Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ако одзумираш малку и ја видиш политиката и изјавите на Иранците пред војната, и ако ги погледнеш истите во текот на војната и после примирјето, ќе забележиш голема разлика во конзистентноста на ставовите. Особено последните неколку денови.
Можеби рано е да се кажи, но изгледа таму нема капетан на бродот, т.е. има повеќе капетани.
Колку повеќе време му даваш на таков брод, толку во полоша насока оди.

Не само тоа, наводно политичкото крило е изолирано и сега во целост револуционерната гарда презема контрола во Иран и ги прекинува преговорите од страв за покажување слабост а со тоа и куражење на внатрешните центри на отпор и општото мнение во земјата.
Исто така на блокадата на Хормуц од тие комуникации што се појавија ги повикуваат со Sepah navy што е морнарицата на иранската револуционерна гарда а не иранска воена морнарица. Тие ги контролираат комплетно арсеналот со проектили и сите паравоени формации во соседните земји. На ова ако се додаде дека регуларните вооружени формации во Иран не беа цел на досегашните воени дејствија, де факто мулите се борат за опстанок внатре во Иран и се консолидираат заедно со милициите во поголемите градови. Се што прават моментално е поради внатрешнополитички цели и примарно борба за преживување како структура. Дотука стигнаа јенките, сега не смеат да дозволат да куртулат мулите.





 
Можеби рано е да се кажи, но изгледа таму нема капетан на бродот, т.е. има повеќе капетани.
Колку повеќе време му даваш на таков брод, толку во полоша насока оди.
Ако капетаните имаат иста идеологија тогаш како ќе оди ситуацијата?
 
Ако имаа иста идеологија немаше да имаат различни ставови.
Чуварите на револуцијата и Армијата имаат различни ставови бидејќи кога пробаа да ја радкилано-исламизираат армијата овие им вратија многу остро. Затоа НГШ на вооружените сили е од Чуварите на револуцијата (гардата како што ја викаат), а не од Армијата.
 
Back
На врв Bottom