Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Сигурна сум дека до сега барем еднаш сте чуле за оваа поделба меѓу луѓето - интроверти и екстроверти. Термини популаризирани од познатиот Карл Јунг, а во модерното доба заземаат се поголем простор и анализи од страна на психолозите. ОВДЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ЕДЕН ТЕСТ и да откриете што сте по природа, доколку не сте го знаеле тоа претходно.
Да почнеме со наједноставните дефиниции за тоа што е екстроверт, а што е интроверт.
Екстроверти - личности полни со енергија, сакаат да се социјализираат, обожаваат социјални собири, запознавање нови луѓе, лесно им оди запознавањето со нови луѓе, имаат големи групи пријатели и досадно им е кога се оставени сами на себе и постојано бараат начини да се меѓу луѓе. Природно им доаѓа да контактираат со луѓе и немаат никакви тешкотии во комуникацијата со другите луѓе. Екстровертите ја добиваат својата енергија кога се меѓу луѓе, а им опаѓа енергијата кога се сами и затоа избегнуваат да бидат сами долго време. Сакаат да бидат лидери на групата во која се наоѓаат.
Како дел од особините кои ги красат екстровертите се:
- Енергичност
- Сигурност
- Топли луѓе
- Весели, насмеани
- Зборлести
- Сакаат да бидат меѓу луѓе
- Сакаат да бидат центар на внимание
Интроверти - за разлика од екстровертите, интровертите често се сметаат за срамежливи луѓе (иако интровертност и срамежливост како поими се различни), повлечени, не сакаат да бидат центар на внимание, дури и бегаат од социјални активности каде има многу луѓе. Најчесто имаат многу мал број пријатели и се резервирани и си ја држат приватноста за себе, затоа што не сакаат многу да зборуваат. Не се наметливи, ретко прозборуваат први, иако се доста пријатни личности. Обожаваат да бидат сами. За разлика од екстровертите, интровертите ја добиваат енергијата кога се сами, додека присуството на многу луѓе им ја исцрпува енергијата.
Како дел од особините кои ги красат интровертите се наведуваат:
- Свесни за себе и на моменти премногу самокритични
- Насочени кон постојано размислување и анализирање
- Се посветуваат на детали и сакаат да ги разберат деталите
- Заинтересирани за себеспознавање и себеразбирање
- Не искажуваат емоции и најчесто си ги држат за себе
- Молчеливи и резервирани во големи групи или околу луѓе кои не ги познаваат
- Учат и спознаваат преку набљудување
- Се опуштаат околу мала група на луѓе
Има уште многу да се каже, но не би сакала одеднаш и самата јас веднаш да ја исцрпам темата, намерно оставам простор и некој друг нешто да напише за да се развие дискусија.
Се што знаете или ве интересира може да напишете во оваа тема. Ако имате нешто да дополните, слободно.
За тие што не сте многу запознаети, се надевам дека ќе го направите тестот што го оставив погоре.
Сега неколку прашања...
Што сте вие?
Екстроверт или интроверт?
Дали сте задоволни со тоа или би сакале да ги имате карактеристиките на другата група повеќе?
Да се разбереме, никој не е 100% едно или друго, сите имаме по некоја карактеристика од едните или другите, има некои кои се 50%-50%, но муабетот ми е која група повеќе ве привлекува и со која мислите може повеќе да се има успех во животот?
Дали на интровертите може повлеченоста да им биде пречка во животот или дали на екстровертите преголемата желба за социјализација може да им одземе значителен дел од енергијата и времето?
Слободна е темава (не претерувајте
), се во врска со оваа тема може да се дискутира. Секој аспект и споредба на овие две групи е дозволен. Се што ве интересира.