За мене Иран е хуманитарно и цивилизациско прашање. Сосема небитно дали Израел ги поддржува протестите, се надевам дека ги поддржува, секаква помош им е добредојдена. Не се ни први протести таму, изминативе години имаа протести кои беа задушени. Се плашам дека и овие ќе бидат.
Какви „хуманитарни и цивилизациски“ придобивки очекуваш од израелско извршување државен удар и директен напад врз држава на Блискиот Исток. Има многу примери кои покажуваат дека спротивното се случува, хаос, повеќе страдење, смрт, насилство без крај. Или дај еден позитивен пример од нападите на Израел. Не зборувај само за твои желби и стравови, биди реален.
Колку повеќе оружје ќе добијат, толку подобро.
Како УЧК што добиваа овде оружје? И, бидна ли подобро?
Во Ирак/Сирија/Либија/итн, Курдите и другите малцинства добија оружје. Дали на луѓето им стана подобро таму после целата таа „демократизација“ и симнување диктатори?
Можеш ли макар еден пример да дадеш каде биднало подобро после со вакви војни уништени држави?
Слобода од исламскиот режим. Жените конечно ќе видат бел ден и ќе се ослободат од буквалното ропство што ги има снајдено од 1979 наваму. Тешкотии сигурно ќе имаат и нема да бидат демократска држава, но нема ништо полошо од ова што ги има снајдено.
Не планирам многу да дискутирам по прашањево, затоа што брзо ќе се разводни и ќе зборуваме за сешто. Додека се случува ова што се случува ќе постирам некои твитови што ќе ми фатат око и тоа е. Секако никој никому нема да му смени мислење.
Ама не збори на памет и според фантазии и желби. Дај пример каде биднало подобро, ете за жените. Во Ирак жените слобода видоа? Девојчињата престанаа да ги мажат веднаш после пубертет? Или напротив, симнаа законска граница на 9 години?
Апсолутно полошо ќе им биде. На сите. Како што веќе е видено во толку многу вакви примери да веќе не е ни смешно (колку појма немате). И ќе има последици по сите нас другите во светот, лоши последици.
Не е ова разводнување. Ова е покажување колку (ти и многумина) малку ги знаете работите за кои сакате да наметнете став.