Иран - MAKЕДОНИЈА (18.11.2009) во Техеран (1-1)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vetrence
  • Време на започнување Време на започнување
Маџовски да не правеше излети од по 20 метри можеби и ќе останеше да брани за репрезентација. Гледаш обична акција, вртат, лево-десно и гледаш голман кај што трча на дваесетина метри... па нормално не сака никој таков голман, добро, освен во Манчестер Јунајтед, имаат тие мерак по такви голмани. Пачовски и јас мислев дека не е којзнае каков голман, денес имаше лош кикс, но очигледно е тоа што брани во странство го има доста подобрено :)
А по што примети дека Пачовски е подобрен оваа година. Можеби по киксовите денес и со Норвешка, па и неколку гола со Холандија кога не беше поставен добро :)
 
Во основа очекуван резултат со оглед на тоа дека Иран и не е толку лоша репрезентација, а и ние на гости никогаш не сме цветале секако.

Пачовски дефинитивно не е голман за репрезентација (без разлика што има и добри денови). Сепак во моментов најспремен мислам дека е Јане, а не знам зошто никогаш Ока Николов не доби вистинска шанса иако е со години прв голман на Ајнтрахт.

Одлична акција за голот, се надевам дека нешто такво ќе видам и во официјалните натпревари, а и Гоги да почне да дава голови на тие натпревари.

Читам Стојков промашил чиста шанса во финишот. Од него не ни очекувам нешто повеќе, во моите очи тој одамна не заслужува место во тимот.

Се на се имаме игра во последно време, но сеуште мора да се работи на реализацијата.
 
Ока Николов не сакаше да се откаже од Германското државјанство. Тоа е единствената причина поради која не е на голот на Македонија :toe:
 
Ока Николов не сакаше да се откаже од Германското државјанство. Тоа е единствената причина поради која не е на голот на Македонија :toe:

Сигурен си дека е заради тоа? Знам дека еднаш пред 5 - 6 години бранеше на една или две пријалтески. Плус што има врска, има еден куп играчи со двојно државјанство зашто би морал да се откаже.
 
Сигурен си дека е заради тоа? Знам дека еднаш пред 5 - 6 години бранеше на една или две пријалтески. Плус што има врска, има еден куп играчи со двојно државјанство зашто би морал да се откаже.
Сигурен сум дека е тоа. И јас паметам дека бранеше за репрезентација но на пријателски средби, можеби има и повеќе од 10 години кога бранеше последен пат. Во Германија не можеш да имаш двојно државјанство, затоа е проблем :) Знам дека и на Николче Новески му беше понудено двојно државјанство, но тој го одби за да може да игра за Македонија :)

А по што примети дека Пачовски е подобрен оваа година. Можеби по киксовите денес и со Норвешка, па и неколку гола со Холандија кога не беше поставен добро :)
Па со Канада бранеше солидно, подобро од порано. За денес не знам, ама за со Холандија и Норвешка цела репрезентација изигра ужасно, па нормално е и голманот да не може да прави чуда. Посебно со Холандија, мислам дека играчите намерно сакаа да го избркаат на Катанец, цел меч само 70 додавања, тоа е срамно.
 
Сигурен си дека е заради тоа? Знам дека еднаш пред 5 - 6 години бранеше на една или две пријалтески. Плус што има врска, има еден куп играчи со двојно државјанство зашто би морал да се откаже.

затоа што германскиот закон не дава да имаш две државјанства. или ќе има германско или ќе имаш некое друго. Ока бранеше, но само на пријателски, а за пријателски порано не беше потребно државјанство ниту пак пасош, само доказ за потекло од земјата.

Илчо Наумоски пред некоја година мораше да си го откаже австриското, бидејќи и таму имаат таков закон.
 
проблемот со нас е пред се нападот. Едноставно сите се гледаат помеѓу себе кој да шутне. Честопати сакаат со топка да влезат во гол.

Одбрана имаме релативно добра. Новевски, Митрески, Седловски (иако застарува). Попов. Средниот ред малце ни фали. Шуми како дефанзивен, а Тасевски со малце креативност можат добро да изиграат. Еве и деспотовски добро игра.

Арно ама освен Пандев нема кој што да направи. Немаме играч кој од 15 метри би можел да шутне и да даде гол. Голем дел од головите ни се од 3-4 метра "tap ins" кога веќе голманот е совладан.

Еве во овој кваликациски циклус видете ги головите кои сме ги дале. Или пандев дал гол, или одбиената на Наумовски со шкотска. Тука ние изгубивме и не се пласиравме, со Норвешка и Шкотска, имавме шанси но не ги истористивме. Холанѓаните го покрија пандев и толку беше нашата игра. Еднолични сме.


Не знам зошто тасевски не се проби во репрезентацијата. Има телент со топката, ама можеби не знае кога треба да подаде. Таков еден плејмејкер со Пандев да се врзе и после тоа ни треба само еден истурен шпиц. Нас двајца шпицови не ни требаат бидејќи пандев ќе биде тој втор шпиц во дадени ситуации.

Проблемот не е во Нападот, одбраната, или шо ти ја знам.
Проблемот е во ФФМ, организирањето на натпревари, мотивацијата.............. и ред други такви работи.

Не може Фудбалска репрезентација, да оди на наптревар во Техеран како туристи, уште да земат сами да си ги вадат билетите и визите.
ПО 14-ЧАСОВНОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ...

Репрезентативците револтирани пристигнаа во Техеран

Не е никаква новина дека репрезентацијата е далеку од третманот кој треба да го има најдобриот национален тим, меѓутоа согласно долги години жалниот начин на водење на мак-фудбалот, не е никакво изненадување што македонските репрезентативци крајно револтирани пристигнале вчера рано наутро во Техеран каде утре ги очекува пријателскиот натпревар со Иран.
Од 13 часот во неделата на скопскиот аеродром, националите во Техеран се сместилие дури вчера во 3 часот наутро по средноевропско време, односно 5:30 часот по локално време, откако претходно цели три часа "дремеле" на аеродромот во Техеран за да се докомплетираат техничките визни формалности за нивен влез во Иран. Меѓутоа, нивниот револт бил дополнително "загреан" откако потоа се забележани повеќе од скромните сместувачки капацитети кои во главниот град на Иран биле одбрани за нашата "А" селекција.
"Навистина не знаеме дали и другите репрезентации го добиваат истиот третман, да се малтретираме безмалку на секое наше патување на овој начин со 'дремење' на аеродроми по неколку часа. Има ли, се прашуваме, нашата федерација доволен авторитет па соодветно да го добиеме третманот како поканети гости на еден официјален меѓудржавен натпревар? Посебна приказна е хотелот каде отседнавме...", револтирано ни коментираа вчера неколку репрезентативци со кои контактиравме, истакнувајќи дека во секој случај за нив без исклучок останува максималниот ангажман на утрешната средба како и секогаш на крајот сите негативности да бидат избришани со триумф на зелениот терен.


Ова не смее да се случува на Фудбалска Репрезентација на Македонија. Ова е срамно, нека земе Дон Хари вака да дреме по аеродромите.
Ѓуровски веке колку време не може добие пасош, заради тоа шо сеа се ангажирани СИТЕ околу изборите и к*р ги боле за “овче поле“.

Туку..... и ние сме за стап шо дозволуваме вакво нешто, та не превземеме нешто!:toe:

ПС. Тасевски Е веке стандарен до пред некој меч пред да се повреди, така да .........:toe:

Да играа во Струмица ќе ги тепавме 3-0 ама еве то ти е то.


И да ни судеа Бугарските судии!:pos2:

Пачовски дефинитивно не е голман за репрезентација (без разлика што има и добри денови). Сепак во моментов најспремен мислам дека е Јане, а не знам зошто никогаш Ока Николов не доби вистинска шанса иако е со години прв голман на Ајнтрахт.

Респект за Пачовски, истото мислење и ја го иам! не верувам да сме имале после Репрезентативен голман досега, секогаш сме имале голмани за почит.

Но за Ока Николов ЕПТЕН не се согласувам. Тој ја да сум, има да ја забрави Македонија како земја (шо он одамна и го стори тоа). Кога требаше да игра за Македонија, неможеше да игра ради Германскиот Пасош, и замисли Џукелата им рекол Чим не бива не бива, ја не можам да го откажам Германскиот пасош!!!!:tapp:
Значи него забрај го, такви играчи ама воопшто не ни требаат!
 
Го има мислено тоа два дена :pos:
 
Па вака Пачоски е уште млад, и мислам дека ќе успее да стекне искуство и да не прави вакви грешки, али мислам дека можеме да му простиме со оглед на тоа што е пријателски натпревар. Инаку Македонските голмани досега секогаш заслужувале почит бидејки истите се биле доста добри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom