HellRaiser
Реметам кајганџии
- Член од
- 1 јануари 2014
- Мислења
- 815
- Поени од реакции
- 855
Интересна работа кога сум во машко друштво само машки значи сум тоа второто интровертен, значи молчалив незаинтересиран,а а се појави женско едно или повеќе во друштво,се претворам во првиот тогаш сум екстровертен наеднаш почнувам да мелам ко парна локомотива,станувам енергичен весел и насмеан што е најбитно.

Го сакам веселиот начин на живот, излегувањата, журките, дружењето. Скоро со секој можам да направам рапорт. Познавам огромен број на луѓе, лесно се прилагодувам, не се плашам од ризици, се снаоѓам скоро во секаква ситуација, се дружам со многу и многу од тие луѓе направиле многу работи за мене, јас ама не верувам речиси на никого и имам одбрани луѓе за вистински пријатели. Мојата сестра и најдобрата другарка. Можеби повеќето луѓе ме сметаат за блиска пријателка поради начинот можеби на кој ги разбирам, не знам зошто ама имам чувство многу луѓе за брзо време се приврзуваат за мене...