Пријател од мк кој што има фирма и вработува 15/20 луѓе ......
Велам нај веројатно сакаат 8 часовно работно време, 40 часа неделно, и секој да си ја работи својата работа а не кога немаш во фирмата работа да ги тераш да ти косат трева , копаат дрвца ........
Настрана шала, ме заинтригира болдираниот дел. Чисто да видам како размислуваме ние Македонците...
Прво, апсолутво се согласувам за 8/40 часа работно време !
Ама, дали ако ( во тоа 8 сааатно време ) нема работа вработените треба да седат, спијат, пијат кафе, играат солитер......?
Дали на иста основа ( нема работа, нели ! ), газдата/директорот може да им каже на вработените дека нема плата ?
Дали мислиме дека , пример, ако во еден погон за производство нема 10 дена работа во месецот, (ама газдата не сака да ги отпушти вработените и им дава редовно плата + продонеси ) е проблем во тие 10 дена вработените го исчистат погонот, искосат тревата во дворот, офарбаат ограда, и сл.?[DOUBLEPOST=1457080760][/DOUBLEPOST]Малку за најголемата
ИНВЕСТИЦИЈА
Да не беа потрошени за „Скопје 2014“, на пример, 633 милиони евра би биле доволни за изградба на
двата автопати што власта почна да ги гради минатата година од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид во должина од 104 километри. Притоа би останале уште педесетина милиони евра доволни за реконструкција на околу 40 километри автопат, делниците Смоквица - Гевгелија, Неготино – Демир Капија и Куманово – Миладиновци
Парите потрошени за барокната маска на главниот град можеа да се инвестираат и во
железничката пруга од Куманово до бугарската граница, дел од Коридорот 8. Да беше изградена, денес трговската размена со Бугарија ќе беше три пати поголема. Ова е официјална проценка на владините претставници.
Да не беше „Скопје 2014“, Македонија досега можеше да има и
гасоводна мрежа. Според владините пресметки, за да се поврзат сите 80 општини во еден систем, потребна е дистрибутивна мрежа за природен гас од 650 километри чија изградба се проценува дека ќе чини околу 150 милиони евра, што е четири пати помалку отколку што чини „Скопје 2014“.
Во замена за проектот „Скопје 2014“, Македонија денес можеше да ги има и
двете хидроцентрали Чебрен и Галиште з или пак, нова термоелектрана којашто ќе покрива околу третина од годишниот увоз на струја
Парите потрошени за проектот „Скопје 2014“ се еквивалентни, на пример, и на
9 нови клинички центри како комплексот „Мајка Тереза“ или пак, на
стотина нови студентски домови .