Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Добро што мислиш јас несакам просечна плата да биди 1000 евра и невработеноста да биди на ниво на Луксембург ?
Незнам дали пратеше но имам кажано дека имам работено во фабриката,безмалку цела година. Да не речам во првата група бев. Така да многу добро сум запознаен со условите таму и со сигурност можам да ти кажам барем за тука условите и платите од старт беа подобри од 90% од домашните приватни фирми. Значи сум работел и во такви и во такви и можам да споредам. Не зборуваме тука ние за државно или за РЕК , туку за обични приватни фирми. Значи редовна плата, платен превоз, менза, во целост исполнување на слободните денови кои следуваат според закон , К-15 . Во повеќето приватни фирми сето ова е мисловна именка. Друга работа е што повеќето очекуваа германски плати пошто фирмата била германска, но набрзо потоа следеше отрезнување. Кој имаше каде да оди, избор за подобро си замина уште во почетокот. Се друго што остана остана затоа што знаеше дека во моментот нема подобро. Едно добри 90 % од вработените дојдоја од сокотаб каде беа сезонци, другите кој без работа кој од бетер фирми( текстил ). Сигурно никој не дошол посебно зборувам за обичните работници на лента од подобро платено работа да работи тука. Се што дојде и остана дојдоја од полошо работно место или никакво и затоа не бегаат. Да имаа избор за подобро верувам дека секој со малце здрав ум и разум ке си заминеше на тоа подобро работно место. Ама за жал нема.
После незнам како можеш да тврдиш дека нема никакви придобивки. Конкрето тука 2000 души ( отприлика) се во редовен работен однос и редовно земаат плата со платени придонеси. Подобро ке беше тие да бидат невработени? Тие платата каква е таква е ја чуваат под перница? Не ја трошат пак во Битола. Кој за сметки, кој за друго. Битно ја трошат. Значи имаш плус 2000 души кои се платежно способни, не којзнае колку но ако земиш дека претходно немале ич или живееле од парите да родителите, роднини сепак тоа е позитивно.
А дали можеле да ги условат со поголеми плати а притоа да ги молиш за да дојдат можеме само да шпекулираме, ама од друга страна пак бројот на странските инвеститори или инвестиции не е козјане колкав што ми кажува дека тие вака едвај идат со триста молејнци а не пак дополнително да биле условени. Во секој случај некој ако смета дека немаме потреба од нив и дека е подобро да си заминат во Кина, Индија, Тунис или појма немам од каде дојдоја слободно нека си даде отказ. Ке видат не ке видат сами ке си заминат кога ке нема кој да работи.
Сега засега колку што гледам халите се полни , луѓето одат што значи дека работата барем во поглед на услови и плати не ни е сјајна. Јас пак ке речам дај боже да дојди тој ден никој да не сака таму да работи затоа што на друго место има подобри услови и плати, ама очигледно далеку сме од тој ден.
е оти некажиш дека луѓето се таму под стрес и барање за вадење на норми на квалитет и квалитет тие 8 часа,што најверојатно го пренесуваат и дома што значи 24/7,зошто не кажеш дека работниците работат со заради заштита од полски глодари и други штетници,материјали кои се премачкани со отров,значи работат без заштитна опрема(ракавици,маски итн СЕ заради сигурно намалување на квантитетот кој ќе биде произведен), зошто го ставаш БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ И БЕСПЛАТНАТА ХРАНА - оди пеш и гладен на работа и исполни ги нормите и уште 300 други негативни работи..........немој да го кажуваш само позитивното веќе ако си се нафатил да објаснуваш каква е работата...........[DOUBLEPOST=1428493211][/DOUBLEPOST]
Ја прочитав анализава ако може така да се нарече и не може да се извлече никаков заклучок од неа, што веројатно и била целта на авторот:). Никој не може целосно да ги претстави ефектите(ете дури и овие експерти од порталов не се баш сигурни имало извоз ама имало и увоз, ефектите биле помали дрн дрн.) освен економските експерти од форум Кајгана. Едно што приметив е бројка од 11.000 нововработени за една година.
супер,одлично,тоа се одлични вести...........а за кој надоместокработат и што можат да си дозволат со нивните плати во следната анализа молам
 
супер,одлично,тоа се одлични вести...........а за кој надоместокработат и што можат да си дозволат со нивните плати во следната анализа молам
Тие 11.000 сигурно не работат на исти задачи немаат исто обраование не работат на исти места и тн. и затоа нема еден одговор на тоа прашање. Го зборевме ова сто пати. Да, платите се мали генерално (не се помали од вообичаените и тоа е факт кој избегнуваме да го кажеме) но се очекува да пораснат.
 
Тие 11.000 сигурно не работат на исти задачи немаат исто обраование не работат на исти места и тн. и затоа нема еден одговор на тоа прашање. Го зборевме ова сто пати. Да, платите се мали генерално (не се помали од вообичаените и тоа е факт кој избегнуваме да го кажеме) но се очекува да пораснат.
ќе објасниш СЕ детално СЕ шо теба граѓаните да бидат информирани за состојбата на нивните роднини,пријатели,како и за нивно идно вработување и кариера...........во тој и тој сектор вработени толку и толку со тие примања,толку работни часови итн

немој да ја мавташ јавноста имало 11 000 нововработени,ако се во услови на робови ШУ ПРАЈМЕ со такви вработувања
 
во тој и тој сектор вработени толку и толку со тие примања,толку работни часови итн

Исто така треба да се презенира и бројот на employee churn rate, да видиме колку просечно време издржуваат работниците да работат во одредена фабрика. Тоа е добар показател дали се третирани како робови.
 
Вака кога ве слуша човек ќе си мисли затворени негде во подрум работат 11.000 луѓе. :-) "ја мавта јавноста" а што треба извини да кажат? Дека е мизерија Македонија и дека следниве 5-10 години нема шанси да се оправиме? Дека инвеститори на колена ги молат никој не сака да дојде пошто Македонија и балканот испадна дека не е папокот на светот? А пошто бараш структура на вработени ја би сакал и структура на невработени (мада и тоа не е релевантно пошто у последниве 15 години кој стигна доби диплома). Колку што се сеќавам големото мнозинство се со средно а има и еден добар процент со основно.
 
е оти некажиш дека луѓето се таму под стрес и барање за вадење на норми на квалитет и квалитет тие 8 часа,што најверојатно го пренесуваат и дома што значи 24/7,зошто не кажеш дека работниците работат со заради заштита од полски глодари и други штетници,материјали кои се премачкани со отров,значи работат без заштитна опрема(ракавици,маски итн СЕ заради сигурно намалување на квантитетот кој ќе биде произведен), зошто го ставаш БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ И БЕСПЛАТНАТА ХРАНА - оди пеш и гладен на работа и исполни ги нормите и уште 300 други негативни работи..........немој да го кажуваш само позитивното веќе ако си се нафатил да објаснуваш каква е работата..........
Тебе ова ти е прва работа ? Во која приватна фирма не бараат норма и квалитет?
Се знае каде не бараат нити норма нити квалитет. Секаде на друго место тоа е прво и основно посебно во приватно. Незнам тука што не ти е јасно.
За храна и превоз не сакам ни да коментирам пошто на прсти се бројат приватни фирми каде тоа ти е обезбедено. Ете незнам јас дај ти мене кажими во која друга приватна фирма имаш обезбедено храна и превоз без да ти одбијат од платата. Јас единствено можам моментално да се сетам на Сокотаб од поголемите. Можеби има и други , не велам не, ама поќе е исклучок отколку правило. За заштитата не те сфатив баш што ти е примедбата. Но и сето ова што го наброи да е така, зошто не си дадеш отказ ( ке речеме дека таму работиш) и се вработиш во друга фирма каде условите и платата повеќе би ти одговарала. Сигурно не ве држат таму со сила. Значи немој да ме сфатиш погрешно, моментално изборот за работа и не е којзнае колку голем и во глобала се сведува или таму или дома. Реалноста е таа. Ние сега можеме да си правиме бајрам со умот до утре сабајле како условите се лоши, платите мали , стресови и незнам што , дека ние сме технолошки развиени како Германците а не третираат како земја од третиот свет, како требало да ни плаќаат барем 1000 евра , како државата требало да ги услови ако сакаат тука да работат итн итн. Ете се врткаат муабети дека фабриката може да се затвори и да се префрли во Албанија( незнам колку се точни). Сигурно тогаш на сите ке ви олесни дека нема повеќе да работите под такви услови туку 2000 души ќе си одите дома и ке им тргате сеир на Албанците како се заебале.
 
не е битно јас каде работам,а кој имаш ти слушнато да е ЗАДОВОЛЕН од таму,а посебно да се свесни по последиците за нивното здравје итн итн

ако имаш малку тронка свест ќе критикуваш и ќе бараш нешто подобро и ИЗВОДЛИВО,зошто не треба многу,треба само на криминалците да им се подсечат шепите,зошто го цицаат и упорно го цицаат овај народ безмилосно,не почитувам одобрување на ова што се работи
 
не е битно јас каде работам,а кој имаш ти слушнато да е ЗАДОВОЛЕН од таму,а посебно да се свесни по последиците за нивното здравје итн итн

ако имаш малку тронка свест ќе критикуваш и ќе бараш нешто подобро и ИЗВОДЛИВО,зошто не треба многу,треба само на криминалците да им се подсечат шепите,зошто го цицаат и упорно го цицаат овај народ безмилосно,не почитувам одобрување на ова што се работи
Кај виде дека јас одобрувам нешто или дека некој таму е задоволен( инаку има задоволни не се секирај ).
Само сум реален и свесен за состојбата. Свесни се и повеќето таму кои и покрај наводно лошите услови доброволно и без присила одат таму да работат. Свесни се дека невработеноста е голема, дека избор на работа е мал и дека на другите места условите се уште полоши. Како што реков можеме до утре сабајле да си правиме бајрам со умот за нашите нереални и крајно оптимистички очекувања од зоните. Никој не е будала да оди да работи за 200 евра плата ако има избор да заработува макар и 205 евра на друго место под исти услови. Само изборот моментално не е од 200 на 205 туку од 200 на 160. Тоа јас цело време сакам да кажам, а не дека се е бајно и прекрасно. Како божем имаме избор за работа од 1000 евра на секој чекор па овие нечинеле.
 
е арно што почна да пишуваш умерено и пореално,зошто само ги величеше добрите работи,кои секако се помалку од негативните,честитам
 
Овие платениците што се бламираат барем да научат нов ред да ставаат.
И изгледа пред спиење бројат колку нови работни места се отвориле со странските инвестиции. :X3:
 
Кој е платеник барабо една? Битанго! Ти си битанга!
Само цитирам еден лик.
А иначе да бе, се радувам секогаш кога ќе се отвори фабрика странска македонска и кога се вработуваат луѓе. Знам дека утре и друг да дојде на власт тие фабрики ќе останат. Се раздвижија малку некои зачмаени места.
 
Macedonia_treemap.png


Makedonskata ekonomija - 26% Unclassified transactions from stranski sluzbi!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom