Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е иначе Алиреза Фироужа, најсилниот ирански шаховски велемајстор, седми на светската ранг листа моментално. Пред многу години пребегал во Франција а потоа во САД.

 
иначе, не се борат за демократија него шахот да се врати назад. Као у ова време да се бориш за кралот да се врати назад, систем отфрлен пред 70-80 години. :popce:
 
За мене Иран е хуманитарно и цивилизациско прашање. Сосема небитно дали Израел ги поддржува протестите, се надевам дека ги поддржува, секаква помош им е добредојдена. Не се ни први протести таму, изминативе години имаа протести кои беа задушени. Се плашам дека и овие ќе бидат.
Какви „хуманитарни и цивилизациски“ придобивки очекуваш од израелско извршување државен удар и директен напад врз држава на Блискиот Исток. Има многу примери кои покажуваат дека спротивното се случува, хаос, повеќе страдење, смрт, насилство без крај. Или дај еден позитивен пример од нападите на Израел. Не зборувај само за твои желби и стравови, биди реален.


Колку повеќе оружје ќе добијат, толку подобро.
Како УЧК што добиваа овде оружје? И, бидна ли подобро?
Во Ирак/Сирија/Либија/итн, Курдите и другите малцинства добија оружје. Дали на луѓето им стана подобро таму после целата таа „демократизација“ и симнување диктатори?
Можеш ли макар еден пример да дадеш каде биднало подобро после со вакви војни уништени држави?


Слобода од исламскиот режим. Жените конечно ќе видат бел ден и ќе се ослободат од буквалното ропство што ги има снајдено од 1979 наваму. Тешкотии сигурно ќе имаат и нема да бидат демократска држава, но нема ништо полошо од ова што ги има снајдено.

Не планирам многу да дискутирам по прашањево, затоа што брзо ќе се разводни и ќе зборуваме за сешто. Додека се случува ова што се случува ќе постирам некои твитови што ќе ми фатат око и тоа е. Секако никој никому нема да му смени мислење.
Ама не збори на памет и според фантазии и желби. Дај пример каде биднало подобро, ете за жените. Во Ирак жените слобода видоа? Девојчињата престанаа да ги мажат веднаш после пубертет? Или напротив, симнаа законска граница на 9 години?

Апсолутно полошо ќе им биде. На сите. Како што веќе е видено во толку многу вакви примери да веќе не е ни смешно (колку појма немате). И ќе има последици по сите нас другите во светот, лоши последици.


Не е ова разводнување. Ова е покажување колку (ти и многумина) малку ги знаете работите за кои сакате да наметнете став.
 
иначе, не се борат за демократија него шахот да се врати назад. Као у ова време да се бориш за кралот да се врати назад, систем отфрлен пред 70-80 години. :popce:
Constitutional monarchy, пребарај, може има и други држави такви, што знам...

Ова е покажување колку (ти и многумина) малку ги знаете работите
Ова е зошто ти и јас не треба да разговараме.
 
Ова е зошто ти и јас не треба да разговараме.
Мислиш на моментот каде со најдобри намери и елаборирано ти се укажува дека многу работи не ги знаеш, а ти потоа имаш тантрум?
 
Нема услови во Иран за граѓанска војна како во Сирија и Ирак.
Таму е прилично високо нивото на национализам и припадност, дури и кај скоро секој народ што живее таму.

Проблемот е што власта таму е киднапирана од религиозни фанатици.
Корумпирана до срж, до степен што го остави својот народ без вода само за поединци да се богатат.

Секоја втора година имаат масовни протести. Големи се шансите овие да бидат последни.
Проблемот со водата не е поради тие што се на власт, туку поради локацијата каде се наоѓаат, да дојде и шахот пак исто ќе биде.

За пиење вода имаат колку толку, проблем и е за наводнување што трошат огромно количини на пустелијата, трошат подземна вода без контрола, се погодија сушни години, имаат зголемување на населениото, што значи им треба повеќе храна = повеќе трошење на наводнување.

Имаат 3 или 4 цевководи по 500 километри десоленизирана вода, еден градат во моментов, значи мислеле и мислат да ги решат проблемите, ама не можат да се борат против природата.

Не се споредливи со Венецуела за вода, во Венецуела секој ден врне, ваму имаат на прсти да ги изброеш реки, можеме да дискутираме тоа што имаат оркска религија и донекаде се подобри од другата секта, ама другата секта си плаќа рекет и затоа они имаат „демократија“ (знаете на кој мислам).
 
Мислиш на моментот каде со најдобри намери ти се укажува дека многу работи не ги знаеш, а ти потоа имаш тантрум?
Јас се повлеков од предходната расправија за мир во куќа. Сметам дека е бескорисно да се разговара со тебе. Би сакал, кога ти би можел да се воздржиш од тие ситни провокации, но не можеш. Најдобро е да се одминеме. Секое добро ти посакувам.
 
Јас се повлеков од предходната расправија за мир во куќа. Сметам дека е бескорисно да се разговара со тебе. Би сакал, кога ти би можел да се воздржиш од тие ситни провокации, но не можеш. Најдобро е да се одминеме. Секое добро ти посакувам.
Не те провоцирам во ниеден момент. Или за тебе е провокација кога со аргументи ќе ти посочам дека не си во право?

Секое добро и на тебе. Но од досегашната размена очигледно е дека не се повлекуваш заради ништо други освен заради немање аргументи. Ова е форум за дискусија, и ако учестуваш во дискусијата - каниш реплики. Не добиваш да одбереш кој ќе ти реплицира (се додека истиот не те навредува, или слично).

едит: Задржувам право да реплицирам на работи со кои не се согласувам, па дури и ако ти не враќаш со реплики како фер дискутант. :)
 
Истиве фаци ја гутааа пропагандата од Израел за бебињата печени од Палестинците.

Сега зеле дробат за Иран и нивниот исламизам.
Абре скраја да е. Магаре се учи после недела дена.
Научи се да читаш дечко.Единствено што кажав е дека една исламистичка земја помалку(и тоа огромна земја со околу 100 милиони луѓе) е победа за секого.Не дека исламизмот на другарите на америте е подобар.Да е до мене не би постоел ниту еден исламист без разлика дали е руски или амерички вазал.Затоа оди фрчи со тие "whataboutisms" на некој друг фала
Те читаме. Само вакви лирски епики на некој друг продавај.
Автоматски споено мислење:

Ова е иначе Алиреза Фироужа, најсилниот ирански шаховски велемајстор, седми на светската ранг листа моментално. Пред многу години пребегал во Франција а потоа во САД.


Е даааа си жив. Слична приказна како Гари Каспаров кој не е ниту Рус ама еве се собрал во Русија по западен терк демократија да воведе.


Не сум фанатик на било каква религиска секта. Али ова како ве местат со пропагсндава Израел и Сад. Абеее алал нека им е. Еј Палестина рамна е. Зеле са правата на педерите во Иран се секираат.
 
Последно уредено:
иначе, не се борат за демократија него шахот да се врати назад. Као у ова време да се бориш за кралот да се врати назад, систем отфрлен пред 70-80 години. :popce:
Најдемократската држава во моментов е Норвешка, која што е уставна монархија бај д веј. Пахлави (или Пехлеви на персиски изговор) до сега 100 пати рече дека нема намера да биде апсолутен монарх.
 
Најдемократската држава во моментов е Норвешка, која што е уставна монархија бај д веј. Пахлави (или Пехлеви на персиски изговор) до сега 100 пати рече дека нема намера да биде апсолутен монарх.

чудни ми сте вие монархисти во 2026та :kafence:
 
пропагандата од Израел за бебињата печени од Палестинците.
За жал да. Буквално поверуваа во тоа без ронка докази, макар фотошопирани фотографии... Некои дури и денес го спомнуваат истото како некој аргумент, а одамна е апсолвирано како лажни вести (пропаганда). Тоа е тој профил на емоционално/емпатијски подложни на манипулација заради недоволно знаење за реалноста на светот и прљавоста и нивото на усовршеност на пропагандата на која сите сме подложени 24/7.

The usual suspects уништуваат уште една држава. Криминалот се оправдува со истите бајати аргументи (диктатори, режим, исламизам, итн, итн)... Ама види чудо: ПАК ПОМИНУВА. Голем дел од луѓето веруваат во наративата колку и да е провидно лажна. Колку и да има реални примери што се десило во таквите „демократизирани“ држави. Либија без диктаторот Гадафи, цвета демократија, луѓето безбедно и одлично живеат споредено со претходно. Итн. Ирак после Садам, истите срања, дури ни носење закони за мажење 9 годишни дечиња не се доволно описни што се дешава таму после западните „демо(н)кратизации“. Сирија, итн. Неверојатно колку работи се познати ама јавното мислење се формира со кловнови што мењаат знамиња на амбасади, и мислења на шахисти (важни како Каспаров што е битен). :-/
Автоматски споено мислење:

Пахлави (или Пехлеви на персиски изговор) до сега 100 пати рече дека нема намера да биде апсолутен монарх.
Ќе се согласи и со неапсолутна монархија (на чело со него)? Великодушен дечко. :)

Овој е сега за еднократна употреба. После ако бидне работата (падне власта) ќе го фрлат како искористен кypтон. Следно таму би било хаос и цивилна војна, никакви монарси нема да се враќаат ниту па западниве би ги поставувале пошто другиве методи на владеење им се разработени и докажани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom