- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 2.057
- Поени од реакции
- 4.917
Изнапиша реферати, се вртиме во круг. Да се сложуваме за голем дел од стварите, ама ти почна да ми ставаш дислајк и да контрираш делумно за моето мислење, а делумно и си додаде што мислам. Каде ставив јас дека овие од морални причини се против исламистите? Ова ти упорно ми го тураш и се расправаш со мене иако ти кажав дека не мислам така. Сепак јас ги подржувам овие што сакаат секуларна држава, сум ги поддржувал уште пред Трамп да биде на нивна страна. Јасно е сега?„Америка ги ебела Сирија, Либан, Иран… ги донела исламистите… ама во конкретниов случај е на страната што се залага за секуларна држава, па затоа се во право.“
Твојата теза е дека актер кој систематски креирал хаос и инсталирал исламисти одеднаш работи од морални причини. Тоа е логички невозможно. Посебно сега со Трамп ехееееее
Државите немаат емпатија, имаат интерес.
Во оваа ситуација интересот им се поклопува со секуларна страна — тоа е сè.
Тоа што пропагандната машинерија одлично работи…
ти успеа за две реченици да ме убедиш дека не си проблемот ти, туку читачката способност.
Контрираш нешто што го кажувам и ти сам го повторуваш — само со 30% повеќе зборови и 70% помалку смисла.
ти повторуваш буквално 90% од тоа што и јас го кажав:
— дека државите немаат морал, туку интереси,
— дека исламистите се зло,
— дека Америка не работи по идеологија,
— дека Русија и САД поддржуваат кого сакаат кога им одговара.
Значи ние НЕ расправаме ти ми ја прераскажуваш мојата позиција како да е твоја.
Разликата е само што јас додавам уште една очигледна работа:
кога еднаш ќе ти ја скршат сувереноста (Иран 1953, Либија, Ирак, Сирија, Авганистан), државата престанува да функционира и се враќа во племенски режим. Тоа го гледаме со децении.
Пакистан е полош од Иран? Точно.
Зошто нема жалопојки?
Затоа што е нуклеарен и под чадорот на САД — интерес, не морал. Класика.
Афганистан, Ирак – се поисламистички денес?
Да. Тоа е директен резултат на истите тие “хуманитарни“ интервенции што ти ги романтизираш.
Затоа и велам
или државата сама си расчистува,
или добиваш Либија 2.0, Ирак 2.0, Сирија 2.0.
И не знам каде точно ти прочита дека ‘вие гледате црно-бело’, кога буквално велам дека и едната и другата страна злоупотребуваат кога ќе им се укаже шанса.
Така да ние немаме спротивно мислење.
Ти само се расправаш со верзија од мене што си ја измисли сам.
Интересно е што повторно поставуваш обвинение кое не кореспондира со ниту една моја реченица.
Да ‘ќ”ја поддржувам власта во Иран”, според твоето читање, би требало барем еднаш експлицитно да го имам напишано тоа.
Но нема такво тврдење.
Постои само твојата претпоставка, базирана на тоа што читаш полуредови, а не аргументи.
во еден момент велиш дека Америка ги довела исламистите, во друг момент дека сака да ги симне, а во трет дека тоа не е црно-бело.
Тие три позиции меѓусебно се поништуваат.
Интересно е што ме обвинуваш дека ти припишувам мислења, додека ти со цела сигурност ми припишуваш став што не постои ниту во една моја реченица.
Тоа е прекрасен парадокс: во обид да ме демантираш, единственото што успеваш е да го потврдиш начинот на кој функционира твоето читање не го гледаш текстот, туку претпоставката што сакаш да ја слушнеш.
Тврдиш дека ти додавам туѓи идеи, а потоа сам си додаваш мои.
Ладно ти одговарам, жешко реагираш.
Јас аргументи давам, ти избираш што ќе игнорираш.
Така дискусија нема — само замислен противник.
Завршено.
Викаш дека ти припишувам мислења, а цело време се браниш од став што го немам кажано.
Тоа не е мој проблем — тоа е твоја претпоставка.
. Јас само ја прочитав како што беше напишана.



