Интроверти vs. Екстроверти

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
66/100

According to your results you appear to be the type of person who enjoys socializing often, especially with large groups of people. You likely have an extensive social network, and rarely pass up the opportunity to expand it even further. Having an active social life appears fairly important to you, so chances are that when the opportunity to go out with "the gang" arises, you'll seldom turn it down. Individuals who score similarly to you enjoy interacting with a variety of people, regardless if they're friends or strangers. They are extremely people-oriented, are often described as the "life of the party" and tend to be exceptionally outgoing.

Иако на моменти ме фаќаат депресии:LOL: и се повлекувам недела дена во себе и сум ептен затворен, само со да и не одговарам или воопшто не зборувам ако нема потреба.:icon_mrgr:

Иначе имам забележано дека околу некои луѓе кои ми се блиски се затварам и несум свој околу нив, кога се тука чуствувам немир, како да ме притиска нешто и не се однесувам онака каков што сум, туку сум претерано затворен пред нив. :нинџ:
 
Ја лично не се слагам со ваква ригидна поделба.

Првенствено бидејќи луѓето не се стриктно интровертни или екстровертни, туку флуктуираат на одреден дијапазон.
Не постои апсолутна интровертност или екстровертност,
па ми се допаѓа што тестов дава бодување од 1 до 100 кое
може да послужи како спектрумот за кој зборувам.

Понатаму, ваквите флуктуации зависат од околински фактори.
Во дадени ситуации истиот човек може да се однесува интровертно додека
во некои други да се однесува екстровертно, веројатно во зависност
од тоа колку ситуацијата е изградена апропо неговата комфорт зона.
 
А бе фала Богу, сите стрикни поделби се до некаде погрешни, затоа што луѓето се многу повеќе од дефиниција. Во одредени периоди од животот може да влечеш повеќе кон интровертност, додека во други пак, влечеш кон екстровертност. Ова е чисто некоја насока, врз основа на генералните ставови и карактеристики што ги има човекот, па да се донесе некоја општа рамка, а нормално внатре во рамката имаш милион варијации. :)

На пример, јас би се категоризирала како екстровертен интроверт. :icon_mrgr:
Долго присуство во големи групи на луѓе и социјални настани ме изморува и лесно може да ми ја исцрпи енергијата, обожавам да бидам сама, го сакам она alone time, кое е резервирано за мене и мојата меланхолија.:love::icon_lol: Доста сум резервирана и не покажувам чувства многу лесно, но од друга страна, сакам да се дружам, да излегувам, да запознавам луѓе. Стегната сум малку како личност и имало многу ситуации каде прва не сум започнувала муабет, но откако ќе помине таа бариера се опуштам.
Но, морам да напоменам дека и моментот “лесно се спријателува“, што е една од генералните карактеристики на екстровертите има маана, бидејќи тоа многу зависи и од луѓето со кои е човек соочен во моментот. Со некои луѓе ќе се погодиш на иста или слична бранова должина и ќе можеш лесно да се спријателиш, со некои луѓе ќе имаш бариера, па не знам и 100% екстроверт да си, нема да можеш лесно да се спријателиш, а во некои ситуации пак воопшто нема да можеш да се спријателиш.

Понекогаш, се случува да седам со група на луѓе и лесно да се опуштам, веднаш да почнам да зборам, дури и да бидам најгласна и најзборлеста, додека пак со друга група на луѓе да бидам прав интроверт, уста да не отворам цела вечер. Нашиот однос, пред се, зависи и од енергијата и однесувањето на групата луѓе/човекот со кој разговараме или сме во контакт во моментот.

Твоето мислење си држи вода и до некаде се согласувам, но сепак ова е само тема каде дискутираме за овие два поими кои се широко распространети. Секако никој не очекува дека е 100% едно или друго, чисто е ова да си продискутираме и за самите карактеристики, кои се попродуктивни да ги има човек и се она што дискусиите сами по себе си носат. :)
 
Генерализациите дефинитивно се од помош доколку сакаме да категоризираме луѓе.
Мислам, категоризација и каталогизација на луѓе е сосема океј. (Колку морбидно звучеше ова. :icon_lol:)
Им помага на луѓето, го стимулира чувството на припаѓање а реално сите луѓе сакаат да припаѓаат
и да се идентификуваат со некоја симболистика. Дури и напатените металцу.

Бек он топик, поише би рекол дека екстроверт полесно шири познанства отколку пријателства.
Екстровертите имаат леснотија при комуникација со луѓе, а како што рече и ти, пријателството
од старт условува иста или слична бранова должина.

Е сеа, човекот ко што си е грегариусно битие и сиот свој свет го гради на база на оваа своја карактеристика
наравно дека социјализација игра клучна улога во успехот на луѓето.
Според ова, би рекол дека во поголем дел од времето екстровертноста
многу повеќе се исплати од интровертноста.
 
Шо психолошки тест ќе беше ова,уше да наплатам 4 долари,па дури ако сакам пдф формат да доплатам 1 долар, ебате тестот. Напраив, иам 37,шо би требало интровертен,у друштво со Стиви Џобс и Исак Њутн ... :)
 
Понекогаш имам потреба да избегам од секојдневнието, да запознавам нови луѓе, шетам, споделувам искуства, учам нови работи, за потоа да се повлечам на одреден период и ја ,,исчистам,, цела таа туѓа енергија што се насобрала во мене, регенерирајки се со сопствената.

Имам мал круг на луѓе што ми се сосема доволни, сите нови пријателства се сведуваат на ,,здравје само ќе се видиме,, а во суштина не ми се потребни и не ми значат ништо.
Излегувам се забавувам, почитувам со познаници.. но потоа пак се враќам во сопственото катче каде малкумина ја имаат таа чест да живеат со мене и во мене.
 
57/100
Инаку мислам дека сум интроверт <3
 
Јас не се разбирам во психологија, но овака како на лаик, според поделбата (барем така како што е претставена од ОП) луѓето сите се пријатни и добри личности. Разликата е во тоа дали се, или не се, срамежливи.

Мене тоа ме потсеќа на хороскоп и такви некои поедноставувања и идеализирања на реалноста. ;)
 
Донекаде си во право ама не е тоа целата приказна. Еве пример според дефинициите на ОП интровертот може да НЕ биде страмежлив ама едноставно не сака големи групи на луѓе бидејќи не се чуствува комотно и/или таквата околина брзо му/и ја исцрпува енергијата.

Срамежливоста е поврзана со интровертите бидејќи они почесто сакаат да се изолираат на некое време и се случува некогаш да се заборават и да останат во изолација со што после целиот тој процес може да имаат проблем со повторна социјализација т.е од неискуство се раѓа страв, а срамежливоста е прикриен страв или со други зборови дали ќе ме прифатат каков што сум?

А каков сум ... чуден поинаков.

На екстровертите можеби им е полесно бидејќи они полесно може да осознаат дека сите сме чудни и поинакви па тука и стравот и срамот го снемува.

;)
 
Јас не се разбирам во психологија, но овака како на лаик, според поделбата (барем така како што е претставена од ОП) луѓето сите се пријатни и добри личности. Разликата е во тоа дали се, или не се, срамежливи.

Мене тоа ме потсеќа на хороскоп и такви некои поедноставувања и идеализирања на реалноста. ;)
Па не знам, ако Карл Јунг го споредуваш со хороскоп, ок, што да ти кжам.;)

Дефинициите напишани, се само општи дефиниции, напишав од она што го знам, не ми беше намерата детална анализа да правам, затоа што е сепак тема за дискусија.

Во психологијата има различни типологии и поделби на луѓето, оваа поделба е насочена кон тоа како луѓето комунициираат и воспоставуваат врски со другите луѓе. Не е за цел на оваа поделба да ги анализира луѓето дали се добри или пријатни. И не, не е разликата во тоа дали се срамежливи, убаво напишав горе дека интровертите делуваат како срамежливи, но разликата е голема. Ти можеш да бидеш екстроверт и да бидеш срамежлив, па кога ќе ти помине срамежливоста, да бидеш слободен во комуницирање со луѓето, што не е случај кај интовертите, интровертот може да не е срамежлив, само има тешкотии со комуницирање и повеќе преферира да е сам, тоа не е срамежливост.

Оваа типологија има за цел да објасни дека има луѓе кои различно воспоставуваат врски со другите луѓе, а не дека сите луѓе се добри, за тоа си постојат други типологии и полиња на истражување. Така, на пример, голем процент директори, лидери и политичари се екстроверти или тежнеат од екстровертност (не постои 100 посто човек што е едно или друго), бидејќи се похаризматични и лесно им оди комуникацијата со луѓето, за разлика од интровертите кои често се уметници или артисти, затоа што така имаат можност да работат сами.

Екстровертите на пример немаат проблем со работа во тимови, напротив, најлесно се снаоѓаат таму, додека интровертите сакаат да работат сами.

Не беше поентата јас во првиот пост да напишам том и книга, туку да напишам вовед, а потоа и другите да се надоврзат со информации, а и самиот велиш дека си лаик (не дека јас сум професионалец и експерт). Штом си лаик, не мора одма да судиш и да го споредуваш ова со дневен хороскоп, можеше да изгуглаш малку или веќе да ги одбереш зборовите.
 
Мислам дека, од било кој аспект гледано, подобро е да си екстровертен.
Штета што тоа не е нешто што човек сам може да си го избере. Секако дека е можно се копира однесувањето на екстровертите, ама некој што е природно интровертен никогаш нема да ужива или да црпи енергија од таквото однесување, напротив, ќе мора да најде начин да ја поврати енергијата што ја потрошил додека глумел екстроверност.
 
Последно уредено:
Уохааа... полека де. :)
Мене едноставно не ми се допаѓаат етикети и фиксни категории. Во овој свет скоро се има реална тенденција да биде многу по... ликвидно, отколку што ние (заради нашата сопствена удобност) сакаме тоа да си го претставиме.

Оттаму и споредбата со хороскопот (а таму барем има 12 категории). ;)

едит: и не немав намера да ви ја дигресирам дискусијата, извинете ме и продужете си. (y)
 
Па не знам, ако Карл Јунг го споредуваш со хороскоп, ок, што да ти кжам.;)
Ако е татко на науката, не значи и оти е мадафака научник у споредба со денешниве научници.
Дека имал интересни идеи, јесте, ама дека имал и еден куп глупости и тоа како.

И Јоханес Кеплер е еден од татковците на астрономијата, ама имал еден куп глупи размислувања.

Мање битно ај. :D
 
Interesna rabota e sto najcesto ljugeto im veruvaat na ekstrovertnite,a vo realnost najgolemite prevaranti se ekstroverntni.
Апсолутно.
Луѓето им веруваат на екстровертните (барем они кои се изразито такви), бидејќи тие имаат и можност многу лесно да ги проценат луѓето и да бидат слаткоречиви, да ја кажат вистинската работа во вистинско време и овие карактеристики многу лесно им помагаат воедно и да манипулираат со луѓето.

Ако е татко на науката, не значи и оти е мадафака научник у споредба со денешниве научници.
Дека имал интересни идеи, јесте, ама дека имал и еден куп глупости и тоа како.

И Јоханес Кеплер е еден од татковците на астрономијата, ама имал еден куп глупи размислувања.

Мање битно ај. :D
Јас не реков дека е Бог, ама во секој случај, изреагирав така, затоа што едноставно го сведе целиот муабет на преголемо поедноставување, што не е случај овде.
Не реков дека Карл Јунг е совршенство. Затоа е и темава отворена, да се направи муабет за оваа типологија, каква е, дали е ок, дали не е, зошто и слично.
Да не одиме сега оф-топик.
 
Back
На врв Bottom