Интернет vs Реалност :)

  • Креатор на темата Креатор на темата onlya
  • Време на започнување Време на започнување
O

onlya

Гостин
Барав но не најдов слична тема па ако има прајте што ќе праите. :)
Туку темава е за тоа какви сте т.е како се претставувате на интернет (социјалните мрежи), а како во реалноста. Дали сте исти или сосема различни? Дали полесно комуницирате со луѓето преку интернет или во живо? Дали во живо се дружите (комуницирате) со луѓе што на интернет воопшто не се поднесувате? Каде повеќе лажете: Во реалноста или на интернет? :) И така натака. :)
 
На интернет сум послободен за разлика од реалноста :D или во повеќето случаеви зависи со кого правам муабет каква е личноста дали е повеќе зборлива или пак. кјутлива. :D
--- надополнето: 15 мај 2012 во 23:06 ---
Барав но не најдов слична тема па ако има прајте што ќе праите. :)
Туку темава е за тоа какви сте т.е како се претставувате на интернет (социјалните мрежи), а како во реалноста. Дали сте исти или сосема различни? Дали полесно комуницирате со луѓето преку интернет или во живо? Дали во живо се дружите (комуницирате) со луѓе што на интернет воопшто не се поднесувате? Каде повеќе лажете: Во реалноста или на интернет? :) И така натака. :)
А и како што е редот одговори ни ти :D? исто не е исто :D?
 
Одлична тема, инаку некој од најдобрите другари другарки .и луге што сега ги имам околу мене ги имам запознато преку интернет, така да интернетот е место каде што можеш да најдеш луге што имаат слични вредности, цели и активности како твоите. Ако интернетот го користеш како што треба има многу придобивки инаку трендот на луге што се запознале преку интернет во светот расте со огромна брзина :D
 
Јас сум потполно истиот и на нет и во реалност.
Но има доста личности кој глумат лудило по социалните мрежи,а во живо сосем различен човек (n)
 
Одлична тема, инаку некој од најдобрите другари другарки .и луге што сега ги имам околу мене ги имам запознато преку интернет, така да интернетот е место каде што можеш да најдеш луге што имаат слични вредности, цели и активности како твоите. Ако интернетот го користеш како што треба има многу придобивки инаку трендот на луге што се запознале преку интернет во светот расте со огромна брзина :D
јас запознав девојка преку нет со која одев скоро премногу долго време 4 год :)
 
Полесно ми е да се искажам на интернет :]
 
А,така.
Се претсавувам на интернет,истиот што сум и во живо,нема што да одзимам да додавам.Комуницирам не скоро исто.Во живо со секого не сум скроз опуштен од старт,другото све си е океј :)
Лажам во умерени граници(најчесто тие лаги се сведуваат на заебанции),за важни работи не.
И таке.... :)
 
Тоа само од форумов да земеш да анализираш нема крај да најдеш не па социјални мрежи.
Тука се речити, паметни, полни со самодоверба, бед бојс, пички, први на журки итн...у живо бубачка не газат нити ќе приметиш дека се во просторија.
Баш таквите обично први пишуваат дека не се такви...фраерлук и кромидлук.
 
Послободен сум на интернет, оти нели како што викат - Интернетот е единствената слобода што ни остана... :D
 
Повеќето што ги знаам во живо биле тиквари а на интернет фраеришта.
Обично сум искрен по природа, па валјда нема некоја разлика од моето сајбер-јас, до моето реално-јас.
 
оф леле
па неверувам дека некој ке каже дека е различен на нет од она што е у живо :D ма да доста има што се различни нели! појди само од сликите што ги ставаат на нет. и тука би го издвоил ова ....
не е лошо цицките од сликите на фејс што ги имате некогаш да ги понесете и во град кога идете :LOL:

и ае да си кажам сеа јас какво гугутче сум си :D

какви сте т.е како се претставувате на интернет (социјалните мрежи), а како во реалноста?Дали сте исти или сосема различни?
-можеби несум во целост ист али па и далеку сум од сосема различен, од причина што не глумам, што неишувам однапред смислени постови, муабети, на нет несумс е праел тепачиште, не важам за чаламџија исто така и у живо, јас сум си по љубовта и други ствари помалце ме интересираат :D

Дали полесно комуницирате со луѓето преку интернет или во живо?
-комуникативен сум, имам некоја таква интересна аура што у врска со прашањево ич неам проблеми ни на нет ни у живо

Дали во живо се дружите (комуницирате) со луѓе што на интернет воопшто не се поднесувате?
-значи несум дволичен, или си ми ок бре или не си ми, можам со такви само да вратам на поздрав нивни или да дадам помош али тоа не е комуницирање нели?

Каде повеќе лажете: Во реалноста или на интернет?
-не дека лажам за којзнае што али ете се дешава кога треба некад да се извадам од некоја ситуација али би ги нарекол тие бели лаги ... зашто не се од типот имам 5 стана ваква, онаква кола итн итн
 
Ами како да кажам,гледаќи по фејсбук сите скоро сите па еве и јас да не биди да се правам паметен,гледаш само некој мудри мисли ти изнапишале да се чудиш,а пак го сретниш тој истиот на улица абе не знај 2 збора да скрсти...мислам појќе си приуштуваат на интернет него во ливе...
 
А и како што е редот одговори ни ти :D? исто не е исто :D?
Ете и јас да ви одговорам (немав време прееска) :D Туку пред да почнам сакам да кажам дека се согласувам со сите што до сега пишавте, така е. :D Денес многу послободно и полесно е да направиш муабет со некоја личност на интернет него во живо можеби поради тоа што комуникацијата не е очи во очи мада не треба и тоа да се отфрла сепак едно е преку интернет а друго е во живо. Но како што кажа LION ако го користиме интернетот како што треба ќе имаме многу придобивки.

Јас имам многу луѓе запознаено преку интернет, дали било тоа преку форуми, мирц, фејсбук или други социјални мрежи не е битно едноставно сакав да запознавам нови луѓе, сега веќе ми е досадно сето тоа мислам да не ме сфатите погрешно не досадно, досадно туку може да се рече дека повеќе бирам. На пример ако немаме некаков заеднички муабет или било што зашто да би се запознавале, за седење во кафич пиење чај, кафе и ќутење можам и дома тоа да го правам. :) А за тоа каква сум па искрено ни јас не знам. Некогаш сум послободна на интернет него во живо, а некогаш па обратно. Обично сум затворен тип ни во живо ни на интернет не сакам многу да комуницирам но сепак се зависи на кој ќе налеташ ако тоа е некоја личност што знае да те расположи не е битно дали на интернет или во живо можам со денови да зборам со неа (се додека веќе не знам што да кажам), :D а ако налеташ на некој намќор или фалбаџија едноставно немам што да кажам или се ќе им смета или нема да ти дозволат да дојдеш до збор.
За лажење изгледа тоа сум го сфатила премногу сериозно мразам лажење, мразам и да ме лажат но бидејќи и јас сум човечко суштество и не сум совршена така да лажам :) но само кога немам друг избор или сум во тесно па морам некако да се извадам :)

Кога сето ова би се кажало во кратки црти иста сум како на интернет така и во живо само се зависи од луѓето со кои зборам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom