Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
На вага друже на вага нека ги стави придобивките од вакви инвестиции и она што Македонија како држава им го дава поволност за инвестирање.
Мојот пост не е празен туку е полн со факти од кои на некој ги фаќа страв.
Бараа ли ваквите „новинари„ инвестирање во Економијата, пишуваали секој ден по трипати дека инвеститорите не заобиколуват, пишуваали дека администрацијата ни била гломазна и затоа нема инвестиции, пишуваали дека инвестирај во Македонија се залудно фрлени пари и да не набројувам и да не навлекувам подетално, нема потреба бидејќи гледам и на тебе кога ти е тесно веднаш почнуваш со ВМРО и мешаш партии. Јас овде зборувам за бројќи за добивки од овие инвестици , јас овде зброувам за нешто што беше најмногу критикувано а сега наеднаш пак нечини.
На крај ако сакаш уште факти и ако сакаш политика ќе ти кажам едно Владат и целосно да ги инвестира овие проекти и целосно да ги плаќа работниците обезбедиле од нашиот буџет пари за сите овие издадоци и им се може, иако не е така. Туку се работи за многу добро смислена и долгорочна стратегија, затоа што може ние како држава за две години ќе дадеме 4 милиони помош и подршка на инвеститорот но она што ни се враќа е бесценето. И не ја бранам оваа стратегија затоа што е на владата туку затоа што е добра за Македонија и очигледно дава ефекти.
Ако имаш ти поквалитетни факт од моите повели побиј ме. Нема пробем ќе се исправам ако грешам.

:pos:
Абе зарем те боли вистината ? Па се што напиша е само гола вистина и ништо повеќе, што е проблемот сега ?
 
не е баш БУМ, повеќе е „пау“, за БУМ треба да имаме инвестиции од 1,5 - 2 милијарди евра ко што е случајот со Албанија и останатите соседи :)
Па кога ќе дојде да разгледа некој да инвестира тука, ќе пушти телевизија ќе прочита весници и што да види мисли дека тука е се така црно што кога одиш во продавница треба на продавачот да му платиш за да може да ти го наплати лебот. Корупција, диктатура итн да не редам не дека кај соседите па и кај нашите мили Европјани не постои, постои каде има можност секаде постои, само таму не се толку гласни додека не ја остварат својата цел. На пример, пред да влези Словенија некоја словенечка група пеела песни колку ја сакаат европа итн, од кога влегоа пејат песни колку е лоша таа европа. Така да за овој пау сме поголемиот дел одговорни самите ние, да ќутевме и кажувавме бајки на инвеститорите колку е убаво тука колку е розов светот кај нас додека не дојдат, па после да кукаме
 
Па кога ќе дојде да разгледа некој да инвестира тука, ќе пушти телевизија ќе прочита весници и што да види мисли дека тука е се така црно што кога одиш во продавница треба на продавачот да му платиш за да може да ти го наплати лебот. Корупција, диктатура итн да не редам не дека кај соседите па и кај нашите мили Европјани не постои, постои каде има можност секаде постои, само таму не се толку гласни додека не ја остварат својата цел. На пример, пред да влези Словенија некоја словенечка група пеела песни колку ја сакаат европа итн, од кога влегоа пејат песни колку е лоша таа европа. Така да за овој пау сме поголемиот дел одговорни самите ние, да ќутевме и кажувавме бајки на инвеститорите колку е убаво тука колку е розов светот кај нас додека не дојдат, па после да кукаме

Напротив , ако пуштиш телецизија гледаш дека све розово е тука , кажи ми еден медиум , последново време сакам да слушам некоја критика , не можам да најдам.
Во сите екс-Ју земји има жестоки критички медиуми , но тоа не ги попречува земјите да привлечат инвестиции.
 
Нова фабрика за арматурно железо во Старо Нагоричане

Во општината Старо Нагоричане за една недела се отвора нов погон за преработка на арматурно железо на македонската компанија Стил Кон.
Со инвестицијата вредна 3,5 милиони евра која се реализира заедно со холандски партнер се отвораат нови 100 работни места. Фабриката се простира на 2.600 метри квадратни а е дел од индустриската зона која според проектот на општината ќе зафаќа околу 50 илјади метри квадратни.

Според раководството на компанијата, производствениот капацитет на постоечкиот погон за челична конструкција досега изнесувал од 10 до 15 илјади тони годишно во една смена.

- Тоа е нов погон кој е многу значаен за општината затоа што покажува дека може да се развива бизнисот и во општината Старо Нагоричане, дека имаме тука погодни услови за инвестиции и дека во наредниот период ќе дојдат и други инвеститори во општината и ќе наидат на општина која сака да им помогне во нивните инвестиции и да вработат луѓе од нашиот крај - вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=79800
 
Приказна за Македонија, видете во која врата сме:

Поучна приказна: Тимски дух


Еден ден човекот имал можност да поразговара со Бог, па го прашал: ‘‘Господе ќе ми биде големо задоволство да дознаам како изгледаат Пеколот и Рајот?‘‘

20110729heaven-hell.jpg


Бог го однел човекот до две врати. Отворил една од двете врати и му дозволил да погледне внатре. На средина од собата, стоела голема тркалезна маса. На средина на масата имало голема чинија со многу вкусна свежа храна.

Човекот осетил како му надоаѓа плунка во устата...

Луѓето кои седеле околу масата биле претерано слаби, со виолетов тен и болен изглед. Сите изгледале изгладнето. Имале лажици со многу долги рачки кои биле прицврстени на нивните раце. Сите можеле да ја дофатат храната во чинијата и да земат малку, но бидејќи рачката била подолга од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста.

Човекот се стресол при самата глетка на нивниот јад и нивната жалост.

Бог на тоа му рекол: „Само што го виде Пеколот.“

Потоа Бог и човекот се упатиле кон втората врата. Бог ја отворил и втората врата. Глетката која човекот ја видел била идентична на претходната. Имало голема тркалезна маса, на неа чинија преполна со вкусна храна, која повторно му донела плунка во устата.

Луѓето околу масата исто имале лажици со долги рачки, само овој пат тие биле добро нахранети и среќни и си разговарале меѓусебно задоволно насмевнувајќи се...

Човекот му рекол на Бога: „Не разбирам?“

„Едноставо е – рекол Бог. Сè е поврзано со една вештина. Овие научија да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго освен на сами себе.“
 
Инвестициски маркетинг во Македонија, тоа треба да биде наслов на темава!
 
Џонсон за Штип објавил конкурс за вработување, го има некој да го сподели?
 
druze daj nesto podetalno ako znaes za so profil rabotnici se trazat u stp u jonson.k.
Ние бараме стручни лица во повеќе области:
Процес инжинери за шиење
Процес инжинери за кроење
Инжинери за компјутерски потпомогнато дизајнирање (CAD Инжинери)
Тим Лидери на производна линија
Електромеханичари
Ревизори за квалитет
Проектен Асистент
Искусни оператори за шиење
Потребни квалификации:
• Искуство во шивачка индустрија
• Познавање на англиски јазик (за административни и инжинерски позиции)
• Познавање на англиски јазик за непречена комуникација за тим лидерите на производна линија и механичарите ќе се смета за предност
• Способност за брзо и ефикасно учење
Ние нудиме:
• Интересна меѓународна работна средина
• Можност за развивање
• Градење на успешна кариера
Контакт: Ул. Маршал Тито 6.6., 2000 Штип
e-mail: AE-AG-EUR-MK-Jobs-Trim@jci.com
Краен рок за поднесување на апликациите за заинтересираните кандидати е 18.09.2011.
Доколку Вашите апликации ги испраќате по пошта, Be молиме назначете дека истите се за Џонсон Контролс.
Исто така, ги молиме сите кандидати ЗАДОЛЖИТЕЛНО да назначат за која позиција аплицираат.
http://najdirabota.com.mk/DisplayVacancy.aspx?vacancy=589708
 
индустриската зона жабени сеуште е покриена со трева
не знам дали германците се толку брзи и да направат фабрика за 3000 луѓе за неколку месеци
:)
 
ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ОРЛАНДИ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Во Бунарџик ќе се произведуваат и делови за камиони и трактори

Десетте милиони евра што Орланди ќе ги инвестира во Македонија се и прва инвестиција во производствен погон на оваа компанија надвор од Италија. Македонија ја одбрале како дестинација поради добрата бизнис клима и ниските даночни стапки, како и условите што ги нуди за инвестирање на економската зона Бунарџик

