Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.431
- Поени од реакции
- 7.896
Тврдењето дека состојбата во Иран е „исклучиво“ резултат на внатрешниот режим е по дефиниција редукционистичко, бидејќи ги исклучува надворешните економски и геополитички фактори кои се објективно присутни. Посочувањето на тие фактори не претставува алиби, туку проширување на аналитичката рамка. Не станува збор за „замена на тези“, туку за разлика меѓу еднофакторско и мултифакторско објаснување.
Во однос на санкциите, никој не ги поставува како „олеснителна околност“ за репресија, туку како фактор што влијае врз економските и општествените услови. Во голем број случаи, изолацијата има ефект на зацврстување на постојните структури, што е релевантно за разбирање на динамиката, но не и за нејзино оправдување.
За регионалната политика, точно е дека Иран има активна и често конфликтна улога, но сведувањето на целата негова надворешна политика на една димензија („дестабилизација“) повторно е поедноставување. Меѓународните односи по правило вклучуваат повеќеслојни интереси, актери и стратегии.Да не споменувам дека пред конфликтов Иран беше на праг да нормализира односите со сите во регионот, особено со вахабите од Ријад. Супер што го остави педофилот што кажува приказни за човекови права. Истиот педофил си проектираше моќ со другачињата од Доха и воспоставија шеријат за слабеење на Иран и урнисување на Сирија и Ирак. 100.000 жртви во најмала рака онака од чиста љубов. Поради тоа ви изгледа некогаш грижата за човековите права таму смешна. Катар луѓето ги третира буквално како робови, овие за правата на педрите во Иран расправаат. Абе свашта.
Во однос на Владимир Путин, поентата не беше вредносна, туку логичка ако се користат различни критериуми за различни системи, тогаш заклучоците неизбежно стануваат неконзистентни, без разлика на конкретниот став.
Конечно, не сум бранел ниту еден режим, ниту пак сум оправдувал репресија. Правам разлика меѓу објаснување на причините и вредносна оценка на последиците. Изедначувањето на аналитички пристап со „одбрана“ е интерпретација, не факт.
Тоа што не се потврдува тезата за 40.000 убиени не е мој проблем, проблем е на тој кој ја тврди истата и треба да ја потврди.
Ако дискусијата остане на ниво на проверливи факти, конзистентни критериуми, тогаш може да биде продуктивна. Во спротивно, таа се сведува на спротивставени уверувања, а не на анализа.
Ова за Кадиров. Е аргумент од цртан филм. Или тој го пишувал е од цртан филм. Уште поголем цртан филм е тој во кој верува во вакви глупост. Бидејќи во Русија никој нема слушнато за намериве на Кадиров.
Посебно еве откако Путин во 2000та политиката и интересите ги дискутирал со Буш, и кои очигледно не се ништо поразлични од тие на Западот.
Путин испаѓа еврејски комунист од христијанска верисповест
Али штом Америте така рекле ондак тоа е.
Абе свашта...
Кои се тие надворешни фактори кои влијаеле на креирање на внатрешните политики во Иран? Ја нафрлаш тезата дека санкциите се тие кои условно речено ја зголемиле агресивноста на режимот за потоа да ретерираш на тоа дека во поширок контекст треба да се стави целокупната ситуација.
Токму тој поширок контекст го носи Иран во позиција да биде под меѓународни санкции. Режимот веќе бил репресивен, фактот што санкциите ги влошуваат животните услови за населението што пак се изразува преку пркосење кон владеачката номенклатура не може да биде олеснителна околност за ескалацијата во нивото на репресивно делување.
Иран нема конфликтна туку малициозна улога во регионот а и пошироко. Хезболах е активно вклучен во меѓународен шверц на дрога. Не знам на кој педофил алудираш , само знам дека Шимон Перес е тој што повикува на постигнување на мир во регионот а мулата е тој кој константно обезглавува или уништува некој. Слабеењето на Ирак во голем удел го има Иран преку огромната шиитиска популација таму и тоа е конзистентно уште од пред почетокот на војната помеѓу Иран-Ирак. Во ниту еден момент мулата немал искрени намери за помирување со никого, МБС го нарекува Хитлер отворено на интервју.
Тие луѓе на кои се повикуваш дека се робови во Катар, а ги има во ОАЕ и СА, тоа се воглавно странци, моментално таму има индијци колку во Мумбаи. Тука се прашувам што е тоа што ги тера тие луѓе да останат и да бидат робови и да не се вратат во Индија? Може дома е полошо, кој знае. Кога сме кај ЛГБТ заедницата, ме интерсира какво мислење има сегашниот ајатолах по тоа прашање, неофицијално...
Секоја релативизација на репресија е одбрана на истата, само во завиена форма. Што е полошо од отворена одбрана на истата.
Не знам од кај го ископа профилирањето на Путин како еврејскиот комунист со рисјанска вероисповест од тоа што сум напишал, солидна банализација.
Во секој случај добри сувопарни реплики.
Автоматски споено мислење:
Уште една чиста глупост изнесена. Асад многу малце има контакт со надворешниот свет, освен со доста близок круг на познаници. Русија е плејграунд за Мосад, штом они негираат дека има клинка. Веруваме дека е така.
Изјавата на Асад беше дека се враќа на својата професија како доктор во приватна пракса. Знам дека е офтамолог и работел ни Европа. Не знам колку е МОСАД присутен и активен во Москва, не сум добро избрифиран како тебе.
Последно уредено:


И Иван Путин Џуниор.
