- Член од
- 5 ноември 2012
- Мислења
- 2.989
- Поени од реакции
- 6.637
Баш ме интересира твое мислење, дали ако веќе тврдиш дека "антисемизмот моментално е рампантен", мислиш дека самите постапки на Израел доведоа до тоа?Ова е просто само ако исклучи човек мозок и не мисли на ништо. 100 пати биле подложени на геноцид и тоа требало да биде доказ дека нешто не е во ред со нив. А се е во ред со оние што правеле геноцид.
Историјата е полна со геноциди, причините се горе-долу тие. Религиска нетрпеливост, во која малцинствата го извлекуваат подебелиот крај. Подемот на христијанството а потоа и на исламот посебно, ги остава евреите и паганите без никаква заштита. Кога доаѓа до криза во системот, се бара виновник, малцинство кое треба да го јаде стапот за лидерот да остане на власт. Ова е патерн. Евреите се обвинувани за многу работи кога требало да се прави чистка. И за црната чума се обвинети, помеѓу други работи. Гледај го филмот Agora (2009) и ќе видиш како различни групи се пресметувале кога една од нив доаѓала до повеќе моќ.
Антисемитизмот моментално е рампантен, на ниво на 30-те од минатиот век. Ако до сега беше тешко да се замисли како толку луѓе биле истребени за неколку години, додека останатите пиеле кафе, сега е јасно. Уште пострашна е лажната селективна емпатија, во која е океј да убиеш стотици луѓе на концерт, не е океј да убиеш илјадници цивили палестинци, океј е да убиеш илјадници цивили иранци кои протестираат за промени.
И на тема геноцид, дали Израелските активности во Газа, можеме да ги квалификуваме како геноцид?
