Интервју со вонземјанинот

  • Креатор на темата Креатор на темата Braveheart
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
На интернет се појави една кратка книшка каде авторот (Lawrence R. Spencer) наводно тврди дека добил транскрипција од поранешна соработничка на Американското воено воздухопловство (Matilda O'Donell MacElroy) поврзана со инцидентот во Розвелт. Книгата тврди дека е базирана на серија од тепелатски интервјуа изведени врз вонземско битие, кое што ни ја опишува реалноста во тотално поинакво светло.

За оние кои не се запознаени: www.alieninterview.org

Доколку започне интресна дискусија, можно е да споделам некои мои видувања и еден факт кој што ме потресе.
 
In order да започне таа интересна дискусија, треба да споделиш твои видувања што може и нас ќе не потресат.
Магичен круг, нели?

Лошо продаваш, никој не би читал уште една теорија на некој си со фолија на глава.
Елаборирај. Сепак е вовед.
 
Доколку започне интресна дискусија, можно е да споделам некои мои видувања и еден факт кој што ме потресе.
кој факт?
малце... многу несредена странава Не можев ништо да најдам, колку што можев да приметам треба да се купи книгата. Многу веројатно е дека некој сака да прави пари врз [лажен] сензационализам со вонземјани, ама ако веќе си налетал на некакви факти или работи што звучат уверливо или интересно, издвои, сподели.
 
Добро, обично тешко се одлучувам на споделување, бидејќи, нормално, ако некој даде радикална теза, секогаш е исмејуван на почеток.

Во секој случај. Уште од дете па досега, се обидувам да имам комплетно отворен ум, не само разумски да ги дофатувам работите, туку и со помош на интуиција и чувства. Токму последниве две ми имаат дадено феноменални доживувања и информација во оваа реалност. Во последниве неколку години сфаќам колку само човечкиот јазик ја лимитира перцепцијата на реалноста. Некои велат дека она што неможе да се опише со зборови, не постои. Грешат! Има многу слоеви на реалитети над тоа и тие обично се дофаќаат со други гносеолошки средства. Дојдов до момент каде што се обидувам да мислам до такво ниво на апстрактност да она што го гледам се само пропорции и релации, кои доколку се преведат на ниво на зборови ги опишуваат различните научни струи и религии.

Во релација со книгата, можам да кажам дека оние аксиоми кои ги имам изведено од тие мисли кои се производ на пропорции и релации, кои се пак производ на долгогодишни животни искуства, комплетно ми се поклопуваат со повеќето тези кои ги кажува вонземјанинот во книгата. Кога веќе тргнува од нив да изведува конкретни тврдења во однос на наука и религија, се губи смисла бидејќи ги претвора на ниво на зборови и значењето им е извртено до таа мера што дури и делуваат лажни.

Факти кои ми се потврдиле низ животот и кои се спомнуваа во книгичево:

1. Ние сме богови кои го имаме заборавено нашето оригинално знаење.
2. Ние сме вечни, телата ни се привремени. Треба да се идентификуваме со нашиот дух, а не телото
3. Постојат битија низ универзумот кои се до таа мера развиени да немаат потреба да мислат на ниво на зборови, а со тоа и со леснотија комуницираат телепатски.
4. Оние што го контролираат светот се контролирани од ентитети кои немаат, и немаат потреба да имаат телесна манифестација.
5. Низ одредени периоди низ историјата, одредени личности стигнуваат многу блиску до оригиналното знаење и со тоа се обоготворуваат: Исус, Буда, Мухамед итн.
6. Димензијата време и простор постојат симулатано. Единствена реалност е сегашноста, моментот. Останатите две се производ на несвесна ментална манифестација на човекот.

Имам уште многу паралели помеѓу мои ставови и ставови изведени во книгата. Да запрам тука, затоа што помина полноќ и ми се спие. :)

Книгата може да ја симнете од тука: https://www.box.com/s/cbp8umx5fcotk4gqlyr4
 
Воглавно ако те сфатив, сакаш да кажеш дека отвори тема за да се искажеш дека неможе со зборови да се искаже тоа што го знаеш, бидејќи со зборови се губи смислата.

За 4та точка... кој го контролира светов и на крај кој ги контролира нив - ако можеш ова со зборови нормално.
 
Ајде ќе го споделам и фактот. Пред неколку години една особа која имаше екстра способности често знаеше несвесно да прави одредени активности во сон-состојба. Една ноќ се разбуди и ми нацрта симбол на ѕидот. Не се сеќаваше дека го нацртала. Симболот го памтам до ден денес со сите негови детали. Знаев дека не е само производ на индивидуална потсвест. Истиот тој симбол, идентичен до детал, го има графички преставено вонземјанинот и се идентификува со него.

Според тоа можам да заклучам дека личноста што ми го нацрта симболот беше вонземјанинот кој привремено влезе во телото на особата за да ми го нацрта симболот, или пак живее во телото на личноста откога е родена.
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 00:31 ---
Воглавно ако те сфатив, сакаш да кажеш дека отвори тема за да се искажеш дека неможе со зборови да се искаже тоа што го знаеш, бидејќи со зборови се губи смислата.

Ете тој факт заборавив да го напоменам. Не дека неможе да се искаже, но при самото спуштање на ниво на зборови, во голема мера се губи силината на значењето. Нормално, сето тоа зависи од човечкиот јазик и на кој начин ја опишува реалноста.
 
Искрено многу длабоко произнесување само мислам дека ова би идело и навлегло и во филозофија а не само како мистерија.
 
За среќа тука на пишан начин ќе се искажеш, без да има ограничувања, а штом си го добил симболот веројатно си преодреден за да ни кажеш убаво се што треба.
 
Ајде ќе го споделам и фактот. Пред неколку години една особа која имаше екстра способности често знаеше несвесно да прави одредени активности во сон-состојба. Една ноќ се разбуди и ми нацрта симбол на ѕидот. Не се сеќаваше дека го нацртала. Симболот го памтам до ден денес со сите негови детали. Знаев дека не е само производ на индивидуална потсвест. Истиот тој симбол, идентичен до детал, го има графички преставено вонземјанинот и се идентификува со него.

Според тоа можам да заклучам дека личноста што ми го нацрта симболот беше вонземјанинот кој привремено влезе во телото на особата за да ми го нацрта симболот, или пак живее во телото на личноста откога е родена.
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 00:31 ---

Ете тој факт заборавив да го напоменам. Не дека неможе да се искаже, но при самото спуштање на ниво на зборови, во голема мера се губи силината на значењето. Нормално, сето тоа зависи од човечкиот јазик и на кој начин ја опишува реалноста.
може ли слика од симболот да постираш, можеби се работи за некој универзален симбол со кој и повеќето би можеле да се идентификуваат...
 
Ете тој факт заборавив да го напоменам. Не дека неможе да се искаже, но при самото спуштање на ниво на зборови, во голема мера се губи силината на значењето. Нормално, сето тоа зависи од човечкиот јазик и на кој начин ја опишува реалноста.
Те молам дообјасни се ако сакаш и можеш.
Дали целиот муабет се сведува на тоа дека човекот е само помошна алатка за комуникација на одредена форма која се наоѓа во него? Ако е така и ако таа форма тежнее кон божественото и воздигнувањето зашто тоа не се случува почесто низ целиот свет?
Ако веќе претходно спомнатите Исус, Буда и Мухамед се само три примери постојат ли други? Дали човекот како помошна алатка е проста машина и како таква не секогаш може да се воздигне како претходно спомнатите примери?
 
Поправете ме ако грешам но зошто мислам дека скиентологијата беше нешто слично на ова?
 
Добро, обично тешко се одлучувам на споделување, бидејќи, нормално, ако некој даде радикална теза, секогаш е исмејуван на почеток.

Во секој случај. Уште од дете па досега, се обидувам да имам комплетно отворен ум, не само разумски да ги дофатувам работите, туку и со помош на интуиција и чувства. Токму последниве две ми имаат дадено феноменални доживувања и информација во оваа реалност. Во последниве неколку години сфаќам колку само човечкиот јазик ја лимитира перцепцијата на реалноста. Некои велат дека она што неможе да се опише со зборови, не постои. Грешат! Има многу слоеви на реалитети над тоа и тие обично се дофаќаат со други гносеолошки средства. Дојдов до момент каде што се обидувам да мислам до такво ниво на апстрактност да она што го гледам се само пропорции и релации, кои доколку се преведат на ниво на зборови ги опишуваат различните научни струи и религии.

Во релација со книгата, можам да кажам дека оние аксиоми кои ги имам изведено од тие мисли кои се производ на пропорции и релации, кои се пак производ на долгогодишни животни искуства, комплетно ми се поклопуваат со повеќето тези кои ги кажува вонземјанинот во книгата. Кога веќе тргнува од нив да изведува конкретни тврдења во однос на наука и религија, се губи смисла бидејќи ги претвора на ниво на зборови и значењето им е извртено до таа мера што дури и делуваат лажни.

Факти кои ми се потврдиле низ животот и кои се спомнуваа во книгичево:

1. Ние сме богови кои го имаме заборавено нашето оригинално знаење.
2. Ние сме вечни, телата ни се привремени. Треба да се идентификуваме со нашиот дух, а не телото
3. Постојат битија низ универзумот кои се до таа мера развиени да немаат потреба да мислат на ниво на зборови, а со тоа и со леснотија комуницираат телепатски.
4. Оние што го контролираат светот се контролирани од ентитети кои немаат, и немаат потреба да имаат телесна манифестација.
5. Низ одредени периоди низ историјата, одредени личности стигнуваат многу блиску до оригиналното знаење и со тоа се обоготворуваат: Исус, Буда, Мухамед итн.
6. Димензијата време и простор постојат симулатано. Единствена реалност е сегашноста, моментот. Останатите две се производ на несвесна ментална манифестација на човекот.

Имам уште многу паралели помеѓу мои ставови и ставови изведени во книгата. Да запрам тука, затоа што помина полноќ и ми се спие. :)

Книгата може да ја симнете од тука: https://www.box.com/s/cbp8umx5fcotk4gqlyr4

izvini drugarce ali tvoeto ispadna nebare

Back
На врв Bottom