Никако не можеш овие да ги споредиш со Иран. Отоманска империја, Британска, која и да е, прво не биле ниту можело да бидат изолирани. Како ќе изолираш империја која има контрола врз територија на пола свет, или отоманиве кои биле раширени на три контитенти од Австрија до Иран и надоле во Египет? Овие империи држеле и поробувале туѓи територии и народи над кои биле доминантни. Во никој случај не биле ограничени со ресурси. Значи они со својата моќ и единство внатре во нив, кај нивниот народ, освојувале и поробувале други, послаби од нив. Во Иран имаш скроз различна ситуација. Иран е само на своја територија, свој народ (нормално има различни групи), но е изолиран и под санкции. Во таква ситуацкија, под толку санкции, опструкции, плус имаш цел западен свет предводен од САД, кој со неограничени ресурси на секој начин пробува да те поткопа и да предизвика раздор од внатре, еве лани и сега дури и со воена агресија, и пак не можат ништо. На 90 милиони народ, и 30 милиони да се против овој режим и систем, пак поголемиот дел го поддржува и затоа со децении не им можат ништо. На страна што откако почна војнава гледаме колку усвари народот не е за тој западен свет и "морал". Пак ќе кажам, со мојот светоглед, јас не можам да го поддржам тој нивни начин на живот и систем, зошто сум растен во скроз друг систем. Но, ниту јас ниту било кој може и треба да се меша и да му кажува на некој таму, илјадници колометри далеку, дека мора да живее по моите вредности и принципи. На крај краева, од каде па ние сме морални громади, во нашиве гнили општества да судиме што е исправно и дали е нашето исправно и морално во однос на нечие друго? Ние, западниот свет, за жал и ние спаѓаме во тој, иако ни приближно ги немаме гревовите нивни, дури сме и жртви на нивните гревови, кои сме ние да кажуваме и да јадеме говна за теократија, а не си ги гледаме говната у наш двор? Кога запад ќе почне да ти збори за некакви морални вредности, во кои веќе морал не постои, тоа е смешно.