Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Освен временските рамки каде спомнуваш одредени настани, сите други сувопарни образложенија ти се негирани во целост од фактографијата, Иран т.е теократскиот режим нема ниту еден сојузник во соседите, напротив, и тие некакви односи кои ги имаше ги уништи. Покрај исламската револуционерна гарда и паравоените формации т.е милициите никој друг жив нема да застане во одбрана на мулата. Обезглавен и десеткуван е режимот. Освен репресијата, сега веројатно и да не постои друг елемент во владеењето.



Јавна тајна е дека е во врска со Алина Кабаева од 2000г, и да има деца тоа не би било ништо страшно затоа што е веќе разведен, ама ова во нормално опшество.

Нема појако да пишуваш на тема религизоните права и слободи на христијаните во Иран, а таму муслиманите немаат никакви права. Знам куп луѓе од МКД кои биле Ерусалим поради религиозни побуди и немале никаков проблем, уште повеќе има кои биле Тел Авив како туристи. Ама не знам ниту еден кој од било каква причина го посетил Иран.

Сигурно е кромид ова некаков кој сака да го наруши угледот на Свети Комрад Путин.


Тврдења како „нема сојузници“, „никој нема да застане“ и „постои само репресија“ се апсолутни и недокажливи. Тоа не е фактографија, туку интерпретација.
 
Освен временските рамки каде спомнуваш одредени настани, сите други сувопарни образложенија ти се негирани во целост од фактографијата, Иран т.е теократскиот режим нема ниту еден сојузник во соседите, напротив, и тие некакви односи кои ги имаше ги уништи. Покрај исламската револуционерна гарда и паравоените формации т.е милициите никој друг жив нема да застане во одбрана на мулата. Обезглавен и десеткуван е режимот. Освен репресијата, сега веројатно и да не постои друг елемент во владеењето.
Какви односи сакаш да има единствената шиитска држава, опколена со сунити!?
Од 79ʼта односите се на ова ниво!

Второ, мулата го утепаа, и види чудо, Иран се бори подобро него ли било кога!
Хммм... значи не ќе да се борат за мулата..
Можеби патриотизам!?!

Трето, режимот како што го нарекуваш е обезглавен, арно ама (види точка 2), пообeдинети се него ли икад!

И четврто..
Освен репресијата, сега веројатно и да не постои друг елемент во владеењето.
извор: trust me bro...
 
Многу збнунувачка е реакцијава на НАТО и Европа.
 
Трето, режимот како што го нарекуваш е обезглавен, арно ама (види точка 2), пообeдинети се него ли икад!
Тазе раководство може доста несмасно да настапи при внатрешен раздор.
 
Тазе раководство може доста несмасно да настапи при внатрешен раздор.
Мислам дека и не се тазе и тие функционираат како секоја поголема држава со разработен систем, за секој случај.
Тоа што викаат новиот ајатолах е порадикален е само нагаѓање.
Сите нивни активности покажуваат дека имаат стабилен систем на управување.
Децентрализиран или не, функционира, за разлика од отан.
 
Како што стојат работите, за жал ова и овде ќе дојде.
Словенија уште пред 2 недели воведе лимити за домашни и уште построги лимити за странци, а овде немаме гајле - по ~170 000 литри НА ДЕН продаваме на Грците и други странци.







А ќе биде уште полошо пошто Израел сѐ повеќе ескалираат (они се единствените на кои им одговара што повеќе хаос, за евентуално да почна да летаат нуклеарки). Ќе почнеле исклучиво економски цели да гаѓаат, иако Иран многу пати кажаа (и покажаа) дека на секој таков напад ќе гаѓаат соодветна таква инфраструктура од државите преку чија територија дошол поединечниот напад. Така кога нивните гасни инсталации беа погодени, во рок од пар часови вратија со напад на соодветни такви гасни инсталации на ОАЕ. Во Иран гаѓани фабрики за челик, за пар часови вратено со арапски фабрики за челик... Најлошо ќе биде ако (кога) ќе продолжат да гаѓаат нафтена/гасна инфраструктура, тек тогаш сите сме гoмнa.
Автоматски споено мислење:

За воља на вистината Башар Ал Асад е доктор и тоа специјалист, офтамолог и сега има приватна клиника во Москва.
Хаха, колкумина го имаат изедено овој кромид, веќе не е ни смешно.
Повеќето сте истите што ја консумирате најнаивната најлесно проверлива пропаганда што постои. Пропагандни бљувотини од типот „скришниот син на Путин, кој се вика Владимир Путин џуниор“. Кажал некој на јутјуб и не-дај-боже-да-провериш-факти. :D


Анализа се прави према дадени околности во дадено време, не можеш да мериш интелегенција на човек преку способноста да се качува на дрво и обратно, да му дадеш на мајмун да решава психотехнички тест и преку тоа да му ги мериш моторните функции, правиш замена на тези за да поткопаш став.

Иран се наоѓа во таква ситуација исклучиво поради политиките кои ги води теократскиот режим и ништо друго, значи по ниту еден основ не може да се бара алиби во тоа зошто дојде до оваа ситуација сега. Паралелно на ова не може санкциите да бидат било каква олеснителна околност за исклучително репресивното владеење кое теократскиот режим го практикува од самото преземање на власт.


Од регионален аспект, Иран освен дестабилизација по пат на креирање и спонзорирање паравоени формации не може да се истакне со ништо друго, не знам на каква комплексност сакаш да се осврнеш и повторно да ја изрелатизивираш ситуацијата, фактографијата го говори токму спротивното, Иран на чело со мулата води малициозна политика во целиот регион која резултира со непријателски односи.

BREAKING : In Lebanon (Beirut), the Iranian ambassador was dragged from inside the embassy and forced into a jeep, where an officer struck him on the head. Earlier, the ambassador had been ordered to leave the country over allegations of links with Hezbollah

Прво тоа што го ословувам како теократскиот режим во Иран по ниту еден основ не значи дека токму религиозниот дел е оној кој ми пречи, апропо ова еве во сите соседни земји постои легислатива базирана на исламот во одредена мера, разликата е во тоа што никаде власта не опстојува со брутална репресија како во Иран, каде трагедијата да е поголема пак повторно се повикува на религијата се со цел да ги оправда своите недела.



Што се однесува на Путин мислам дека нема потреба од повторување, прилично е едноставно, мит на идолопоклонство градат демохристијани кон чист рецидив на атеистички систем. Цртан филм.

На крај краева, мојата субјективност е правопропоционална на твојата, за разлика од тебе јас барем поставив неколку документарци, текстови и вести кои се осврнуваат на тековните случувања и кои барем малку даваат контекст на она што го напишав.

Разбирам да се застане во одбрана на Орбан, евентуално да се релативизра за Вучиќ но да браниш еден репресивен режим како овој во Иран, тоа е сериозно отстапување од она што ние како народ и земја официјално се залагаме. Ако се екстраполира ставот на сите оние кои го бранат режимот во Иран денес, тогаш единствен резултат може да биде тоа дека такво владеење преку терор би поддржале и дома преку креирање на алиби за некаква си борба за некои си апстрактни цели на нивните верувања и убедувања.
Еве Рамзан Кадиров сака да испрати воена помош во Иран, тоа е клапата.

Ова сум го пропуштил, турлитава колаж кој се состои од снимки/изјави:
- „претежно мирни“ платеници и петтоколонашка багра претепуваат/убиваат џандар во Иран (ова ги докажува сите тврдења дека Иран редовно практикуваат неправедно насилство врз мирни протестанти)
- Арапот МБС, монарх кој е познат по убиството со колење и касапење на новинар избеган во Турција и намамен во саудијската амбасада да земе документи за венчаница, тој ни објаснува како Ајатолахот бил Хитлер
- видео од Шимон Перски, пардон, Перез, еврејот роден во Белорусија и поранешен израелски премиер (колега на Биби), како објаснува дека мир со Палестинците бил можен (тоа што не го кажува е - само со етничко чистење и/или геноцид на истите Палестинци)
- некои фотографии од Рамзан Кадиров кои господ знае што треба да значат во оваа турлитава од контекст.

@Klin ретко те гледаме со девојки на дискусииве, лепо је ал ипак знај: Да се задржиш на тоа редовното делење смајлија? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom