- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Ирска чекори кон признавањето на Македонија
Ирска го направи првиот чекор кон признавањето на уставното име на Македонија, пишува грчкиот весник Елефтерос Типос.
“Вчера беше потпишана двострана спогодба за избегнување на двојното оданочување. Во документот е напишано уставното име на Македонија. Спогодбата беше потпишана за време на посетата на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во Даблин и покрај претходните сигнали од грчката дипломатија кога ирските власти го заменија ФИРОМ со Република Македонија во односите со Скопје. Ирска е втората земја од 15-те стари членки на ЕУ, по Велика Британија, која изрази подготвеност да ја признае Макеоднија под нејзиното уставно име. Но, таа земја е една од пратнерите, кои изразуваат разбирање за грчката позиција во однос на кипарското прашање“, објавува весникот.
Според текстот, до доцна вчеравечер грчкото министерство за надворешни работи не дало официјална реакција.
“Задкулисно се преземаат дејствија признавањето да се ’замрзне’, но и да се сменат стиховите на ирската евровизиска песна, која во Скопје ја нарекуваат Македонија“, пишува Елефтерос Типос.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 15.04.2008 11:49:01
Што мислите ќе ја биде ли оваа работа или грците ќе направат нешто тоа да се спречи ?