Ја стварно не разбрав уште како Европа им е главна цел и на Америка и на Русија последниве 10 години. Нит има пари, нит има ресурси, нит има војска, нит има развој, внатрешно раскурцана до срж. Освен стари градби и уште постаро население во умирање, што ќар имаат и едните и другите?
Реално, што толку Европа им напраи? Русите што ги пласираа природните ресурси и направија едно чудо пари, или што ги испраа сите пари преку банките во Европа, не им чинеше? Или на американциве цело политичко бизнис и воено влијание што им се даде на тацна? Изгубена битка им е и на едните и на другите со мртвата Европа, никаков бенефит нема да имаат.
За што би им одговарала сиромашна Европа? Можда има некоја логична причина, ама јас не ја гледам.