Според мене, iPhone 3GS.
Еве ги клучните аргументи зошто:
- Nokia N97 и iPhone имаат дисплеи со иста големина, но со сосема рaзлична технологија. Nokia N97 има резистив диплеј, iPhone има капацитативен. Самото ова кажува се за тач искуството додека го користите корисничкиот интерфејс. На iPhone се се одвива без никаков напор, помазно и попрецизно, додека на Nokia N97 треба да употребувате притисок со прстите врз дисплејот. Едноставно, напорно е.
- Целата конструкција (куќиштето) на Nokia N97 личи некако ефтино. Посебно задната страна. Ова не би било ништо страшно, доколку не се работи за уред кој во ценовен ранг е меѓу најскапите. Кога телефонот ќе го земете во рака, делува некако шупливо, крцкаво и празно. Ваков high-end уред заслужува поквалитетни материјали за изработка.
- iPhone 3GS е побрз телефон. Има побрз процесор и двојно повеќе RAM.
- iPhone има далеку подобар и побрз интернет прелистувач. Интернет прелистувачот на Noka N97 e просечен. Луѓето кои често користат мобилно сурфање треба да го имаат ова во предвид.
Nokia N97 има и некои ситни предности, како на пример подобра камера (5 мегапиксели со Карл Цајс леќа, која снима видео во повисока резолуција), QWERTY тастатура, има FM радио... но сепак - генерално гледано iPhone 3GS е подобар уред.