Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Тие два Ц-130 биле погодени и морале да слетаат. На сликиве има дупки од куршуми. После пратиле други авиони или хеликоптери да ги соберат луѓето. Значи од неуспешна акција ја направиле успешна некако.
Ц-130 .... во спасувачка мисија, кај мислеле да слетаат и полетаат???????
...инаку... има куп видеа кај што локалци пукаат со се што располагаат по летечките спасители....
 
но и без да ги имаме можам безбедно да претпоставам дека главна причина за иселување од Иран е економска, слично како кај Бугарите
Не можам да се сложам во целост затоа што економската причина е само дел од причините за иселување, не и пресудна или основна причина. Имаш милијарда сведоштва на раселени кои коментираат против режимот и стегите со кои се соочуваат.

Околу споредбата со Хитлер, те сфаќам што сакаш да кажеш ама пак мислам не е соодветна споредбата. Гледаш дека и покрај сето ова што го прави Америка пак има голем број што не го поддржуваат истото, има и активни протести за тоа, нешто што во време на Хитлер било невозможно. Хитлер влегол во повеќегодишна војна против светот, сега нема Светска Војна, барем не за сега и дај боже никад да нема. Да сумирам, не сметам дека уредувањето во Америка допринесува да кажеме дека истото е лошо или не чини, едноставно политиката на државата и борбите за моќ, нафта, злато итн итн си го прават своето.
 
До резервисти носење дојде работава?

Тие два C130 заедно со четири MH6 little bird close support кои ги донеле мислам дека од сам старт се жртвувани. MH6 little bird е исклучително манервибилен, добро вооружен за поддршка на копнени операции и може да носи до 4 оператори на него. Многу краток домет, лесно оклопен.

Големи земји од аспект на пространство како Иран и во делови каде е рамно имаат купишта делови од патишта кои се користат (или може како во случајот) како полетно слетни писти за помали воздухоплови, нешто како Цесна но само (турбо)пропелерски модели заради прашината, песочни ветрови и сл, и не мислам дека има правење на било каква писта пред слетувањето.
Американската воена инженерија (НАТО) има техника каде ваквата почва ја третира со специјална течност и тоа станува како кошулица, ако е добро направено може комотно да слета C130 под полн товар, ако е кратка пистата за полетување се додаваат ракетни бустери. Проблемот е влагата т.е дожд, ако има многу влага бара многу време да исуши или ако заврне во меѓувреме почвата е бетер од претходно и буквално како малтер лепи на тркалата земјата и заринкува воздухопловот.

Значи ако правеле нешто е лошо изведено и заринкале, лоша проценка на земјиштето пред слетување и заринкале и мој фаворит ова е од старт планирано. Можно е да се евакуирани со VTOL Osprey во оваа ситуација.

Не се работи за типична експлозија на воздухопловите према остатоците, значи експлозивот е наменски носен да согорат максимално.
 
Тешко да поверува човек дека пензионираниов полковник е од Тексас, едвај ги задржува солзите.

Дали бидејќи неговиот претседател на ден кога протестантите и католиците, односно мнозинството американци слават Велигден, објавува коментар кој завршува со "слава на Алах", или бидејќи во само една спасувачка мисија американците изгубиле повеќе летала, пензионираниов полковник не го бива за блефирање, тешко дека би победил во партија на Тексас холд'ем покер.

За ова никој не зборува ама луѓево секоја вечер се собираат на улици откако почна војната. Секоја вечер.

За ова никој не зборува ама луѓево секоја вечер се собираат на улици откако почна војната. Секоја вечер.

Ке излезат и оро ке играат, ако те нема на протест утре 300 камшици а може и уши сечење. Зависи оџата како е расположен.
 
не на таа операција
целта на војнава
Па зошто искористи операција? :P
Синонимот специјална операција те збуни? :P

Не може да викате дека САД се успешни во операцијава, ако немате претстава која е целта на операцијата.
По истата логика:
Не може да викате дека САД се неуспешни во операцијава, ако немате претстава која е целта на операцијата.

Назад уште зборат за исходот на Виетнам и Авганистан после сите тие години, а за Иран бројат колку твитови на еден политичар се исполниле викендот, за да се прогласи победа или пораз. Кога Трамп твита е само некој небитен плеј, но никогаш не твита за да форумските воени експерти бидат навремено информирани или просечен мериканец да знае што неговата држава ќе прави следните две недели. Треба да не си ок да го држиш твитнатото at face value за време на војна и да велиш губат оти не фатило 2 дена како што ветено. Путин на пример, и другиот, дебелкото, гаат таков dont fuck with имиџ, па она што го гледаме можеби е само театар за светот и американска верзија на истото кога станува збор за црвени линии и нуклеарни гибања. Можеби непредвидливоста на Трамп и неговиот пештерски начин на општење е нешто кое сакаат една земја да го зема предвид во пресметките кога се преговара и војува - рецимо. Плус, изгласано беше дека Израел го држи за јајца, така да држење реалити шоу хост одговорен е тепање мртов коњ. А ако целта на војната е за иднината, не може никој да издвои победа уште сега, per design. Особено не со играње CSI: Iran, и зумирање во еден мртов или не војник. Или во два погодени или не хелохоптери. Луѓето тука мислат војната е статистика, забораваат дека кога врнат ракети е нешто опасно, додека ги чекаат да се истрошат. Америка овојпат силно се огради дека не е ова за носење демократија, немаше шанса да помине, интернет меме е тоа веќе. Ако збориме за целта на војната, може да збориме за импактот врз Кина, бидејќи тие скоро искористија економска нуклеарна закана при договорите за размена пред војната, поради што можеби ја форснаа раката на Америка во припремање за иднината. Можеме да збориме за ослабнување на регионот, контролирање ресурси и задржување статусот империја, или барем обид за тоа. Може и за задушување на шансата за нуклеарно оружје на Иран и лимитирање нивната ракетна способност. Силен Иран, може ова утре сам да го иницира, на пример. Заборавате сите како останатите земји развиле нуклеарно оружје, кои први, кои зошто, кои како, па збориме сега како тоа да е суверено право на секоја земја.
 
Па зошто искористи операција? :P
Синонимот специјална операција те збуни? :P
Трамп неколку пати ја нарече операција, исто како Русите да не ја врами во војна.
 
Е па токму во тоа лежи зајакот: Кои се дефинираните цели ?

Русија си има дефинирани цели во Украина, ги дефинираше во 2024 година и сеуште се држи до исполнување на истите. Дали и колку имаат или немаат успеано Русите во исполнување на дефинираните цели останува отворено прашање бидејќи руската воена интервенција во Украина сеуште трае.

САД од друга страна никако да дефинираат кои се нивните цели.

Прва недела: безусловна капитулација;
Втора недела: загарантирана победа, речиси готови се;
Трета недела: потреба од надворешна помош за отворање на Ормускиот теснец, кој да се потсетиме, не беше затворен пред 28 февруари 2026;
Четврта недела: тајни преговори, Иранците молат за прекин на огнот, ама никако да прекинат да возвраќаат на нападите;
Петта недела: или Иранците нека го отворат Ормускиот теснец, или ќе бидат вратени во камено доба.

И повторно нема дефинирани цели, а со недефинирани цели не може да се процени дали воената агресија која САД и Израел ја вршат против Иран од 28 февруари 2026 па наваму, вродува со плод или не.

А во меѓувреме додека се повлекува најголемиот носач на авиони од Индискиот Океан, па воздушните танкери ги преместуваат своите операции подалеку од ирачкиот воздушен простор, еве сега и спасувачка мисија која завршува успешно, но по пат резултира со уништување на воени летала, се настани кои секој може да ги толкува како сака.
 
Американски авиони уништени во Иран од страна на Иранците - Два.
Американски авиони уништени во Иран од страна на Американците - Три.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom