Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Колку македонски фирми исполнуваат и поседуваат ISO стандарди/сертификати? Колку време ни требаше да спороведеме еден мочан HACCP (она што народ во мкд го вика хасап) и дали мислите дека повеќе од 5% знае што уствари беше тоа? За жал македонската „бизнис култура“ е на такво ниво да ретко која странска фирма ги гледа домашните како сигурен партнер.

Најчест и најлесен модел за странска инвестивија е преку venture partnership. Колку такви има во Македонија?
 
Одличен ти е примерот,а за тоа што пишал Цитро,дали е македонски или не не е битно,битно е дека оди на конто на БДП, јас не би му замерил.
Многу луѓе ја прават истата грешка,пошто БДП-то,како мерка за мерење на големината на една економија,не само што се злоупотребува,туку,што вика Штиглиц,од политички причини е подигната на ниво на фетиш.

Друга работа,која исто така многу луѓе ја забораваат,или воопшто не ја ни знаат е дека БДП-то,само по себе,не е мерка која ја покажува економската благосостојба во една земја.Па мме,застој на патиштата и сообраќајни гужви можат да го зголемат БДП-то,како резултат на зголемената потрошувачка на гориво.Прашањето е што од тоа ќе има Петре или Трајче?

БДП то не е никакво мерило,т.е. е само проста статистика се додека не се преслика во реалноста.Пример за тоа ти е Кина која за скоро ќе ја пресдтигне Америка,ама и понатаму ќе биде далеку од неа во секој сегмент,или јужниот сосед кој создаде вештачки раст и на крај прсна како балон.Мене ми е битно само преку раст на БДП Македонија да го ујача својот имиџ на стабилна земја,да се намали невработеноста и да се создаде интерес за сериозни светски компании кои долгорочно ќе работат тука на обостран интерес,а не лон производство во шатори на компании кои интересот им е само да регрутираат ефтина работна сила според моменталната 5 или 10 годишна ситуација во регионалната економија.
 
Реторичко ми беше прашањето, нормално дека имаме корист...спомна некој се субвенционирале само странски компании, а не им се дава шанса на домашните. Прво, јас колку што сум информиран поволностите во зоните се истите и за домашни и за странски компании, условите се тие па бујрум кој сака нека повели. Кажете ми која е таа македонска компанија која ќе изгради фабрика за било што и ќе отвори 1000-2000 работни места? Значи бенефициите се исти за сите, а можеби приоритет ни се странските од причина што ја имаат таа моќ, имаат некое си светско реноме, обезбеден и сигурен пласман.
Не би рекол дека нема никаква соработка со домашните компании, градежниот сектор доста искористи, прво од изградбата на самите зони со цела потребна инфраструктура, потоа од изградбата на самите фабрики на странските компании, кои ги градат наши фирми со наши работници и материјали. И не е само градешниот сектор, доста домашни компании им нудат најразлични услуги на новиве компании, од сметководствени услуги, правна помош, па се до услуги за превоз на вработените до зоните, достава на храна и сл. За секое едно директно вработување во овие фабрики,теоретски во просек се отвара 1.5 индиректно вработување, некогаш односот е уште поголем. Некој домашни компании дури и склучија договори за соработка во самиот процес на производство, Ван Хул набавува шасии од штипска Актива, и производи од полиестер од Унипласт од Струга. Сигурно има и други вакви примери, а во иднина истите ќе добиваат на интензитет.
Единствена негативна страна гледам во висината на платите во новоотворените фабрики, но со оглед на процентот на невработеност тоа и не треба да не чуди, истите тие што сега земаат 12.000 денари, до вчера седеа без работа и беа на терет на државата.
 
Последно уредено:
тите во новоотворените фабрики, но со оглед на процентот на невработеност тоа и не треба да не чуди, истите тие што сега земаат 12.000 денари, до вчера седеа без работа и беа на терет на државата.

Платата ја одредува пазарот неможе во земја каде што обичниот работник земал 9 к да дојде странец и да ти плаќа 18 к. Но може со намалување на невработеноста да се зголеми потребата за работници а со тоа ќе се зголемат и платите тоа е процес и не доаѓа преку ноќ.

А ова погоре што го спомна, шофери, кувари, градежници сето тоа е точно но јас кога спомнав доставувачи мислев на индустриски доставувачи на компоненти.

Патем уште две интересни инвестиции во Кавадарци.

Најавено отворање на две пиварници во Кавадарци

science-092812-005-617x416-1728x800c.jpg

Кавадарци како општина многу брзо ќе промовира производство на пиво во две посебни пиварници, најави кавадаречкиот градоначалник Акександар Панов кој кажа дека самиот го пробал пивото и на двете места и оти вкусот е извонреден.

-Сакам да нагласам дека во последно време многу внимание посветуваме како локална самоуправа и на малите бизниси кои ја движат економијата напред и нудат вработувања, покрај веќе постоечките големи капацитети како германската фабрика на Дрекслмаер во која вработување најдоа голем број на тиквешани, нагласи Панов, зборувајќи за инвестициите во општината која како што рече, е на врвот на економскиот развој во Република Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци најави и неколку други инвестиции.
http://sitel.com.mk/najaveno-otvoranje-na-dve-pivarnici-vo-kavadarci
 
Нема работници веќе во Кавадарци за нови инвестиции :cool:

Но добро, за една пивара беше одамна познато дека ќе се отвара.
 
А ова погоре што го спомна, шофери, кувари, градежници сето тоа е точно но јас кога спомнав доставувачи мислев на индустриски доставувачи на компоненти.
Те разбрав, затоа го дадов примерот со Ван Хул
 
Дајте ги пиварите у Битола и Струмица кавадарчани и така на ракија и вино спијат ;)
 
Ја читам темава последно време и само хејт се мава :D тоа е македонче
Па точно е дека кај дел од луѓето има таков менталитет ама не се сите исти. Башка се менува менталитетот така да не треба никого да нарекуваме Македонче. Пред некој ден еден пријател (кој патем е сопственик на успешна фирма, има два стана, жена деца и тн.) го почна стандардното - државава е катстрофа луѓе немаат пари и тн. за еден час подоцна да каже дека се добри странските инвестиции затоа што лично зборувал со луѓе од кавадарци мислам беше или можда некој друг град каде што дојдоа стрнаски ивнестиции. Зошто? Затоа што му рекле луѓево (двајца од нив) дека претходно работеле у кафичи у тие места непријавени за 100 евра. Сега зимаат 10.000, пријавени се и им се почитуваат правата на одмор, боледување и тн. Е тоа е целиот муабет. Никој не вика дека овие фирми им донесоа решение на луѓево за век и веков, туку се чекор напред кон подобар живот за луѓето во тие краеви. Убеден сум дека за година две три тие плати ќе се зголемат (зборам за обичните работници, како што кажав тие штоп се на пивисоко позиција земаат релативно добри плати).
 
Znaes nekoj licno od stipskiot region? Kolku ripnaa platite vo poslednava dekada radi LON sistemot na tekstilnata industrija? Bitno e da se raboti nesto,taka? Dzabe raboti,dzabe ne sedi.

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Па точно е дека кај дел од луѓето има таков менталитет ама не се сите исти. Башка се менува менталитетот така да не треба никого да нарекуваме Македонче. Пред некој ден еден пријател (кој патем е сопственик на успешна фирма, има два стана, жена деца и тн.) го почна стандардното - државава е катстрофа луѓе немаат пари и тн. за еден час подоцна да каже дека се добри странските инвестиции затоа што лично зборувал со луѓе од кавадарци мислам беше или можда некој друг град каде што дојдоа стрнаски ивнестиции. Зошто? Затоа што му рекле луѓево (двајца од нив) дека претходно работеле у кафичи у тие места непријавени за 100 евра. Сега зимаат 10.000, пријавени се и им се почитуваат правата на одмор, боледување и тн. Е тоа е целиот муабет. Никој не вика дека овие фирми им донесоа решение на луѓево за век и веков, туку се чекор напред кон подобар живот за луѓето во тие краеви. Убеден сум дека за година две три тие плати ќе се зголемат (зборам за обичните работници, како што кажав тие штоп се на пивисоко позиција земаат релативно добри плати).

Мене чисто ме интересира, дали овие памфлетиве сам ги смислуваш, или ти даваат урнеци? И друго нешто, какви квалификации треба да имаш за да го работиш ова што го работиш на форумов? Степен на образование, искуство? Ако не те мрзи, сподели.
 
Да ти кажам мн слабо пратам со инвестиции како шо освен што читам тука,али дека државава е срање напраија од корен да е све партиски е од мали у партија.Во средно прашувале за кој ке гласаш wtf.Се палат сме биле први први сме у тоа што има глуп народ кој не размислува со својо мозок и што верува дека некој ке го вработи ако верува слепо можно е да сме втори Северна Кореја е прва.И сите научени само хејт да маваат никој не рекол да да се смени нешо.
 
Ме мрзи. Ако не можеш сам да разбереш, џабе ќе ти објаснувам. До тогаш може само да ми љубомориш.
Назад на темата.
Замисли во Македонија има луѓе кои размислуваат позитивно. Луѓето кои работат во новиве фабрики, за разлика од вас мудреците удобно сместени во фотелји на тастатури (повеќето не ни работеле никогаш ништо во животот), јас ги сметам за чесни и работливи луѓе кои пробуваат на чесен начин да заработат нешто. И претходно сакаа ама работеа на црно сега конечно добија шанса да работат со платени придонеси и со редовна плата. За разлика од некои други овие луѓе за мене не се стока, робови, мајмуни туку чесни луѓе. Во 2015 можам само да им посакам зголемување на платите, не само на нив туку на сите.[DOUBLEPOST=1420018206][/DOUBLEPOST]
Да ти кажам мн слабо пратам со инвестиции како шо освен што читам тука,али дека државава е срање напраија од корен да е све партиски е од мали у партија.Во средно прашувале за кој ке гласаш wtf.Се палат сме биле први први сме у тоа што има глуп народ кој не размислува со својо мозок и што верува дека некој ке го вработи ако верува слепо можно е да сме втори Северна Кореја е прва.И сите научени само хејт да маваат никој не рекол да да се смени нешо.
Сега тоа е сосема друга тема. А тие што од мали размислуваат да се пикнат во администрација се за жалење, но ќе ги има било кој да е на власт.
 
Поради ниските температури екипите на Кајгана Пат излегоа на терен и ја исчистија темава.
- 30 мислења избришани.
- Фрлено е сол и песок.
- Нема повредени. Ниту казнети или банирани.

Oд моментов на сила стапи забраната за тешки товарни партиски членови. Задолжително е користење на зимска опрема (антифриз и алкохол).
Ојте и прославете со најблиските, не дремете на форумов.

Темава ќе биде одклучена здравје, следната година!

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ !!!

едит: Темата е отворена.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom