Into the Universe with Stephen Hawking

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Еден од моите омилени Sci-fi документарци е Into the Universe with Stephen Hawking. Му доаѓа како водич низ универзумот во главата на Стивен Хокинг. Имам изгледано други но после Cosmos на Карл Саган, овој мини серијал од три епизоди ми е омилен. На пример, мислам дека е подобар од Through the Wormhole серијалот, едноставно нарацијата е толку добра што можам да го пуштам и како саундтрак и да се релаксирам додека работам нешто друго. Визуелно исто така одличен.

Има три епизоди:

Aliens

Time Travel

The Story of Everything

Бонус, една епизода од серијалот Curiosity (кој се бави со се и сешто и заслужува посебна тема)

Did God Created the Universe?

Ја ставам и оваа епизода тука затоа што е идентична со останатите, како дел од целината иако веројатно е снимена одвоено.

Не би требало да спомнам дека за потполно уживање потребен е добар торент, а овде доволно е да ѕирнете како се тоа изгледа.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ова истото е со Curiosity на Discovery? Ако да, сум ги гледал сите и емисииве се прво mindfuck, после со факти те скцаат и мораш да веруваш. Доста интересни работи, посебно последната што си ја ставил, Did God Created the Universe? Со Morgan Freeman е :D

Must see се сите.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ми беше досадно вечерва, незнаев што да правам... Во прав момент ја отвори темата, ќе имам занимација сега. Пица, сокче и документарка, мераци!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
Ми беше досадно вечерва, незнаев што да правам... Во прав момент ја отвори темата, ќе имам занимација сега. Пица, сокче и документарка, мераци!

Да не ќе викнаш едно пиво да пииме... чудно шо баш ти ги немаш гледано.. хев фан.

Ио, без мерење у песок, малце дај хард сум на through the wormhole, али да, рака на срце, се согласувам. :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Да не ќе викнаш едно пиво да пииме... чудно шо баш ти ги немаш гледано.. хев фан.

Ио, без мерење у песок, малце дај хард сум на through the wormhole, али да, рака на срце, се согласувам. :)

Не пијам пиво, спортист! :pos:

Може некоја вечер да седнеме на пиво и филмче ако сакаш, ќе се договораме накнадно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Стави го на Религија последниов, да видиш колку научници има таму :)
Во „научни чуда во куранот" ќе го ставам :pos:

Туку да wot, не викам ништо лошо за Wormhole едноставно ова ми е подобро, пофокусирано некако.

За Curiosity не знам дали само последното видео влегува во тоа или сите 4, ама небитно е не се замарам. Инаку најмногу ми се допаѓа Time travel епизодата ако нешто морам да изберам, а не морам :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Мислам дека у последното за паралелните универзуми, многу убаво е објаснета гравитацијата како појава. Со чист и едноставен пример.
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Има на justin.tv еден куп канали што даваат вакви документарци.
Најубав начин да пуштиш мозок на пасење. :love:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
8.027
Не ни знаев за човеков се додека еднаш татко ми купи книга од овој на српски ,и до ден денес не сум ја ни читал книгата пошо и многу малку ме интересра за ова ,но пошо е документарец ќе пробам да го гледам некогаш

Еве најдов линк за онлај гледање во HD со српски титл
dokumentarnifilmovi.net/extra/into-the-universe-with-stephen-hawking-2010-sezona1-online/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom