Зошто толку го мразиш Вучиќ?Ја да сум на местото на Вучиќ, уште утре потпишувам за влез во НАТО!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто толку го мразиш Вучиќ?Ја да сум на местото на Вучиќ, уште утре потпишувам за влез во НАТО!
Тој е српскиот Грујо..! Брат му е српскиот Мијалков..Зошто толку го мразиш Вучиќ?
За сега добро се држи.Тој е српскиот Грујо..! Брат му е српскиот Мијалков..
Знаеш како заврши кај нас таа приказна?!
Плус таму, ученикот го надмина учителот...

Па кој вика дека Путин е љубител на Иран? Читни самиот што вика Иран за Сад и Русија. Шејтан еден и два. И тоа уште ехеее во времето на Садама.
Пак ќе кажам не коинзистентни ставови. Од генерализација Путин комунистот со синовите па до читни што вика Путин за Иран. Ах бе... Следно ќе биде пишување за геофизичкиот настан и да затвориме.
Од се ова што говореле. Комунистички држави со нјукс постабилни да ти биле од исламски режими со нјукс. Кој би рекол![]()
Незнам за Иран, ама знам за Русија. Во времето кога почна војната во Украина, сите ИТ Руси (ако не сите, тогаш 90%) што работеа за западни компании имаа отворена покана да се префрлат на запад или во најмала рака надвор од Русија. Сепак повеќето одлучија да останат во Русија.
За Иран претпоставувам дека е исто. Доста Иранци се школуваат на Европските универзитети, процентот на оние што остануваат во Европа после школувањето е доста помал од на пример Македонците кои остануваат.
Мислам дека имаш доста погрешна претстава и за Русија и за Иран.
Во ред.Има....
Не станува збор за тоа дали „ми одговара“ ставот, туку дали е аналитички конзистентен или има смисла.Тоа што не ти одговара ставот не значи дека не е конзистентен, напротив, поентата е дека Иран после доаѓањето на мулата на власт станува непријател на сите и константно го дестабилизира целиот регион, без разлика на религиозна или било каква друга припадност.
Путин е спомнат во контекст на промовирање и наметнување на конзервативни ставови вклучително и религија, а токму самиот тој потекнува од еден спротивставен систем на се она што го во јавноста сега го застапува, вклучително и вонбрачните деца.
Нема потреба од банализирање и тралалајки, убаво е се срочено.
Ти си тој што се обидува да релативизира владеење врз еден народ преку терор, не јас, затоа што Иран е ваков поради санкциите на Запад, тоа е твојот став. Тел Авив е светска дестинација поради плажата.
Мислам дека ретардирано смајли е многу оскуден опис сходен на авторот, соодветен збор би бил емотикон и тоа таков кој може да ја долови ситуацијата каде десничар, конзервативец и во конкретниот случај православен христијанин гради идолопоклонство кон потполковник на КГБ, човек и систем на кој истиот припаѓа а основна задача е неутрализација за се што се залага демохристијанов и тоа го правеле најефикасно и најобемно во историјата, значи емотикон амеба. Грешам, бактерија би била посоодветен емотикон, а и термин воедно. Да не ме сфатиш погрешно, не мислам на тебе, ова е за палчо и овој охриѓанецов од рисјанско братство од пред некој ден, не сакам да помислиш дека те ставам тебе во исто кош со вакви ликови или сметам дека ја имаш истата мисловна матрица. Тоа се бактерии, ти си интелектуалец, патриот.
Следам секакви медиуми чисто информативно, и не, не владеам никакви наративи за разлика од тебе.
Јас пак имам сосема спротивно искуство со руси до неодамна, а за иранците не сакам ниту да дискутирам. Американцие викаат дека луѓето од екс СССР и генерално источниот блок се крајно недоверливи и напнати, што веројатно се должи на системите т.е опшествата во кои живееле т.е живеат. И апсолутно се согласувам со тоа.
Не станува збор за тоа дали „ми одговара“ ставот, туку дали е аналитички конзистентен или има смисла.
За Иран: тврдењето дека причината за состојбата е исклучиво внатрешниот режим ја игнорира улогата на долготрајните санкции и геополитичкиот притисок. Во релевантната економска и политиколошка литература, овие фактори се разгледуваат како клучни делови од истата равенка, не како алтернатива. Посочувањето на санкциите не е „релативизирање“, туку додавање на неопходен контекст.
За регионалната улога на Иран, точно е дека има активна надворешна политика, но карактеризацијата дека е „непријател на сите“ е поедноставување. Меѓународните односи во регионот се комплексни и вклучуваат различни сојузништва, интереси и конфликти, кои не можат да се сведат на една формулација.
Во однос на Владимир Путин, аргументот за „промовирање конзервативни вредности“ не ја менува поентата: не може истовремено да се критикува еден систем поради религиозна природа, а друг поради недоволна или неконзистентна религиозност, без да се применат исти критериуми. Тоа е прашање на логичка доследност, не на вредносен став.
Никој не тврди дека Тел Авив е „светска дестинација поради плажата“, туку поради комбинација од економија, институции, технолошки сектор и меѓународна интеграција. Сведувањето на тоа на еден фактор е исто толку поедноставено како и сведувањето на проблемите на Иран на една причина.
Затоа, проблемот во аргументацијата не е ставот, туку селективниот пристап и користењето различни критериуми за различни случаи. Или да ти сумирам ти си пишуваш приказни кои тебе ти одговараат. За човек што тврдеше дека не турка никакви наративи некако самиот на себе си противречен.
Не е проблем ставот, туку селективноста: Иран се сведува на една причина, Тел Авив на друга, а за Русија се користат трети критериуми. Без исти стандарди, тоа не е анализа туку впечаток и доста субјективно шајзе.
Да ја прескокнеме и РФ и Путин..Анализа се прави према дадени околности во дадено време, не можеш да мериш интелегенција на човек преку способноста да се качува на дрво и обратно, да му дадеш на мајмун да решава психотехнички тест и преку тоа да му ги мериш моторните функции, правиш замена на тези за да поткопаш став.
Иран се наоѓа во таква ситуација исклучиво поради политиките кои ги води теократскиот режим и ништо друго, значи по ниту еден основ не може да се бара алиби во тоа зошто дојде до оваа ситуација сега. Паралелно на ова не може санкциите да бидат било каква олеснителна околност за исклучително репресивното владеење кое теократскиот режим го практикува од самото преземање на власт.
Од регионален аспект, Иран освен дестабилизација по пат на креирање и спонзорирање паравоени формации не може да се истакне со ништо друго, не знам на каква комплексност сакаш да се осврнеш и повторно да ја изрелатизивираш ситуацијата, фактографијата го говори токму спротивното, Иран на чело со мулата води малициозна политика во целиот регион која резултира со непријателски односи.
BREAKING : In Lebanon (Beirut), the Iranian ambassador was dragged from inside the embassy and forced into a jeep, where an officer struck him on the head. Earlier, the ambassador had been ordered to leave the country over allegations of links with Hezbollah
Прво тоа што го ословувам како теократскиот режим во Иран по ниту еден основ не значи дека токму религиозниот дел е оној кој ми пречи, апропо ова еве во сите соседни земји постои легислатива базирана на исламот во одредена мера, разликата е во тоа што никаде власта не опстојува со брутална репресија како во Иран, каде трагедијата да е поголема пак повторно се повикува на религијата се со цел да ги оправда своите недела.
Што се однесува на Путин мислам дека нема потреба од повторување, прилично е едноставно, мит на идолопоклонство градат демохристијани кон чист рецидив на атеистички систем. Цртан филм.
На крај краева, мојата субјективност е правопропоционална на твојата, за разлика од тебе јас барем поставив неколку документарци, текстови и вести кои се осврнуваат на тековните случувања и кои барем малку даваат контекст на она што го напишав.
Разбирам да се застане во одбрана на Орбан, евентуално да се релативизра за Вучиќ но да браниш еден репресивен режим како овој во Иран, тоа е сериозно отстапување од она што ние како народ и земја официјално се залагаме. Ако се екстраполира ставот на сите оние кои го бранат режимот во Иран денес, тогаш единствен резултат може да биде тоа дека такво владеење преку терор би поддржале и дома преку креирање на алиби за некаква си борба за некои си апстрактни цели на нивните верувања и убедувања.
Еве Рамзан Кадиров сака да испрати воена помош во Иран, тоа е клапата.
Да ја прескокнеме и РФ и Путин..
Ти знаеш воопшто нешто за иранската историја?!
Знаеш кој и како го донел шахот?!
Дали воопшто знаеш како шахот владеел!?
Да морализираш за режимот на муџите, а да меѓу редови подржуваш амерички Пиночиња...
Епа не оди тоа така..
Да беше истиот тој шах на власт, сега Муцунски сосе муда ќе му го зимаше, а Сенилната ни бабичка ќе држеше говори за Персија и нашите историски врски
Ова ако сме брутално реални за што "се залагаме како држава"!
Да речеме дека двајцава гореспомнати се хуманитарци и доктори без граници во споредба со иранскиот Пиноче..Мислев дека штркот го довел на власт Шахот Пахлави, а во што овој бил па полош од да речеме Муамар Гадафи и Башар Ал Асад?
Немам ништо против тројцата да бидам јасен, затоа што тоа е она што таа средина може да го изнедри.
Да речеме дека двајцава гореспомнати се хуманитарци и доктори без граници во споредба со иранскиот Пиноче..
Всушност и овс е потценување на шахот... Пиноче бил аматер спрема него...
Тврдењето дека состојбата во Иран е „исклучиво“ резултат на внатрешниот режим е по дефиниција редукционистичко, бидејќи ги исклучува надворешните економски и геополитички фактори кои се објективно присутни. Посочувањето на тие фактори не претставува алиби, туку проширување на аналитичката рамка. Не станува збор за „замена на тези“, туку за разлика меѓу еднофакторско и мултифакторско објаснување.Анализа се прави према дадени околности во дадено време, не можеш да мериш интелегенција на човек преку способноста да се качува на дрво и обратно, да му дадеш на мајмун да решава психотехнички тест и преку тоа да му ги мериш моторните функции, правиш замена на тези за да поткопаш став.
Иран се наоѓа во таква ситуација исклучиво поради политиките кои ги води теократскиот режим и ништо друго, значи по ниту еден основ не може да се бара алиби во тоа зошто дојде до оваа ситуација сега. Паралелно на ова не може санкциите да бидат било каква олеснителна околност за исклучително репресивното владеење кое теократскиот режим го практикува од самото преземање на власт.
Од регионален аспект, Иран освен дестабилизација по пат на креирање и спонзорирање паравоени формации не може да се истакне со ништо друго, не знам на каква комплексност сакаш да се осврнеш и повторно да ја изрелатизивираш ситуацијата, фактографијата го говори токму спротивното, Иран на чело со мулата води малициозна политика во целиот регион која резултира со непријателски односи.
BREAKING : In Lebanon (Beirut), the Iranian ambassador was dragged from inside the embassy and forced into a jeep, where an officer struck him on the head. Earlier, the ambassador had been ordered to leave the country over allegations of links with Hezbollah
Прво тоа што го ословувам како теократскиот режим во Иран по ниту еден основ не значи дека токму религиозниот дел е оној кој ми пречи, апропо ова еве во сите соседни земји постои легислатива базирана на исламот во одредена мера, разликата е во тоа што никаде власта не опстојува со брутална репресија како во Иран, каде трагедијата да е поголема пак повторно се повикува на религијата се со цел да ги оправда своите недела.
Што се однесува на Путин мислам дека нема потреба од повторување, прилично е едноставно, мит на идолопоклонство градат демохристијани кон чист рецидив на атеистички систем. Цртан филм.
На крај краева, мојата субјективност е правопропоционална на твојата, за разлика од тебе јас барем поставив неколку документарци, текстови и вести кои се осврнуваат на тековните случувања и кои барем малку даваат контекст на она што го напишав.
Разбирам да се застане во одбрана на Орбан, евентуално да се релативизра за Вучиќ но да браниш еден репресивен режим како овој во Иран, тоа е сериозно отстапување од она што ние како народ и земја официјално се залагаме. Ако се екстраполира ставот на сите оние кои го бранат режимот во Иран денес, тогаш единствен резултат може да биде тоа дека такво владеење преку терор би поддржале и дома преку креирање на алиби за некаква си борба за некои си апстрактни цели на нивните верувања и убедувања.
Еве Рамзан Кадиров сака да испрати воена помош во Иран, тоа е клапата.
За Либија нема споредба!За воља на вистината Башар Ал Асад е доктор и тоа специјалист, офтамолог и сега има приватна клиника во Москва.
Сите арапски средини имаат еден заеднички збор кој го знаат сите без разлика дали говорат или не арапски јазик а тоа е Мукба, Мукбарат и тоа алудира на тајна полиција, а може да е било која безбедносна служба, во превод значи сус. Сите тројца владееле на тој начин.
За воља на вистината Башар Ал Асад е доктор и тоа специјалист, офтамолог и сега има приватна клиника во Москва.
Сите арапски средини имаат еден заеднички збор кој го знаат сите без разлика дали говорат или не арапски јазик а тоа е Мукба, Мукбарат и тоа алудира на тајна полиција, а може да е било која безбедносна служба, во превод значи сус. Сите тројца владееле на тој начин.
Опааа..Русија е плејграунд за Мосад, штом они негираат дека има клинка. Веруваме дека е така.
Дискутирано е ова веќе неколку пати баш со тебе. Незнам на што се должи изненадувањето и реакцијава.Опааа..
Значи до таму паднала работава...
Па, па, па..