеветите кои им се префрлаат на кутриот народ кој беше се собрал вчера околу шарлатанот Брацо.
На темава се изначитав навреди врз народот кој се собра околу Брацо. Ќе цитирам неколку од нив...

Ебати рајата пореметена, да фати чоек на сите по еден шамар да му залепи таму шо беа...
Akmaci, bez vera vo nisto..
Патетичен, мутав народ...
зар стварно е толку е глупав балканскиов народ...
кој народ го имаме бе еј...
глупаци...

Тоа не се акмаци, мутави, глупави итн драги мои. Тоа е само кутар неинформиран и непросветлен народ, како што вели ada, народ во очај, во безизлез, кој како давеник се фаќа за сламка, бара спас за секоја цена и непознавајќи го Спасителот во Неговото вистинско откровение, се свртува кон брзводни бунари по секоја цена да се спаси себе или своето најмило.

Јас вината не ја наоѓам во нив. Тоа може да му се случи секому да се најде во таква ситуација. Наместо да ги осудуваме, подобро да му благодариме на Бог што нам не просветлил доволно за да не ја бараме надежта во луѓе, туку во Него, а исто така и да му благодариме што не дозволил толкава мака во нашите животи, мака која и покрај нашето разбирање, би била тешко искушение дури и за некои "просветлени" интелектуалци да скренат по вакви шарлатани од типот на Брацо. Не се залетувајте дека вие не би го направиле тоа. Сум видел многу луѓе што се потсмевале на вакви работи, па кога ги спотрефила некоја мака, одеднаш ги негираат своите поранешни изјави и посегнуваат по шарлатани. Затоа да не ги осудуваме овие очајни луѓе, туку да се молиме за нив, за нивно просветлување и Бог да им помогне во маките и воедно да благодариме на Бог што не поштедил нас да не се најдеме во очај сличен на нивниот - затоа што само Бог знае како ќе се одржиме ние во истиот јарем.

Ако веќе мора да се посочи виновникот, иако тоа е работа на Бог, јас сепак би типувал на официјалната доминантна православна црква. Речиси нема село во Македонија каде што нема православна црква. Народот, колку и да не е религиозен, ако ништо друго за Велигден и за Божиќ ќе помине во црква. А сигурен сум дека овие очајници што се собраа околу Брацо многу почесто одат во црквите да се молат за помош.
Но што се случива таму...

Поповите, наместо да им го проповедаат Христовото евангелие на овие очајници, тие им продаваат икони, свеќи, свети водички, православни календарчиња, бројаници и други амајлии и во овој апсект не се ништо поарни од бизнисменот Брацо кој, ако ништо друго, не го прави својот бизнис "во името на Бог" т.е. не го злоупотребува името Божјо во својот бизнис.
Поповите, наместо да ги учат луѓето дека нема спасение надвор од Христос, дека Бог е единствениот Кому треба да се молиме, да Го славиме и да Му се поклонуваме, тие ги учат да се молат на Марија, на свети овој, на свети оној, да се поклонуваат на свети овој, на свети оној, да ја слават и величаат Марија, света Петка, свети Ѓорѓија итн.
Поповите со векови ги учат овие очајници да слават луѓе, наместо единствениот Бог.
Поповите со векови им продаваат икони на овие очајници и им велат да се молат со зборивите: "Пресвета богородице, СПАСИ НЕ!", "Свети Никола, СПАСИ НЕ!", "Свети овој, СПАСИ НЕ!", "Свети оној, СПАСИ НЕ!" итн. епа зошто ви е чудно што истите тие луѓе вчера велеа: "Свети Брацо, СПАСИ НЕ!"??? Зарем не е тоа логична последица од вековната школа на православната црква која ги учи луѓето да бараат спасение од луѓе, наместо од Бог?

Имате ли претстава колку луѓе го сликаа вчера свети Брацо и колку икони се појавија од него во нивните домови? Свесни ли сте колку луѓе сега му се молат на него, му палат свеќи, се клањаат пред него и бараат спас во него? Но зошто да не чуди ова? Зарем тоа не е соодветна очекувана последица од учењето и праксата на православната црква која проповеда молење на светци, цртање икони од нив, молење и клањање пред иконите, нивно продавање за стотици па и илјадници евра?​

Затоа драги мои, не ги критикувајте и навредувајте овие кутри очајници, туку подобро критикувајте ги нивните духовни водачи кои не се ништо поарни од овој Брацо, затоа што и тие ги учат да се молат и поклонуваат на луѓе, да бараат надеж и спасение од ткн. "светци", затоа што и тие им продаваат разни амајлии за добри пари и сл.
Јас никаде не слушнав дека Брацо вели дека ова го прави во името на Бог, за разлика од православните великодостојници кои го молзат народот "во името на Бога". Значи, ако ништо друго, овој Брацо не го злоупотребува и не го валка името на Бог во целата негова пародија.
Поздрав!
 
Ова имево Брацо ме асоцира на оној од Кад порастем бичу Кенгур..
Удри Брацо!!! :pos:


:tapp:
 
Меѓу тие луѓе сигурно имало особи со дете/брачен партнер/родител на смртна постела. Имало и некои со години измачувани од болести...
Сигурно, барем половината дошле затоа што живтот така ги истепал, па не знаеле веќе кај да се свртат. Значи луѓе у агонија...
И дали се тие глупи, или се очајни и безнадежни?
Постои разлика.
И не знам дали и вие не би отишле кај секој шарлатан кој постои, ако животот на вашето дете, на пример, виси на конец.
Тогаш нема да прашувате и мислите за ништо. Ќе сакате само да купите спас, по било која цена.
Затоа размислете пред да ги наречете идиоти.

Како сакаш врти, дали мака ги натера или ѓаоло ги натера пак од овие луѓе ракетни научници не бива.

.........

Поповите, наместо да ги учат луѓето дека нема спасение надвор од Христос, дека Бог е единствениот Кому треба да се молиме, да Го славиме и да Му се поклонуваме, тие ги учат да се молат на Марија, на свети овој, на свети оној, да се поклонуваат на свети овој, на свети оној, да ја слават и величаат Марија, света Петка, свети Ѓорѓија итн..............

А па во Христос цело спасение на светот е собрано. Од вакви приказни за мали деца наивна ни е рајата, постари луѓе немале шанса да се стекнат со образование и единстена сколија му се приказните од „шарлатани“ како тебе.

Остај барем ти не му суди ко ништо покусо не останваш тука со муабетот. Ти викаш на Исус слепо да му верват и чуда ќе се дешават. Нема бе сине чуда, медицина е во прашање или има лек или нема, а ти после ако сакаш Исус и за мадиња фати го џабе ти е.

Таква е рајата, факат и Итар Пејо мафтосваше селани. Клише е ама си е на место, дур има офци ќима и волна.

Очај не очај незнам, ама да верваш па оти некој со поглед ќе ти помогни а доктори не ти помогнале треба да си во најмала рака ГЛУП.
 
Како сакаш врти, дали мака ги натера или ѓаоло ги натера пак од овие луѓе ракетни научници не бива.

Таква е рајата, факат и Итар Пејо мафтосваше селани. Клише е ама си е на место, дур има офци ќима и волна.

Очај не очај незнам, ама да верваш па оти некој со поглед ќе ти помогни а доктори не ти помогнале треба да си во најмала рака ГЛУП.
Кога емоциите ќе те притиснат, во случајот емоцијата на страв, нема рационално и објективно расудување.

Затоа у многу ситуации е и лошо да се инволвираш емотивно...затоа што тогаш не носиш објективна и конструктивна одлука.

Ок, секој дозволува до одреден степен да му го поматат емоциите разумот. Некои стигнуваат и до дереџе, Брацо да ги "гледа".

Ама рачунај ги за луѓе со оправдно поматена свест и рационалност кои е стварно неблагодарно, нехумано да ги судиш.
 
Кога емоциите ќе те притиснат, во случајот емоцијата на страв, нема рационално и објективно расудување.

Затоа у многу ситуации е и лошо да се инволвираш емотивно...затоа што тогаш не носиш објективна и конструктивна одлука.

Ок, секој дозволува до одреден степен да му го поматат емоциите разумот. Некои стигнуваат и до дереџе, Брацо да ги "гледа".

Ама рачунај ги за луѓе со оправдно поматена свест и рационалност кои е стварно неблагодарно, нехумано да ги судиш.


Јас разбирам дека се во агонија и дека им е тешко, ама во никој случај сопствената трагедија не ги прај помалку глупи. Сеа колку и да ми е жал за човек, ако е глуп пак тој ќе биди глуп за мене. Можи ради блага симпатија нема да му вриштам во лице дека е глуп, ама тешко дека ќе ми промени мислење.

Е сеа јас така гледам на работите и мислам дека агонијата нема никаква врска со глупавоста и наивноста. Пак си стојам на своето, агонија може да натера глуп човек да бара помош од врачој, паметен не.

Немој да ме сватиш погрешно, јас ова говедо шо ги лажи би го убил без око да ми трепни.
 
точно дека во таква состојба не се размислува многу, ама 10 000 во агонија ?

нееее ... јас се кладам еден куп бабиња беа таму оти комшивката маѓија му има фрлено.
 
Сигурно имаше и многу атеисти, дојдени само онака, да посматраат, онака...
 
Treba site ''isceliteli'' da se soberat i site u picku mater na nekoj pust ostrov.Gubrinja,zemaat pari od ocajni luge.

I koj kaza samo cveke treba da mu se odnese,koga karta za kaj nego e 500-1000 denari
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom