Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ќе биди јако ако му здосади војната со Иран на Трамп и по десетина дена речи јас победив, сега која сака нека продолжи со војната :D

И да му остави на Израел и Арапите да му ја мислат како што му ја остави Украина на Европа.
Тенеќе ова треба да го урамиш. Ретко се дешава нешто валидно да кажеш, па макар е и желба.

Иначе цела војна со Иран е многу чудна, поготово ако идеме на трагата кој губи и кој добива. Иран нема шанса да падне сега, па претпоставувам дека во најмала рака ова е копија на Пустинска Олуја против Ирак во 1991, каде што планираат да го поткопаат Ирак воено (со бомбрадирањево), политички (со атентатите) и економски нели. Исто така Ирак во 1991 пукаше ракети кон соседите и кон Израел, не е нешто невидено до сега.

Е сега да се вратиме кој иницијално има корист од ситуацијава каква што е сега. Број 1 Русија. САД и Израел неможам да кажам дека имаат корист во моментов (можда евентуално на долги стази), пошто во моментов имаат повеќе штета одколку корист (не толку штета како Иран, ама трошат пари на ракети и бомби), а генерално не гледам како можат во брзо време да бидат финансиски надокнадени. Треба да имаме во предвид дека ова не е 1991 кога опозицијата на САД беше во класичен нокаут. Значи кога ќе прстане бомбардирањето, Иран многу бргу ќе се врати на нозе со помош на Русија и Кина. И мислам дека на САД и Изреал им е јасно тоа. Но мислам дека продлабочување на интервенцијата со ендгејм да се смени режимот, не е реална во моментов. Мислам дека САД го знаат тоа и дека иако наративот е таков, ендгејмот не е да се добие пријателски Иран или ако е тоа ендгејлот, тогаш мислам дека Израел и САД се во делузија.

Ако видиме кој највеќе губи, во моментов инстантно можеме да кажеме дека број 1 е Иран, број 2 Украина, број 3 Европа, за арапските земји неможам сеуште да ја сварам добро ситуацијата. Но дефакто е дека Европа дојде на порта на Русија за енергенси.

Според све ова што се дешава (знаевме дека Иран и Хезболах дефакто војуваа против Хамас во Сирија, а сега само после неколку години го навлекоа гневот фанатично бранејќи го истиот тој Хамас). И според ситуацијата последните неколку години на теренот (целосно обезглавување на Хезболах и следно на тоа губење на Сирија) Иран веќе добил сериозни удари дури и без военава интервенција. Па така сега следнствено на сите тие случувања, пред да се реорганизира Хезболах, која е дефакто сериозна паравоена структура, која забележи спектакуларни победи против Израел во нивната втора интервенција во Либан и во Сирија.

Значи дефакто можеме да заклучиме дека Хезболах и нивната координација со Шиитските милиции во регионот, служела како детер за напад на Иран, имајќи ја во предвид нивната огромна воена моќ што можеле да ја проектираат во регионот, каде што нели има истовремено сериозно воено присуство на САД.

Искрено не гледам како САД или Израел ќе можат да си ја подобрат позицијата со овој напад, ако не го срушат комплетно Иран во наредниов период од најкасно до 1 година. Доколку не се деси тоа, после оваа воена акција, морално и воено Иран ќе излезе појак. Така да, ако има нешто што не можам да го видам, најголем удар со нападот на Иран, ќе добијат Европа и Украина (и можеби Индија).

Но сеуште сме во мрак и неможе да се донесе никаков реален заклучок.
 
Македонија е под ембарго во 2001 и неможе држава официјално да се вмеша во цела приказна. Искористени се приватни канали и врски на наши бизнисмени со бизнисмени од Украина и преку илегални патишта опремата е купена и донесена во Македонија. Најверојатно посредник е Виктор Боут, тоа највеќе според спектакуларниот начин како е пренесена опремата во Македонија (иде преку НАТО земја, Виктор Боут во моментот е единствен дилер, кој има логистика да избегне ембарго). Пристап до оружјето во Украина во тој период имаат бивши воени структури кои се во многу близок однос со Русија. Украина во даден момент има тенкови (и опрема воопшто) многу повеќе од сите Европски земји заедно.

Според информациите што ги има во книги и сведоштва, све е организирано за многу кратко време.

Значи накратко, иако оружјето доаѓа од Украина, официјална Украина може дури и да не знаела дека постои таков трасфер.
Да преведам за другите: Русија ни го (про)даде оружјето/техниката.

Автоматски споено мислење:

Jasno mu e sve. Si se prael pameten, ne izleglo taka vo realnost.
Него не му е јасно зошто навива за педофили и сатанисти... А за другото: Што па ти се мешаш у штипки? :)
 
Втор пат гледам видеа од типов, врска нема со реалноста.

Абе каква комедија е ова...Нели Иран ќе ги уништуваше носачите на авиони, воените бродови и целата американска флота? Се виде дека освен статични цели (како некои бази или згради) не можат ништо друго сериозно да погодат.

Иранските капацитети се топат секој ден. Лансерите (мобилните и фиксираните) се уништуваат систематски од американски и израелски удари (B-2, F-35, итн.). Според последните извештаи, за 2–3 недели практично нема да имаат што да лансираат, ни балистички, ни крилни ракети во сериозни количини.
Како и обично (кога нешто е поврзано за Трамп)... Ти и реалноста сте во две различни соби (димензии де).

Муката е што ова има огромен потенцијал да направи голема рецесија, ама баш голема рецесија - ама овојпат во Европа. И почнато уште пред повеќе месеци, ова ќе ги убрза срањата.
Автоматски споено мислење:

Тенеќе ова треба да го урамиш. Ретко се дешава нешто валидно да кажеш, па макар е и желба.
Нека не те чуди. Не си во тек навистина, Тенеќе е станат глас на разумот и не е повеќе во нафо екипата.
 
Последно уредено:
Втор пат гледам видеа од типов, врска нема со реалноста.

Абе каква комедија е ова...Нели Иран ќе ги уништуваше носачите на авиони, воените бродови и целата американска флота? Се виде дека освен статични цели (како некои бази или згради) не можат ништо друго сериозно да погодат.

Иранските капацитети се топат секој ден. Лансерите (мобилните и фиксираните) се уништуваат систематски од американски и израелски удари (B-2, F-35, итн.). Според последните извештаи, за 2–3 недели практично нема да имаат што да лансираат, ни балистички, ни крилни ракети во сериозни количини.

Кај е носачот од Иран?
За 2-3 недели, ако продолжат вака цените на нафтата, и кај тебе и кај мене ќе биде полошо од денеска.

Не знам во кој сектор работиш ти, но јас директно разменувам со клиенти од сите сектори, со различни економски стандарди, и ти тврдам дека ако вака продолжи, ќе ни се е*бе ежот и во УСА и во Франција.
 
САД си ги присвои нафтените резерви на Венецуела, а ЕУ ќе стои гордо со Украина.
 
За 2-3 недели, ако продолжат вака цените на нафтата, и кај тебе и кај мене ќе биде полошо од денеска.

Не знам во кој сектор работиш ти, но јас директно разменувам со клиенти од сите сектори, со различни економски стандарди, и ти тврдам дека ако вака продолжи, ќе ни се е*бе ежот и во УСА и во Франција.
Не велам дека нема да има влијание врз цената на нафтата. Сепак, цената на нафтата не е директно поврзана со Иран, туку со Хормуз. САД имаат интерес да го обезбедат и исчистат каналот и да ја неутрализираат иранската морнарица. Кога Хормуз ќе биде под контрола и безбедно отворен, Иран може да остане изолиран со месеци или години без да има значително влијание врз глобалната трговија со нафта.

Јас сум во медицински сектор.
Како и обично (кога нешто е поврзано за Трамп)... Ти и реалноста сте во две различни соби (димензии де).

Муката е што ова има огромен потенцијал да направи голема рецесија, ама баш голема рецесија - ама овојпат во Европа. И почнато уште пред повеќе месеци, ова ќе ги убрза срањата.
Ти велеше дека ќе им ги потопат носачите на авиони. До каде се ракетите? На раскрсницата во Хормуз чекаат семафор да им се отвори?

А за економија не се брукај. Рецесија ќе дојдела од војната со Иран. Рецесија ќе дојди од AI bubble кога ќе пукни, не од ограничена интервенција околу Иран.
 
Не велам дека нема да има влијание врз цената на нафтата. Сепак, цената на нафтата не е директно поврзана со Иран, туку со Хормуз. САД имаат интерес да го обезбедат и исчистат каналот и да ја неутрализираат иранската морнарица. Кога Хормуз ќе биде под контрола и безбедно отворен, Иран може да остане изолиран со месеци или години без да има значително влијание врз глобалната трговија со нафта.

Јас сум во медицински сектор.

Ти велеше дека ќе им ги потопат носачите на авиони. До каде се ракетите? На раскрсницата во Хормуз чекаат семафор да им се отвори?

Ви поскапел бензинот и нафтата. Нели живот дојде со Трамп?
 
Ви поскапел бензинот и нафтата. Нели живот дојде со Трамп?
Вчера го наполнив резерварот, 34 денари за литро бензин.

И дури и да направи спајк цената на нафтата, таа брзо ќе се врати во нормала. За цената на нафтата клучен е Хормуз, не Иран. Иран веќе беше под санкции и повеќе од 90% од својата нафта ја продаваше во Кина.
 
Како планирате да го ослободите Хормуз кога ви ги гаѓаат бродовите дури во индиски океан?
 
Ти велеше дека ќе им ги потопат носачите на авиони. До каде се ракетите? На раскрсницата во Хормуз чекаат семафор да им се отвори?

А за економија не се брукај. Рецесија ќе дојдела од војната со Иран. Рецесија ќе дојди од AI bubble кога ќе пукни, не од ограничена интервенција околу Иран.
На сите импресивни напредоци кои ги покажаа со технологијата за проектили, конкретно во 12-дневната војна, мислев дека имаат развиено поспосебни противбродски проектили како што тоа го имаат на пример РФ/Кина. Не сум бил во право. Или Америте/Израел многу добро знаат кој е дометот па седат надвор од него.
Нека дојде морнарицата до Хормуз да ги прати танкерите - како што хаха - Трамп им нареди, па ќе видиме дали имате „непотопливи“ пловила. :)

Рецесија дали ќе немало од ненадеен глобален недостаток од фосилни горива? Посебно во ЕУ која веќе е во рецесија заради сопирањето на енергенсите од РФ и заради војната која ја водат со РФ на сметка на САД/Израел (за нивната елита поточно)?
Сериозно ова го кажуваш? ОК, ајде ќе гледаме (и ќе патиме сите, некој повеќе некој помалку).
 
Како планирате да го ослободите Хормуз кога ви ги гаѓаат бродовите дури во индиски океан?
Кај виде? На AI видео?

Еден американски брод не е оштетен, а третина од американската флота е во близина на Хормуз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom