Ексонци викаат тек допрва жустрото следува.
Во патосираниот од бомбардирања Иран литар гориво чини околу 36 американски центи, односно 0.36 американски долари. Тоа се за малку над 19 македонски денари по литар.
Наводно американските и европските резерви на нафта ќе го преживеат летото 2026, но доколку не се нормализира сообраќајот низ Ормускиот теснец до септември/октомври 2026, допрва ќе следува вистинска енергетска криза, пропратена и со прехранбена криза - оваа вторава претежно ќе ги погоди афричките држави кои се зависни од увозот на ѓубриво од државите во Персискиот Залив.
На Русија и` покажуваат среден прст од 2022 година, Иран го бомбардираа и најавуваат дека најверојатно ќе продолжат да го бомбардираат, Венецуела ги има најголемите нафтени резерви во светот, но не може да го снабдува целиот свет истовремено, без разлика колку ќе ја испокрадат американците, кои се најголем производител на нафта во светот, но сепак ниту тие не можат да го снабдуваат целиот свет истовремено.
Трампавиот дибек дефинитивно е тројанскиот коњ на конзервативните и десничарските движења и организации бидејќи живи ги закопа до врат. Но исто така ја закопува и автомобилската индустрија до врат, поконкретно производството на автомобили со мотори на внатрешно согорување, додека производителите на електрични автомобили би се молеле војната во Иран да потрае барем до крајот на 2026 година бидејќи никогаш немале заработувачка како досега.
Каде поддржал некого - на пример во Канада - таму победила другата страна.
Каде поддржал некој тип на бизнис - на пример производство и продажба на автомобили со мотори на внатрешно согорување - таму се зголемува побарувачката за производите на овие другиве типови на бизниси кои ги мава со дрва и камења.
Убаво велеше покојниот Хенри Кисинџер:
" Да се биде непријател на САД е опасно, но да се биде пријател на САД може да биде фатално " .
Кој сака да се закопа жив до врат само нека го поддржи трампавиот дибек и нека побара поддршка од него, пропаста е загарантирана.