CD2AC6076400D24B98B4685BA9F7B1DF.jpg
Италијанскиот гигант за производство на приклучни уреди за камионската и индустријата за земјоделски машини, Орланди, ќе инвестира десет милиони евра, со тоа што ќе изгради фабрика со 120 вработени во скопската економска зона Бунарџик. Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за финансии, Трајко Славевски и директорот на Агенција за инвестиции, Виктор Мизо, дојдоа во Бреша, за лично во просториите на компанијата да го потпишат меморандумот за разбирање.
Десетте милиони евра што Орланди ќе ги инвестира во Македонија, се и прва инвестиција во производствен погон на оваа компанија надвор од Италија. Македонија ја одбрале како дестинација поради добрата бизнис клима и ниските даночни стапки, како и условите што ги нуди за инвестирање на економската зона Бунарџик.
Стартот на изградбата на фабриката ќе почне на почетокот на 2009. Имаат веќе изготвен проект и очекуваат веќе во 2010 да го промовираат првиот производ од погоните во Македонија.
Орланди е една од трите компании со вакво производство во светот.
- Пред да ја изградиме фабриката сакаме да инвестираме во обука на македонските кадри во Италија. Ова е прва наша инвестиција надвор од Италија. Производството кое очекуваме да почне во 2010 ќе биде наменето целосно за извоз во Италија, а потоа и на пазарот во Европа и светот. Ние сме задоволни од условите во Македонија и очекуваме поддршка од Владата за реализација на овој проект, изјави сопственикот на компанијата, Жанпјетро Машелини.
Орланди е гигант во индустријата за возила, кој произведува суштински елементи за товарните возила и земјоделските машини. Од тој пазар покрива околу 70 проценти. Произведува за Ивеко, Мерцедес, Волво, Сканија. 65 проценти од производите се наменети за индустријата на камиони, а 35 за механзацијата во земјоделската индустрија.
Производството од македонските погони, во кои за почеток ќе работат 120 луѓе, ќе биде за европскиот пазар. Годишно се очекува извоз од 10 милиони евра.
Премиерот Николоа Груевски вели дека за Македонија е од исклучителна важност проектот Орланди, бидејќи станува збор за сериозна семејна компанија, која ќе биде одлична препорака за останатите инвеститори.
- Оваа компанија ќе биде успешна препорака за сите други инвеститори. Очекуваме уште италијански инвестиции. Очекуваме за околу една година да почнат со производство. До тогаш ќе вршат обука и тренинг на вработените, кои од Македонија ќе ги донесат во Италија. Ова е и првиот посериозен одговор кој го направија нашите економски промотори, вели Груевски.
По оваа компанија, Орланди најавува отворање и на уште една фабрика во Бунарџик. Станува збор за погон за производство на контејнери со специфични системи за функционирање.
Бреша е трет индустриски центар во Северна Италија по Милано и Торино. За оваа прва директна италијанска инвестиција најмногу заслуга има македонскиот економски промотор во Италија, Димче Николовски. Тој го направил првиот чекор со сопственикот, на кој пак му биле потребни само три месеци за да ја донесе одлука за инвестирање во Бунарџик.

Специјален известувач од Бреша, Италија
Марјан Николовски
 
Нова фабрика за арматурно железо во Старо Нагоричане

Во општината Старо Нагоричане за една недела се отвора нов погон за преработка на арматурно железо на македонската компанија Стил Кон.
Со инвестицијата вредна 3,5 милиони евра која се реализира заедно со холандски партнер се отвораат нови 100 работни места. Фабриката се простира на 2.600 метри квадратни а е дел од индустриската зона која според проектот на општината ќе зафаќа околу 50 илјади метри квадратни.

Според раководството на компанијата, производствениот капацитет на постоечкиот погон за челична конструкција досега изнесувал од 10 до 15 илјади тони годишно во една смена.

- Тоа е нов погон кој е многу значаен за општината затоа што покажува дека може да се развива бизнисот и во општината Старо Нагоричане, дека имаме тука погодни услови за инвестиции и дека во наредниот период ќе дојдат и други инвеститори во општината и ќе наидат на општина која сака да им помогне во нивните инвестиции и да вработат луѓе од нашиот крај - вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=79800
Дај не заебавај со ова!
Вакви погончиња (ај да не ги наречам работилници) ги има десетина во и околу Скопје..... ништо ново не е тоа... главна суровина им се разни челични профили, цевки и жица од која плетат мрежи за армирање, вршат калибрирано извлекување на жица (низ матрици на кој одамна им е пројден рокот на употреба), чат пат изведуваат, заваруваат, по некоја носечка челична конструкција, скали со платформи и слично ...
...значи ништо спектакуларно и веке што го немаме... па да се крева галама ко за некое чудо.

едно време за вакви работи се прикажуваа
 
Соработуваат со холандска фирма, извезуваат, вработуваат, создаваат.
Не се приметуваш дека си им љубоморен ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom